Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Како прво, ако си вегетаријанец, па дури и веган и те како може да се има комплетно средена исхрана и да се дојде до сите потребни макронутриенти, само треба повеќе планирање и снаодливост во набавка на продукти, поготово овде на нашиот пазар. Тој муабет за комплетен амино профил е одамна излитен. Така да тука нема дискусија затоа што све тоа е потврдено и докажано со бројни примери, студии и факти.

Иначе јас не планирам да станам вегетаријанец, само сега ми се сменија некои приоритети во животот. Никогаш не сум ни бил некој љубител на јадење месо, повеќе на сила сум бутал за да се "набилдам". Моментално оваа исхрана што ја имам највеќе ми одговара.

dali so taja hrana gi dostignuvas dnevnite potrebi od proteini jgh i masti ? :)

Никогаш во животот, а сега најмалце, не сум се замарал дали достигнувам дневни потреби од толку и толку грама за било кој нутриент. Јадам што е можно поразновидна храна и не останувам гладен, таа филозофија ја следам отсекогаш. Не викам дека не треба да се следи, само мене лично ми е небитно.
A ако мислиш дека обавезно мора да јадеш месо за да достигнеш дневни потреби, погледни некои видеа на Clarence Kennedy. Човекот тежи 100 кила и не само што не јаде месо, туку е и веган :)

Имаш протеини во леќа, грав, киноа, булгур, елда, жито..
Имаш во моцарелата 15%, сирењата..
Во лешници, бадеми, ораси итн (имаат и доста масти)
Буковката некаде 25% (шампињоните немаат)

Знам, повеќето од овие ги јадам, само за буковката не знаев.
 
Тајната е во мастите - семиња/јатки, (кои воедно имаат мн протеин) внесувам по едно 750 калории од нив на ден, комбинирај со грав, соја, печурки итн.[DOUBLEPOST=1510395191][/DOUBLEPOST]
Како прво, ако си вегетаријанец, па дури и веган и те како може да се има комплетно средена исхрана и да се дојде до сите потребни макронутриенти, само треба повеќе планирање и снаодливост во набавка на продукти, поготово овде на нашиот пазар. Тој муабет за комплетен амино профил е одамна излитен. Така да тука нема дискусија затоа што све тоа е потврдено и докажано со бројни примери, студии и факти.
A ако мислиш дека обавезно мора да јадеш месо за да достигнеш дневни потреби, погледни некои видеа на Clarence Kennedy. Човекот тежи 100 кила и не само што не јаде месо, туку е и веган :)

Тоа е тоа, разликата од фактите и ставовите.

Него друго, WTF озбилно крена овој 300кг??? :tvg:
 
Кларенс е веган една година или помалце ако не се лажам, и пред да биде беше weightlifter од светски калибар, така да доказ дека се може да се постигне.
 
Тајната е во мастите - семиња/јатки, (кои воедно имаат мн протеин) внесувам по едно 750 калории од нив на ден, комбинирај со грав, соја, печурки итн.[DOUBLEPOST=1510395191][/DOUBLEPOST]

Тоа е тоа, разликата од фактите и ставовите.

Него друго, WTF озбилно крена овој 300кг??? :tvg:

и ок тоа што внесуваш и кажи ми со кој килажи вежбаш на бенч, згибови колку праиш со тајната на мастите од семиња и протеинот од грав?
 
бтв на мистер олимпиа на врвот што завршија овие повекето вегетеријанци беа , абе тоа е не е вишеова 70ти
Е ова ти е непобедлив аргумент.
Исто така е основан на вистина, чиста како солза, а таа вистина е дека сите билдери се стремат да бидат мистер олимпија. :)
Чим мистер олимпија јадел месо за да стигне до таму, по автоматизам значи дека сите билдери мора да не се вегетаријанци/вегани.
 
нека си бидат и вегетеријанци билдери ама геинз како невегетеријанци тешко ,
дека протеин од семка од геврек е исто со протеин од месо :)
 
нека си бидат и вегетеријанци билдери ама геинз како невегетеријанци тешко ,
дека протеин од семка од геврек е исто со протеин од месо :)
Се сложувам. Со јадење на месо и млечни производи, значително полесно и повеќе се внесува протеин со што и полесно се оформуваат мускули.
Меѓутоа, ти се обидуваш да направиш спин како ние да велиме дека е далеку подобро да си вегетаријанец кога билдаш :)
Е сега, за да видиме дали имаш заблуда, за просечен дечко што оди 3-4 пати во теретана и сака да има просечен прогрес, колку протеин сметаш дека треба да внесува по килограм тежина?
 
нека внесува рецимо Х протеин грама на кг , со тоа што тука протеин од леб , грав , печурки , леблебија , купус итн... не се сматраат због некомплетниот амино профил , се обрачунаваат само протеини од Јајце , месо , риба и веј
 
Кларенс е веган една година или помалце ако не се лажам, и пред да биде беше weightlifter од светски калибар, така да доказ дека се може да се постигне.
Некаде почеток на 2016 прочитав дека станал веган,така да голем дел од мускулатурата ја има постигнато претходно, не гледам дека пораснал периодов според видеата од 2016 и 2017.
Згора на се овој е на стероиди 103.5%, па не ми се ни навлегува во споредба на вакви типови дали бивало на веганска исхрана или не бива, никој не му светите какви шеми удира и колку зема, можеби со месо ќе имаше плус 5кг мускул за истиов период.

Не дека нема да постигнете протеински внес и со веганска, можеби и ќе дојдете до некоја бројка која сте зацртале, е сега колку од тој протеин ќе ви искористи телото е втора приказна и дали ќе постигнете мускулен раст како со месо е сосема друга приказна.
Не сум пробал на веганска, али деновите кога не внесувам месо, јајца, риба се осеќам „празен“, а и ќе треба да изедам по една вангла зеленчук за да се заситам само со трева :) така да додека одам да се килавам со тежиниве јас лично не би се префрлал на вегетаријанска или веганска исхрана, можеби некогаш ако почнам друг спорт, вака мие е замарање преголемо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom