Орочување пари во банка

  • Креатор на темата Креатор на темата Seniorita
  • Време на започнување Време на започнување
Дали може луѓе кои не се државјани на Обединетеото Кралство да инвестираат во тој фонд, ако не се лажам нашата законска регулатива не го дозволува тоа.

А тебе нормално ти е што сопствената држава не ти дава можност да ги располагаш и инвестираш тешко стекнатите сопствени пари?

Инаку може недржавјани на УК да инвестираат во фондот
 
Не те контам, како мислиш не ти дава? Јас колку што знам никој не ти забранува да располагаш и да инвестираш свои пари.[DOUBLEPOST=1490821930][/DOUBLEPOST]
КБ Публикум имаат 10,74% year to date раст. Имав минатата недела детални разговори со нив и најверојатно ќе инвестирам кај нив.

Али да почекаме изборите да поминат најпрво...
Ако си почнал да ивестираш во КБ публика
Убаво кажано! За вложување во обврзниците и јас сум заинтересиран, ми изгледа како добра зделка, но ова со паричниот фонд не баш. Причината е тоа што веќе вадам 3.8% од штедење во банка (на 3 год.) па не гледам зошто да вложам за ист процент, а плус ќе скратат нешто за провизија. Предност е флексибилностата, но ако на некој не му се брза да ги вади парите и мојава алтернатива е ок.
Која банка дава камата 3,8%?
 
Последно уредено:
Која банка во МК моментално дава највисока камата за орочени денари на 12 (или 13) месеци?
 
Gledam vo Turcija davaat golema kamata za depozit na turki liri, 9-10 posto....
 
Дали има некој било какво искуство со вложување во инвестициски фонд и потоа да повлекол пари на своја сметка? (мислам за странските инвестициски фондови)
Какви се законите тука дали е дозволено да вложуваш пари во странски фондови?
 
Колку што јас имам инфо не е дозволено граѓанин на МК да има сметка во друга земја (што е идиотизам, пошто имаме амбиции да станеме членка на ЕУ) Богов тоа на неколкупати го кажа јавно дека е казниво дело ... па и според тоа неможеш да вложуваш во странски инвестициски фондови! Можеш преку некоја брокерска куќа што е регистрирана и има пакет за тоа на пр http://www.kbpublikum.com.mk/Web/Фондови/КБ_Публикум_-_Балансиран.aspx КБ Публикум
 
А дали ова инвестирање е нешто слично на index funds?
 
Не ми е познато што е Index Funds... инаку КБ Публикум е еден од неколкуте инвестициски фондa во МКД, (Илирика е другiot од познатите)....
Index Funds e веројатно е странски инвестициски фонд, фондови, со форекс фондовите ги има таму со лопата да ги ринеш! На пример од Швајцарија https://www.dukascopy.com/?ibref=2394 беше многу популарен “Ducaskopy“, каде со помалку од 50,000 Евра неможеше да добиеш брокер и управување со средствата (и вадева тие едно време по 10-12% годишен профит за клиентите)... но денес незнам колку се успешни! Денес 95-99% од инвеститорите и бизнисмените во поразвиените економии, дури и оние крупните бизниси (ако ги апстрахираме најдобрите Tesla Coca Cola, Apple Gazprom Bank of China, AliExpress).... верувај се спремни да убијат за толкав профит!
 
Последно уредено:
Колку што јас имам инфо не е дозволено граѓанин на МК да има сметка во друга земја (што е идиотизам, пошто имаме амбиции да станеме членка на ЕУ) Богов тоа на неколкупати го кажа јавно дека е казниво дело ... па и според тоа неможеш да вложуваш во странски инвестициски фондови! Можеш преку некоја брокерска куќа што е регистрирана и има пакет за тоа на пр http://www.kbpublikum.com.mk/Web/Фондови/КБ_Публикум_-_Балансиран.aspx КБ Публикум
мислам дека не сме ни да се купува или продаваат златни монети освен внатра во државата само кај овластени монополизираани лопови...... а Љубчо се прчеше, јас мојот капитал го претворив во злато...
( б.т.в., голд рипна за 7-8 години едно 5х)
 
Пред 7 год златото гледам цената беше егал со денешната http://www.macrotrends.net/1478/gold-prices-10-year-daily-chart на ниво 1200-1300 upload_2017-11-16_19-0-16.png
но 2008ма кој купи (на почетокот на рецесијата) или, 15тина години порано, тој ќари.... инаку тренд е на слатото последните 5-6 години паѓа!
Мислам дека во еден од фондовите во МК имаше тнр златен фонд, во кој можеше да се инвестира во злато во хартија (не физичко злато) фјучерси ли ги нарекуваа... незнам, но веќе нико на Кајгана не ги спомнува!
 
Пред 7 год златото гледам цената беше егал со денешната http://www.macrotrends.net/1478/gold-prices-10-year-daily-chart на ниво 1200-1300 Прегледај го приврзокот 180368
но 2008ма кој купи (на почетокот на рецесијата) или, 15тина години порано, тој ќари.... инаку тренд е на слатото последните 5-6 години паѓа!
Мислам дека во еден од фондовите во МК имаше тнр златен фонд, во кој можеше да се инвестира во злато во хартија (не физичко злато) фјучерси ли ги нарекуваа... незнам, но веќе нико на Кајгана не ги спомнува!
мислам дека во периодот по 2005 беше скокот на златото
 
Можеби прашањево не е за тука ама не можев да најдам посоодветна тема.
Ме интересира дали постои можност ако имаш во иста банка пари над 15 000 евра, да те пријават во УЈП и ако немаш потекло на парите да те оданочат 70% како што прочитав некаде на интернет?
Што ако парите ти се поклон од родители? Дали тоа мора да го имаш на документ дека ти подариле одредана сума на пари или? Стварно не ми е јасно ова околу потеклото.
 
Како бе 70 %? Кај го прочита ова жити се?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom