Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Владе Војводо, јас ич не се притресвам и јасно ми е колку е сато, ти да не се секираш само.

Локални избори се за локална самоуправа, филмој тепање дека тоа е поддршка за двојазичност и сл. можи на партиски состаноци да продаваат, таква кованица немало одамна, поддршката на локалните се должи на домаќинското работење на фалангата административна, на патриотите големи. Кој знае колку (не)дела имаат оставено позади себе шо се понашаат вака како почудени.
Така да тезата дека поддршката на локални избори се поистоветува со поддршка за двојазичност отпаѓа.

Сакаш тоа да мериш има институција шо се вика референдум, да видиме колку држи тезата, зато нема потреба од протестирање или слично, можи на фин, демократски начин да се реши тоа, е сеа треба некој да покрени иницијатива за такво нешто, не значи дека ако некој плука по некого ради корупција и куп други глупости, нема да им поддржи иницијатива шо е во интерес на националните интереси, зш се понашаат како почудени, да речам дека не ми е јасно.
Тука имаш и Уставен суд во поглед на двојазичноста, имаме кобајаги Ел Президенте шо хибернираше цело време, ама сеа во кома е. Има и демек Универзитети кај шо имало Даскали, ама си прат некој есап тие дека можи ќе ќарат нешо и од овие, остај ти национални интереси, ако мислеа тие така немаше да стигнат дотаму кај шо се во наши услови..
Ништо не е готово освен ако не сакаме ние да биди.

За вакви нестандардни отстапувања не важи стандардната прифатлива грешка.
Не врви поќе да тепаш некој и да викаш погласно помош од тепаниот.

Исто и не се продава тоа дека сега било време да се покажи „лидерство“ шо форсираат некои, не дека се сомневам во нив, ама не ми штима, пошто испаѓа дека е побитно да загиниш ти за твоите него тој за неговите. Посебно после договорот за добрососедство со Бугарија, сеа нешто покушаваат да продадат некава поддршка дека е стекната во замена за истиот ама тоа е чиста демагогија. Twiplomacy kaput vs agreement. Ептен на малце.

Лошо е шо нечија кожичка ставена на тапет ради арамилук се поистоветува со национални интереси.
Да беше: Абе Миле, Кинезите имаат пари сакаат да влезат кај нас, бараат влијание, дај речи во вредност од пет насто од цел договор во тој дел кај шо се гради автопатот да се реновираат училишта, пензионерски домови, опрема за болници или тек за таа вредност да рехабилитираат локални патишта друго ќе беше сеа.Пак нивни фирми че земеа работа и ќе имаше за сите, со усул. Ама не е.

Тоа со темата за двојазичност на форумот ти е ептен на место, нема грешка. Само националисти, шовинисти и сендвичи можи да ти противречат на такво нешто, и по некој гремлин. Друг никој, засега само во дух, потаму и по закон.

Ти Војводо иначе арен си?
Кај си сеа со четата, имате нет во штабо?

Неначитана е се гледа одма.
Малце офф, не дека не се слагам со постов твој ама јако е како братот виктора те лајка сега за Ќулавкова а предизборно ставаше фотошопирани твитови нејзини дека се бламирала за јазикот и и редеше се по список. Чисто да забележиме зошто и да сакаш некого да сфатиш сериозно, не можеш.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Каква врска имаат фантомите на Грујо со процентот на гласови што го имаат добиено албанските партии? Имаш статистики на интернет од први до последни избори, слободно види колку имаат добивано порано колку сега. Процентот им е горе доле ист, со исклучок на 2014 и 2016 каде што имаат пад.
И колку фантоми имаше Грујо, 100 милиони? Скоро истиот број на гласови ги добија во 2014 и 2016. Сега на локалниве се виде колку им е моќта кога не ги држат луѓето со нож под грло.
Иначе не ми кажуваш, зошто го прекинаа пописот? Грујо видел дека сме 40% Македонци, па го прекинал? :icon_lol:
П.С: Ова со смајлињава генетичко нешто ви е што се смеете толку? :unsure:

Албанија има изгубено пола милион жители во рок од 20 и нешто години, од 3,3 милиони во 90-тите на 2,8 милиони во 2017. Што мислиш колку се имаат отселено од кај нас?
Ее што си будала, само македонски фамилии бегале, демек само ние сме голтари у државава, а?

Пер, дај кажи за изборите декември 2016 кој имаше поголема излезеност, озбилно те прашувам зошто јас од темава дознав дека Албанците имаат искочено повеќе од нас да гласаат. Може сум грешка да го ебам, не сакам да пропагирам дезинформации.:D

Едит:

Не бе Џони, грешка си нешто. Јас, а и многу други на темава имаме пишувано за уништувањето на на цел југоисточен дел од нашата "држава". Ти некако цело време фураш филм како ние сме се отселувале, а албанциве се котеле ко зајци иако реалноста е дека нит они се котат нешто повеќе од нас ниту пак се отселуваат помалце од нас. Само тоа пробувам да ти го укажам.

Слободно барај мислења од мене на темава, ќе видиш дека имам давано примери како скоро цела фамилија од Источна Македонија ми се има отселено во Италија и како во Италија имаш цел клас од македонски деца, а во селото не може да се оформи едно ебано одделение. Буквално наставничката ја учат на наш јазик да збори во Италија.
Абе и наши се селат масовно, и тоа повеќе се одразува кај нас отколку кај нив.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.193
Поени од реакции
18.003
Еве бе

Груевски предвидува одмазда на народот
Ако некој работи за својата земја или ќе му смислат дека не ги почитувал законите или ќе му смислат сексуална афера, вели Груевски.

http://www.plusinfo.mk/vest/134060/gruevski-predviduva-odmazda-na-narodot

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најавува кревање на народот поради „претстојното редефинирање на земјата“, како и нови епизоди на меѓусебна конфликтност, реваншизми, одмазди и враќања, во интервју за порталот „Република“, објавено денеска.

- Планот им е преку заплашувања, притисоци, апсења и поткупи да го решат тоа. Се чини имаат одврзани раце од надворешните фактори да прават што сакаат, ако е со цел да попуштат за името. Народот го чувствува тоа. Ова е висока политика и геополитика, а не терање правда. Планот им е луѓе да гнијат по притвори и затвори, да не излезат од судници, да одговараат за конструирани работи, судиите да судат без докази како што ќе им се каже, медиумите да го оправдуваат сето тоа. Ќе се уништуваат и оцрнуваат личности, семејства, луѓе, партии и сè што е на патот на оваа марионетска власт. Само за да се оствари големата геостратешка цел, која, за да биде иронијата поголема, не е спорна за нас во ВМРО-ДПМНЕ, и напротив е најмалку исто, а и повеќе посакувана отколку во СДСМ, тука мислам на членството во НАТО, само што разликата е во тоа што ние сакаме пофер договор по однос на суштината на спорот со нашиот јужен сосед - вели Груевски.

Тој ги предупредува СДСМ и нивните поддржувачи од секаков профил, дека „орото се врти“ и сè е менливо и минливо.

- И меѓу нас некои мислеа дека цел живот ВМРО ќе биде на власт и се залажуваа не мислејќи на утрешнината, дека еден ден работите ќе се свртат во обратна насока против нив самите, но и оние кои ќе учествуваат и ќе ја помагаат нивната валкана игра. За жал, колку и да заплашуваат и замолчуваат, апсат или поткупуваат, конфликтноста во македонското општество ќе расте, колку и времено некој сето тоа да го поттисне и умртви преку втерување страв. Кругот на одмазди нема да запре, напротив. Во налетот при претстојното редефинирање на земјата да се уништи политичкиот противник или неистомисленик, и при сите непромислени чекори кои веќе ги имаме, се создава нова ситуација за нови епизоди на меѓусебна конфликтност, реваншизми, одмазди и враќања - вели Груевски.

Тој смета дека само народот е тој кој може да ги смени нештата.

- Стратегијата беше нас да нè прикажат како нечесни, да ни измислат афери и да нè прогонуваат за да се реализира зацртаната цел. Во основа ако погледнете низ светот, тоа е практика на многу места кога се има некоја геостратешка цел, и кога на патот некој ќе застане од една или друга причина. Ако некој е способен и работи за својата земја, или ќе му смислат дека со нешто не ги почитувал законите и со тоа сторил криминал, или ќе му смислат сексуална афера, или нешто слично. И треба да е среќен, што е жив. И ако немаат докази ќе се обидат да измислат, како на пример правење на незаконските снимки да се докази. Ако и тоа не е доволно ти вадат нови закони за заштитни сведоци и што ли уште не, само за на сила да те обвинат со измислени докази - вели Груевски во интервју за „Република“.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.352
Поени од реакции
5.010
Дали ВМРО-ДПМНЕ за време на своето владеење свесно ја уништуваше македонската економија одржувајќи го со тоа рејтингот

Имено

Зголемувањето на пензиите изминативе години било нереално и не одговарало со порастот на трошоците за живот.. Загубата се покривала од буџетот, но цехот сега некој ќе мора да го плати . Пензиите изминативе години се зголемуваа, односно пораснаа за 20%. Тоа не е оджливо на долг рок и затоа сега се бара начин како да се намалат буџетските пари за нормално фукционирање на фондот.
Забелешки и за проектот Македонија Вработува, каде газдите беа ослобени од плаќање придонеси, што дополнително ги намалија парите за придонесите во фондот.
Сега Владата мора внимателно да го насочува секој еден потрошен денар.
Растот на економијата мора да забрза , затоа што ако се продолжи со вакво темпо стандардот на земјите членки на Унијата ќе го достигнеме за 60 години.

Дали поради тоа ги имаме овие

Нерегистрираните земјоделци од 1 јануари ќе плаќаат персоналец. Со ова ќе бидат оданочени и сите производители кои остваруваат приходи до 300 000 денари а досега беа ослободени од плаќање на данокот.

Персоналец ќе плаќа и секој тезгаџија во износ кој ќе го утврди УЈП.

Зголемување на висината на акцизата на дизел горивото Владата го предлага како соодветна измена на даночната регулатива.

Кој е полош?
Тој што расипнички троши државни пари и ја уништува државата?
Тој што зема од народот за да воведе стабилен монетарен систем?
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.401
Поени од реакции
7.850
Извинато :)
Туку ти како да заборави за кој гласав за локалните и од која причина така гласав. Зошто би бил засекирано изненаден за исход кој го очекував и при здрава свест и совест колку што можев јас како поединец поможив и допринесов за тоа. Би бил изненаден ако настаните добиеја поинаков тек со оглед на колкави ресурси и време се потроши за ова. Дури ако можи да си дозволам да речам малце и ме разочарваш во оптимизмот кој досега потајно си го гаел.
П.с море колку цивилизирана дискусија си водиме. Ни навреди ни ништо. Пример за тоа како би требало да се одвива една дискусијата на еден цивилизиран форум.
Во Битола на локалните сите албански партии настапија заедно, ама не видов некој да каже нешто во фазон национализам, шовинизам и сл, тоа е тоа лицемерие. Иначе околу 1500 гласови освоија заедно, ако се вовоеди двојазичност ќе треба сите да ги вработат во републички институции за да се реализира пропишаното со истиот.
Носителот на листа на албанските партии во Бт изјави дека тоа е поради тоа шо немале слух за нивните проблеми другите партии, тие освен за лични и теснопартиски интереси пет пари за друго не даваат, сакаш марсовец биди, ама ете, така нека е.
Тоа малку дух шо имаше во македонецот се убива.

