Македонски Натприродни суштества

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Цепенков;
http://mling.ru/etnolingvistika/makedonia/predania.pdf

Архивот за етнолошки и антрополошки ресурси (АЕАР) и Дигиталниот архив за етнолошки и антрополошки ресурси (ДАЕАР) при ИЕА;

правилник; https://www.iea.pmf.ukim.edu.mk/filemanager/Pravila_koristenje_materijali_Arhiv_IEA.pdf

архив;
http://old.archiveiea.net/
http://www.archiveiea.net/

С ссс сречно!

Бонус рунда, Вражиносвки;
http://mling.ru/etnolingvistika/makedonia/vampiri.pdf

STUDIA MYTHOLOGICA SLAVICA;
http://sms.zrc-sazu.si/En/kazalo.html
(имаш овде, ме мрзи сега да барам точно во број има)
 
Последно уредено:

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Македонија е полна со Вампири !
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
???? :facepalm::facepalm::facepalm:
Не знам колку facepalm-ови да ставам, не е доволно..
Зошто бе дечки така збориш, зар не си чул како луѓето околу тебе испуштаат артикулирани звуци (од устата)? Тоа најчесто, иако не секогаш, е зборување. И општ познат факт е дека луѓето, иако не сите, пијат вино.

Се додека овака некултурно и со увреди се понашаме на форуми од нас не бива држава.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.497
Поени од реакции
18.184
Караконџула.

Не постои нешто како "македонски натприродни битија". Обично се работи за демони и натприродни битија карактеристични за словенската митологија, поточно јужнословенската митологија и истите се застапени кај повеќето јужнословенски народи.

Баш ова ми е актуелно деновиве и сум строго против плашење на мали деца со вакви работи, сакате наречете ги и глупости.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.304
Поени од реакции
5.908
Вампири, Караконџула, Вили (Самовили), Вукодлак, Духови... обично овие се тие работи кои се "прикажувале" според приказните на старите, ги има милион особено по селата некој од нив си ги веруваат цврсто и убедливо други не веруваат воопште, како што кажа погоре Solaire of Astora во главно овие преданија се во концепт на јужнословенската митологија. И мене ми се сосема ОК барем за релаксација на мозок.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Караконџула.

Не постои нешто како "македонски натприродни битија". Обично се работи за демони и натприродни битија карактеристични за словенската митологија, поточно јужнословенската митологија и истите се застапени кај повеќето јужнословенски народи.

Баш ова ми е актуелно деновиве и сум строго против плашење на мали деца со вакви работи, сакате наречете ги и глупости.
Има и од словенската митологија, но постојат и позајмувања или преземања од други верувања, што е сосем вообичаено. Така на пример, Мојрите стануваат наречници, а суштества како што се самовилите (нимфи, океаниди, дријади), вампирите (ламија, емпус), врколаците (Ликаон), со извесни варијации има низ повеќе митологии. Нешто е увезено и „прилагодено“ од Блискиот Исток (многубоштво, јудаизам, христијанство, ислам), нешто се задржало од предсловенските верувања на овие простори итн.

Оние што ги читале вампирските приказни на Цепенков ќе забележат дека вампирите во македонските преданија многу се разликуваат од вообичаената претстава за нив во светот, која е наметната од Холивуд, а воспоставена од автори како Ле Фану, Стокер и други.

Интересни се и самовилите, чија природа претрпува измени, па сега се многу пофини и порасположени за дружење со луѓето од порано (веројатно тој тренд го има започнато Толкин). Дури и во келтската митологија (во хронолошки поширока смисла Велс, Ирска, Шкотска) самовилите важат за суштества кои не е лошо да се избегнат, а и кај нас во приказните, со извесни исклучоци, тие се прилично „тешки“.

Ѓаволот, змејот, ламјата имаат доста важно место во народните верувања. Како натприродни битија се појавуваат и некои болести - треска, чума. Тие се главно од женски род :)
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
Самовили постојат.
Ова да го чујам од дете,ќе речам ај мало дете е,има бујна фантазија.
Ама,ти,бре ?!
Возрасен човек си,а што зборуваш/пишуваш.
Да не ги виде случајно или си зема некоја чашка повеќе ? :pos::pos:[DOUBLEPOST=1510148022][/DOUBLEPOST]
Karakamiseva mislam deke e natprirodno sustestvo :D
Зошто,бре ?
Што ти направила ? :pos::pos:
 

Nikola Nini

Doktor bez nauka
Член од
5 септември 2017
Мислења
353
Поени од реакции
179
Ова да го чујам од дете,ќе речам ај мало дете е,има бујна фантазија.
Ама,ти,бре ?!
Возрасен човек си,а што зборуваш/пишуваш.
Да не ги виде случајно или си зема некоја чашка повеќе ? :pos::pos:[DOUBLEPOST=1510148022][/DOUBLEPOST]
Зошто,бре ?
Што ти направила ? :pos::pos:
Nisto mene ali koga se losi decata i pustam snimka od nea i beganje imas po cela kukja haha
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Караконџула.

Не постои нешто како "македонски натприродни битија". Обично се работи за демони и натприродни битија карактеристични за словенската митологија, поточно јужнословенската митологија и истите се застапени кај повеќето јужнословенски народи.

Баш ова ми е актуелно деновиве и сум строго против плашење на мали деца со вакви работи, сакате наречете ги и глупости.
Тие митологии отприлика се истите, се врткале низ балканот со мали измени. Грчка, римска, македонска, словенска.
Боговите на пример, кај грците е Зевс, кај римјаните Јупитер, кај македонците Диос, но тоа е ист бог.
Самовилите исто и тие зависи кој како ги викал. Грците ги викале нимфи, македонците менади, таму негде погоре на север ги викале елфови.
Имало и нешто што дошло подоцна со словените. Но сепак верувањето во овие богови и самовили било и пред словените




Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom