Повеќе од три години ја пратам темава. Во одреден момент и се регистрирав, ама намам ништо пишувано до сега.
Факт е дека Стрелчо и неговата пијавица од Битола направија да ја замразам Гри како фирма, ами вие 'контра-гри', исто, ако не и повеќе претерувате.
Тоа што беше перење мозок дека Гри се најдобри во свет, вие го свртевте во "сите против нив" акција. Веројатно и заслужено, но каде е тука крајот?
Ако некој реши да купи клима, а нема доволно знаење, кај ќе заврши?
Или овие од Гри ќе му убутаат нешто по секоја цена, или вие "анти-Гри" здружените ќе го прелажете да земе било што, само да не е Гри.
Зошто ти реплицирам токму тебе и тоа во првиот пост што го пишувам на овој форум?
Затоа што твојов пост е идеален пример за хејтање на Гри и нудење "алтернативно" решение.
Зеде да споредуваш климиче-играче со Хансол/Sanyo.
Ги прегледав сервисните мануели на двете клими. Знаеш што споредуваш?
26 килограми надворешна, наспроти 43 кг.
8.5 кг внатрешна, наспроти 11 кг.
610 ватен single rotary компресор, наспроти 800 ватен twin rotary.
0.85 кг фреон, наспроти 1.3 кг.
и т.н. ...
Со твоите истомисленици извлековте (или се обидовте) заклучок дека тежината на надворешната единица не била важна. Проблемот е што тоа е далеку од вистината. Тежината не ја одредува само компресорот, туку и изменувачот. Неговата големина влијае на ефикасноста на климата како ќе го претвора гасот од една во друга состојба (гасовита или течна). Истото важи и за внатрешната единица, колку ефикасно топлината ќе се пренесе од изменувачот (преку вентилаторот - цилиндер), во вашата соба...
Уште еднаш да се потсетиме:
26 кг vs 43 кг
8.5 кг vs 11 кг
Ова е далеку од исто... Имаше овдека на темава луѓе што ја разбираат оваа проблематика и во повеќе наврати објаснуваа, изнесуваа ставови дека клима без 1 кг фреон не е "вистинска" клима. Каде е тука твоето Fujitsu со неговите грандиозни 850 грама фреон? Барем да направеше споредба со Ломо ЛЦЛХ или Вивакс АЕРИ, па да беше објективна компарацијата...
Исто така тврдиш и дека се иста цена. Повторно погрешно. 42.1 К не е исто што и 39.9 К. Ако влезеш во салонот на Гри и прашаш за цена (плаќање во кеш), веднаш ти нудат 5% попуст. Ако си упорен ќе добиеш и повеќе. Значи во најмала рака го добиваш Хансол за 38К. За да бидеме објективни, можеби и Fujitsu ќе го добиеш со одреден попуст, но пак ќе остане разлика... освен ако не ти го дадат за иста цена (?). Ќе провериш, па ќе ни кажеш.
Податоците од Eurovent велиш дека се идентични. Како за кого... Мал компресор "одврнат" на 200% колку да извади резултат и посупериорен / помоќен што работи во склоп на своите можности е исто? Колку ќе биде трајноста на едниот и на другиот? Зборуваме за период од 5 - 10 години активна работа. Секој ќе си донесе свој заклучок, колку и да е очигледно.
Поимот јапонска клима е смешен. Сите производители од Јапонија одамна го имаат префрлено своето производство таму каде што им е најевтино - Кина, Малезија, Филипини, Кореа, Турција, Словачка... Тоа е глобална бизнис политика, водена од суровите закони на конкуренцијата. Сите се обидуваат да произведат што е можно поевтино, а да продадат поскапо. Така функционира овој глобален свет за било каков производ, па и за климите.
Поздрав,
и еден апел од мене, ако може и двата табора да престанат со форсирање полу-вистини и форсирање брендови. Не сте ни свесни колку луѓе доаѓаат на темава да побараат искрен совет и мислење ... а можеби сте свесни ???
За жал фалат искрени информации од вистински корисници, а има премногу наметнувања и хејтања од дилери, продавачи што се обидуваат да ќарат процент од некој наивен, неинформиран потенцијален купец...