Да не тупиме, како биогоривото?

Малце офф, не дека не се слагам со постов твој ама јако е како братот виктора те лајка сега за Ќулавкова а предизборно ставаше фотошопирани твитови нејзини дека се бламирала за јазикот и и редеше се по список. Чисто да забележиме зошто и да сакаш некого да сфатиш сериозно, не можеш.
Тогаш ја плукаа едните, другите ја цитираа, сега обратно.
Чоеко си настапва партиски, како ќе му кажат така, тогаш плукаше, сега лижи на плуканото.
Џабе време губење е ако некој настапва строго партиски, место тегнење прочитај насловите во партиските гласила и знаеш предвреме муабетот...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.821
Поени од реакции
15.750
Дали ВМРО-ДПМНЕ за време на своето владеење свесно ја уништуваше македонската економија одржувајќи го со тоа рејтингот

Имено

Зголемувањето на пензиите изминативе години било нереално и не одговарало со порастот на трошоците за живот.. Загубата се покривала од буџетот, но цехот сега некој ќе мора да го плати . Пензиите изминативе години се зголемуваа, односно пораснаа за 20%. Тоа не е оджливо на долг рок и затоа сега се бара начин како да се намалат буџетските пари за нормално фукционирање на фондот.
Забелешки и за проектот Македонија Вработува, каде газдите беа ослобени од плаќање придонеси, што дополнително ги намалија парите за придонесите во фондот.
Сега Владата мора внимателно да го насочува секој еден потрошен денар.
Растот на економијата мора да забрза , затоа што ако се продолжи со вакво темпо стандардот на земјите членки на Унијата ќе го достигнеме за 60 години.

Дали поради тоа ги имаме овие

Нерегистрираните земјоделци од 1 јануари ќе плаќаат персоналец. Со ова ќе бидат оданочени и сите производители кои остваруваат приходи до 300 000 денари а досега беа ослободени од плаќање на данокот.

Персоналец ќе плаќа и секој тезгаџија во износ кој ќе го утврди УЈП.

Зголемување на висината на акцизата на дизел горивото Владата го предлага како соодветна измена на даночната регулатива.

Кој е полош?
Тој што расипнички троши државни пари и ја уништува државата?
Тој што зема од народот за да воведе стабилен монетарен систем?
има Парадни коњи и коњи за Орање.... Во регионот реално само Блгарија има релативно ниска задолженост. А уште поодамна во Словенија се бунеа зошто они да учествуваат во стабилизацијата на Грција а Грција да има поголеми лични примања од нив. Сега можеби Грција и нема поголеми примања од Словенија но секако има од Блгарија и уште долго ќе има.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.287
Поени од реакции
27.791
Еве бе

Груевски предвидува одмазда на народот
Ако некој работи за својата земја или ќе му смислат дека не ги почитувал законите или ќе му смислат сексуална афера, вели Груевски.

http://www.plusinfo.mk/vest/134060/gruevski-predviduva-odmazda-na-narodot

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најавува кревање на народот поради „претстојното редефинирање на земјата“, како и нови епизоди на меѓусебна конфликтност, реваншизми, одмазди и враќања, во интервју за порталот „Република“, објавено денеска.

- Планот им е преку заплашувања, притисоци, апсења и поткупи да го решат тоа. Се чини имаат одврзани раце од надворешните фактори да прават што сакаат, ако е со цел да попуштат за името. Народот го чувствува тоа. Ова е висока политика и геополитика, а не терање правда. Планот им е луѓе да гнијат по притвори и затвори, да не излезат од судници, да одговараат за конструирани работи, судиите да судат без докази како што ќе им се каже, медиумите да го оправдуваат сето тоа. Ќе се уништуваат и оцрнуваат личности, семејства, луѓе, партии и сè што е на патот на оваа марионетска власт. Само за да се оствари големата геостратешка цел, која, за да биде иронијата поголема, не е спорна за нас во ВМРО-ДПМНЕ, и напротив е најмалку исто, а и повеќе посакувана отколку во СДСМ, тука мислам на членството во НАТО, само што разликата е во тоа што ние сакаме пофер договор по однос на суштината на спорот со нашиот јужен сосед - вели Груевски.

Тој ги предупредува СДСМ и нивните поддржувачи од секаков профил, дека „орото се врти“ и сè е менливо и минливо.

- И меѓу нас некои мислеа дека цел живот ВМРО ќе биде на власт и се залажуваа не мислејќи на утрешнината, дека еден ден работите ќе се свртат во обратна насока против нив самите, но и оние кои ќе учествуваат и ќе ја помагаат нивната валкана игра. За жал, колку и да заплашуваат и замолчуваат, апсат или поткупуваат, конфликтноста во македонското општество ќе расте, колку и времено некој сето тоа да го поттисне и умртви преку втерување страв. Кругот на одмазди нема да запре, напротив. Во налетот при претстојното редефинирање на земјата да се уништи политичкиот противник или неистомисленик, и при сите непромислени чекори кои веќе ги имаме, се создава нова ситуација за нови епизоди на меѓусебна конфликтност, реваншизми, одмазди и враќања - вели Груевски.

Тој смета дека само народот е тој кој може да ги смени нештата.

- Стратегијата беше нас да нè прикажат како нечесни, да ни измислат афери и да нè прогонуваат за да се реализира зацртаната цел. Во основа ако погледнете низ светот, тоа е практика на многу места кога се има некоја геостратешка цел, и кога на патот некој ќе застане од една или друга причина. Ако некој е способен и работи за својата земја, или ќе му смислат дека со нешто не ги почитувал законите и со тоа сторил криминал, или ќе му смислат сексуална афера, или нешто слично. И треба да е среќен, што е жив. И ако немаат докази ќе се обидат да измислат, како на пример правење на незаконските снимки да се докази. Ако и тоа не е доволно ти вадат нови закони за заштитни сведоци и што ли уште не, само за на сила да те обвинат со измислени докази - вели Груевски во интервју за „Република“.
А каде беше господинот да гласа?
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Абе да викаме Мигрантии, Мигрантии или рано е уште ?
Абе нема мигранти... ебате сендвич еден небањат... ВМРО ве лаже, зашо на Грујо не му се иде у затвор :pos::pos::pos: :lolzz::lolzz::lolzz:

Сега треба да викаме ЕДНОКЛЕТОЧНИИИИИИ... ЕДНОКЛЕТОЧНИ ДЕБИЛИ EVERYWHERE!!!
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.381
Поени од реакции
22.690
Владе, гледам по написи дека во Атина дождот од понеделникот навака го опишуваат како torrential rain. Ако ова деновиве во Скопје е torrential rain...

ti zbori za stajkovci.

ova vo sk e posledica na poveke gradezni zafati vo centarot i pred se ne iscisteni kanalizacii. poslednite godini ne bilo vaka zasto ocigledno se provistuvalo. smesno e da tvrdis deka vo centar nema odvodna mreza. so smena na vlast dojde zivot vo vodovod i red drugi firmi pa eve kolku se sposobni da iscistat toa dupkite...[DOUBLEPOST=1510887486][/DOUBLEPOST]
Леј каков податок еј:pos::pos:..фантомите на Груевски по 30-40 души во стан ги рачунаш за меродавни и за гласање:pos:?..значи новородените,основците,средношколците и бракојте не се меродавни ама затоа гласањето со триста малверзации и фантоми/мртви луѓе било меродавно:pos:.

