Клин друже незнам што се притресваш и што не ти е јасно. Зошто прашуваш кој каде е кога на последните локални избори резултатите кажуваат нешто сосем друго или поинаку кажано огромно мнозинство на граѓаните со право на глас јасно и недвосмислено кажаа дека во потполност се согласуваат и ги поддржуваат политиките на владејачката партија и нивните коалициони партнери. Зошто очекуваш некој да излези и да протестира за било што кога во глобала огромно мнозинство се согласува со ваквите постапки на владата и парламентраното мнозинство која воопшто не ги криеше своите намери во својата предизборна програма. Сега испаднаја малце повискои давачки, даноци ти реков ми рече што не беа во изборната програма ама пак боже мој немој до толку да цепидлачиш. Останатите кои не го делат ставот на владата едноставно во духот на демократијата го почитуваат мислењето и потребите на мнозинството како и во секоја нормална,цивилизирана и развиена демократија кон која и ние се стремиме да бидеме еден ден во се надевам не така далечна иднина.
П.с се думам пак да ја активирам
темата за повеќејазичност на форумот откако конечно созреаја условите за тоа со новите законски ( или уставни ) измени во републиката. Шо велиш ти ? Тогаш пред една година кога ја отворив темата можи беше малце преурането, многу членови на тоа гледаја со резерва , со недовреба, мислеја дека е некоја провокација или незнам што но од денешна гледна точка се си мислам дека ке го променат ставот и ке прифатат повеќејазичност на формот во духот на демократијата и соживотот за која толку се залгаа( барем декларативно во секој случај). Шо велиш ти ?
Владе Војводо, јас ич не се притресвам и јасно ми е колку е сато, ти да не се секираш само.
Локални избори се за локална самоуправа, филмој тепање дека тоа е поддршка за двојазичност и сл. можи на партиски состаноци да продаваат, таква кованица немало одамна, поддршката на локалните се должи на домаќинското работење на фалангата административна, на патриотите големи. Кој знае колку (не)дела имаат оставено позади себе шо се понашаат вака како почудени.
Така да тезата дека поддршката на локални избори се поистоветува со поддршка за двојазичност отпаѓа.
Сакаш тоа да мериш има институција шо се вика референдум, да видиме колку држи тезата, зато нема потреба од протестирање или слично, можи на фин, демократски начин да се реши тоа, е сеа треба некој да покрени иницијатива за такво нешто, не значи дека ако некој плука по некого ради корупција и куп други глупости, нема да им поддржи иницијатива шо е во интерес на националните интереси, зш се понашаат како почудени, да речам дека не ми е јасно.
Тука имаш и Уставен суд во поглед на двојазичноста, имаме кобајаги Ел Президенте шо хибернираше цело време, ама сеа во кома е. Има и демек Универзитети кај шо имало Даскали, ама си прат некој есап тие дека можи ќе ќарат нешо и од овие, остај ти национални интереси, ако мислеа тие така немаше да стигнат дотаму кај шо се во наши услови..
Ништо не е готово освен ако не сакаме ние да биди.
За вакви нестандардни отстапувања не важи стандардната прифатлива грешка.
Не врви поќе да тепаш некој и да викаш погласно помош од тепаниот.
Исто и не се продава тоа дека сега било време да се покажи „лидерство“ шо форсираат некои, не дека се сомневам во нив, ама не ми штима, пошто испаѓа дека е побитно да загиниш ти за твоите него тој за неговите. Посебно после договорот за добрососедство со Бугарија, сеа нешто покушаваат да продадат некава поддршка дека е стекната во замена за истиот ама тоа е чиста демагогија. Twiplomacy kaput vs agreement. Ептен на малце.
Лошо е шо нечија кожичка ставена на тапет ради арамилук се поистоветува со национални интереси.
Да беше: Абе Миле, Кинезите имаат пари сакаат да влезат кај нас, бараат влијание, дај речи во вредност од пет насто од цел договор во тој дел кај шо се гради автопатот да се реновираат училишта, пензионерски домови, опрема за болници или тек за таа вредност да рехабилитираат локални патишта друго ќе беше сеа.Пак нивни фирми че земеа работа и ќе имаше за сите, со усул. Ама не е.
Тоа со темата за двојазичност на форумот ти е ептен на место, нема грешка. Само националисти, шовинисти и сендвичи можи да ти противречат на такво нешто, и по некој гремлин. Друг никој, засега само во дух, потаму и по закон.
Ти Војводо иначе арен си?
Кај си сеа со четата, имате нет во штабо?
Неначитана е се гледа одма.