Друже, одговори ми, логично ти е тебе да arctic моделите daiseikai 8, 9, исто така Zubadan да се со цени од 2000-2500 eur.
И тоа со полесна надворешна конретно zubadan-ot со 35 ка од твојата 42 килска.
А Hansolot за само 650 еур, каде верувам набавна е 200 eur. Па за 650 еур најефтиниот јапонец не можеш да го купиш а не па nordic варијанта.
Затоа прашувам логично ти е тебе да како што вие тврдите GREE ти дава исто толку добра топлотна пумпа или подобра за 4-5 пати поефтина цена.
Баш така подзастани и размисли, дали би рекол дека е тоа нормално и дека нема некоја манипулација, лага од GREE и луѓето кои работат за него?
Не ми е логично. Треба да чинат од 600 - 900 евра. Ама алчните јапонски акционери, директори, преплатени инжињери пола век се научени на мрсни приходи и лагоден живот, а тоа некој мора да го плати. Затоа чинат 2000 евра.
Затоа Кинеската економија за десетина години стана најмоќна во светов. Можеби не се многу паметни (крадат памет, копираат), но имаат евтина работна сила, ресурси и работат како мравки. Грешките ги отклонуваат во од, квалитетот постојано расте и со разните видови државна помош и субвенции, газат се пред себе. Најважно од се, се задоволуваат со помала маржа.
За жал, одамна е умрено времето кога ќе го завртевме од позади своето најново појачало Sansui/Pioneer/Denon, или CD Player Marantz, Technics, а позади стоеше тој толку познат натпис 'Made In Japan', што сите не правеше горди.
Гордоста на Британската аудио индустрија, фирмите Quad (произведуваа уникатни електростатски звучници, појачала со патенти што датираат од раните 30-ти години), Wharfedale (100 години традиција во производство на звучници), Mission и т.н., одамна не се гордост на Британија, туку имаат Кинески газди ... жално ама вистинито.
Сите идолопоклоници на јапонските брeндови (или брентови како што би се "одразил" клима-неред), нека се запрашаат колку време ќе помине додека нивниот 'precious' Fujitsu биде искеширан од Haier или Midea. Грее не го споменувам, за да не ми се залепи етикета и одредени членови тука на темава да не посегнуваат кон додатни дози на лексилиум или таблети за притисок...
Да нема залажување, јапонските брендови се ситна боранија за илјадниците милијарди долари што се акумулирани во Кина. Но што ќе прават нашиве идолопоклоници во тој случај? Ќе плукаат по Fujitsu затоа што станал кинезарија, или ќе го величаат уште повеќе, затоа што истите тие клими ќе ги плаќаат дупло поевтино, т.е. по "кинески" цени?