Не знам што можи да е поголем доказ и факт од новородените деца..не постои аргумент каде можиш да ми парираш на тоа

novorodenite deca ne ostanuvaat vo mk seeno od koja nacionalnost se. popis se bara a ne tvoj teorii
 
Последно уредено:
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
Настрана тоа, лук и вода е,

Каде се да те прашам патриотите шо се чукаа во гради последните десетина години?

Кај е фалангата административна со шлемови од грчки хоплити, кај се сега комитите и војводите?

Се се сведува на се ОД Македонија, пошто зедоа се шо можеа, не остана ништо да дадат ЗА.

Најбитно е да си трошат на раат и слобода некаде тоа што "заработија" досега.

Еве и јунанистанско пропагандно гласило се отвори, артилериска припрема за пролетна офанзива 2018.

Тамам планот 3-6-9 завршува тогаш, позитивна ептен препорака една ќе ни опнат, промена на име, патем и Устав, нешто да се доработи и де јуре да станеме бинационална земја, и со тоа да се раскрсти со т.н Македонски синдром.
За амортизација на сево ова веројатно ќе добиеме и почеток на преговори со ЕУ, а веќе ќе бидеме НАТО членка дотогаш.
Да гарантираат успех. Е сеа на шо...
Не си ти крив, и остали неписмени твитерџии што постираат дел што воопшто не ни разбираат што пишува. Не сте правници ни новинари за да знаете да читате закон и Устав и да разберете што пишува.

Затоа што и секој просечен правник, политиколог и новинар знае, односно би требал да знае дека истата таа реченица е дел од самиот Устав на РМ, како и од сегашниот закон за употреба на јазици. Истотака секој просечен правник/политиколог/новинар би требал да знае дека последните три збора од тој став се однесуваат дека начинот на употреба на тој друг јазик се објаснува со подолните ставови од Уставот, односно од подолните членови од Законот за употреба на јазиците.

Криви се медиумите, ама буквално речиси сите медиуми и неутралните и провладините и проопозициските, кои наместо да ги информираат и едуцираат граѓаните за тоа како гласи нашиот Устав, како гласи сегашниот закон и како гласи предлог-законот (за кој сеуште никој не го знае ни конечниот текст за да се дискутира). Наместо тоа тие шираат целосни дезинформации, погрешни толкувања, неаргументирани анализи итн. , слично како што беше бламот пред некоја недела за наводно зголемување на цените на сите производи како резултат на зголемената цена на дизелот за ненормално огромни 3 денари. Тоа беше блам на годината, посебно за некои божемски "професионални медиуми" (кхм Телма, кхм 24)
:shook::shook::shook::shook::shook::shook:
Дали е нормална оваа какви глупости и небулози пишува?:popce::popce::popce: Дај некој од нејзините колеги правници од МАНУ (Шкариќ, Камбовски и остали) нека и' објаснат дека во Амандман 5 од Уставот пишува дека друг јазик што го зборуваат најмалку 20% се употребува ЗАДОЛЖИТЕЛНО на локално ниво, а според ставот 5 на државно ниво неговата употреба се уредува со ЗАКОН, така да дека албанскиот може да се употребува само на локално или регионално ниво согласно нашиот Устав е ЧИСТА НЕВИСТИНА. А македонскиот јазик ПОД НИКОЈ УСЛОВ нема можност да стане регионален, затоа што неговата употреба Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА.

Греота за жената, каква бламажа, Ова е и полудо од толкувањата на сваровски правниците. Во нормални земји ова би било скандал за некој академик, исто така како и за крстот претходно што е поставен од страна на јавна власт (бидејќи не се работи за историски симбол и културен објкект како крстот на Водно) што е апсолутно противуставен и е во целосна спротивност со начелото на секуларност.
 
Земи едно Мигоцицал напиј се ако имаш пред да принапишиш уше нешто брилијантно, ако нема преку фондот, ќе ти го дам без рецепта.

Па ако планираш да бидиш брилијантен без навреди обрати се. Во спротивно истреби се.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom