Македонски Натприродни суштества

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
Во моментов што ми текнува за македонско натприродно или митско суштество е Шарец - коњот на Крали Марко. Се смета дека го добил на поклон од самовилите. Можел да зборува и да пие вино :D
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Врколакот и тој е надалеку зборуван. Кај нас има и посебен празник за него а и општо за волците, празникот е Мартинци. Не се изговара името Врколак/Волк, не се носи ништо плетено (од овчја волна) и др...
Е сега за како да станеш вакво суштество требало да се напиеш од водата што се наоѓа во стапката каде што одел волкот, да бидеш каснат од сив волк на полна месечина или од самиот врколак и под влијание на клетва. Врколакот се појавувал само на Полна Месечина и затоа најчесто на хорор филмовите (како на пример Van Helsing и The wolf man и многу други) човекот се трансформира во вакво битие кога е месечината полна. Па дури имаше нешто дека во Струмичко Ново Село нашле череп на врколак :D:D:D

 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
Некои луѓе имаат бујни фантазии. :pos::pos:
 
Последно уредено:

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Ако ова треба некој да го третира како било каква „наука“ и да го дадат како информации во било кој учебник, тогаш авторот треба да се запали јавно на клада до споменикот од Ацета.
Антропологија се вика таа наука, бајо мој. Ако ти се пали, трк до ПМФ.

Тоа што темата е во Мистерии е друго 20.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.797
Поени од реакции
1.704
https://ru.wikipedia.org/wiki/Дед_Мороз
Дедо Мраз е Руски (Славенски) волшебник облечен во сино, со жезло кое замрзува. Во некои литератури е представен како дете на паганските словенски погови Велес и Мара. Исто така добива популарност во СССР каде било забрането славењето на Божиќ и го користеле Дед Мороз за плашење на децата, интересно е дека многу го мешаат ликот на дедо мраз со еден друг изум на Кока Кола со еден црвен дебелко со брада, кој е познат како Санта Клоуз, Божич Бата, Дјед Божичњак, Папа Ноел, Дјадо Коледа, Божичек. Колку што мене ми е познато само ние го користиме името на Дедо Мраз како рефенренца на Санта Клауз, односно немаме посебно име да го разликуваме. Веројатно е показател за длабоката поврзаност со поранешниот режим.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.810
Поени од реакции
21.561
Дали знае некој повеке македонски натприродни суштества?Можеби ако слушнал од некоја баба или дедо,или некоја приказна/легенда за нешто такво.Јас сега за сега знам само за Самовили,Наречници,Веди,Змеј,Ламја,Вампир,Таласами,Сеништа,Јуди,Нави.
Ако некој знае нешто повеке за нив или некои други суштества,нека сподели :vozbud:
Исто така Самовилите се познати низ цел свет,во сите краишта.Што мислите за тоа?Некои алхемичари ги сместиле овие суштества во категорија на Елементалс,кои биле духови на растенија/природа.
Еве ти читај (pdf)
http://rgho.st/8wBsYFZtV
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Да не имаш ПДФ ? Неможам да ја најдам во библиотека во мојот град.
Книгата ако ја немате во библиотеката пробај во локалниот музеј. Ако си средношколец побарај од професорите по историја...
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
Велат дека Македонска свекрва ти е типичен пример за опасна вампирка ! :icon_lol: :pos:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Самовили;

Самовилите се митски женски суштества со следните обележја; тие се многу убави предтставени во женски лик, со висока и тенка снага, со долга расплетлива коса, која им паѓа низ целото тело. Нивната коса е "златна", или руса, односно црвена.

Се верувало дека самовилската сила се наоѓала, меѓу другото, и во косата, односно во белата наметка што ја носеле или, пак, во венецот што го носеле на главата. Во случај некој да им ја украде наметката или венецот, тие ја губеле силата и се претворале во обични жени. Наметката секогаш е бела, па отука и епитетот "бели вили", или "бела самовила". Очите им се црни.

По својата природа самовилите се слободни суштества и не влегуваат во брачни односи, а се протагонисти на слободната љубов. За љубовни партнери избирале убави, здрави и силни мажи, обично меѓу планинските овчари. По својата нарав тие се добри, а во случај некој да ги навред модат да бидат пакосни и опасни. Живеат во високи планини, покрај езера, реки, извори и облаци. Оттука се и соодветните именувања. Под мишките имаат крилја, што значи дека се симбол на лесен и подвижен живот.

Самовилите носат и лични имиња; Ангелија, Равијола, Ерина, Вида, Баждаржијка, Ѓура, Ѓурѓа, Стана, Дона, Магда, Димна, Гелмеруда и др. Тие се големи љубители на песната, на свирката и на орото.

Танас Вражиновски - Македонска народна митологија. Народната традиција, религија, култура. Скопје, 2002.

Во јужнословенската митологија самовилите се женски натприродни суштества кои им се наклонети на луѓето. Замислени се како убави девојки со златна коса и со крила. Живеат далеку по планините, покрај вода или во облаците. Постои верување дека се раѓале од росата на некое цвеќе, кога паѓа дожд и грее сонце или кога на небото се појавува виножито. Своите раскошни дворци ги граделе на облаците. Можат да се преобразуваат во различни животни, лебед, сокол, коњ или волк. Нивниот опис одговара на митските суштества нимфи. Понекогаш ја поседуваат способноста и за пророкување.

Самовилите се мошне популарни ликови и во македонските народни приказни. Им се потчинуваат само на оние што ќе им ја земат облеката, а ако некој им ги одземе крилата, се преобразуваат во обични жени. Губењето на моќта, може да биде причина за нивна преобразба. Помошта на самовилата, најчесто е условена, јунакот треба да исполни една или три задачи за да го добие нејзиниот совет или нејзината помош. Како што е познато, во народната поезија, така и во народната проза многу често е застапен мотивот на побратимување па дури и брак со самовилите. Како што е забележано во зборникот на браќата Миладиновци: „Самовилите живеат на планини; љубет многу да играет оро. Тие се чинет посестрими со големите јунаци, и на нуждата им помогват и ги спасвеет од смрт; а в обште за луѓето сет лоши. Тие љубет да ослепват човекатого.“

Самовилите поседуваат неверојатна моќ да го заведат и маѓепсат човекот. Многу чести се мотивите на вљубување и брак со самовила. Браковите со самовилите се нешто неприродно и необично и затоа таа врска тешко се оддржува.Самовилата не може да се поттчини на правилата на брачниот живот. Дури и кога станува мајка самовилата бара можност да се врати во неограничениот свет на природата. Ја користи можноста да се фати на орото облечена во својата самовилска облека и повторно слободна да одлета во облаците.

(Овчарот и трите самовили бр. 61, Цепенков,)

Овчарот им ги грабнува кошулите на самовилите додека се капат во реката и ја зема за невеста најмалата сестра. Сестрите самовили, во овој случај помошнички, му откриваат дека тајната на нејзината сила лежи во кошулата. Самовилското оро е причина самовилата да побегне и да се врати во својот свет. За да ја исполни својата цел, јунакот превзема долго патување и потрага по самовилата. Двете сестри самовили го воведува јунакот-овчарот од обичниот во магискиот простор Кушкундалево, каде живее неговата побегната невеста- самовила. Кога веќе целта е постигната, имаме забрзување на дејството со воведување на волшебно средство. Сестрите самовили ја врзуваат невестата самовила, за седлото на еден коњ што лета, за да ги прелетаат трите планини и побрзо да стигнат. Овчарот на крајот ја уништува нејзината врска со натприродниот свет, и ја фрла кошулата во огнот. Тајната на нивната сила понекогаш лежи и во нивната коса. Момчето ги заврзува самовилите за косите за да не му побегнат.

Самовилата поседува трансформациска способност, (Чорбаџискиот син и младата самовила, бр. 116, Верк.,) во функција, на исполнување на целта, го престорува момчето во патка, а таа се претвора во кладенец. Нивниот противник, мајката партал-самовила, пукнува од пиење вода на кладенецот. Тие двајцата пак се преобразуваат и си живеат среќно. Самовилите живеат во еден меѓупростор, помеѓу небото и земјата. Тие се невидливи и можат да се трансформираат и во ветер.

Во македонската сказна се среќаваат и мажи самовили, тоа може да биде синот на самовилата, или пак некој змеј. Самовилот ја потенцира својата мажествена сила во директен дуел со главниот јунак. 26 (Дете јуначе со чудесна сила, бр.84, Верк.) самовилот, синот на кривата самовила се бори со детето јуначе.

Самовилите ја обожаваат музиката и танцувањето. Во некои варијанти (Свирачот Костадин и самовилата, бр.90, Верк.) самовилите го тераат момчето да свири на шупељката три години, или пак во други варијанти, сè додека не се измори. Ако престане, ќе му ги земат очите. Свирачот Костадин се трансформира во пиле за да ја види својата љубена. Во следниот момент и момчето и девојката се престоруваат во птици. Но кога добиваат пород, повторно се преобразуваат во својот човечки облик. Самовилите се согласуваат да го ослободат момчето од своите стеги преку посипување мед на нивниот пат.

Детето задоено од самовили поседува неверојатна јуначка сила. Понекогаш самовилите ја поседуваат моќта на плодноста и пророкувањето. (Бездетната жена ветува, ако роди дете, да го даде на самовили, бр.86, Верк.) Жената ветува дека ако господ $ подари дете, ќе го даде на самовили. Пророкувањето на самовилите добива пресвртница од лошо се претвора во добро. Место да $ ги извадат очите на девојката, благословуваат од очите бисер да $ се рони.

Зборот јуда понекогаш оди заедно со зборот самовила. Јуда самовила, најверојатно, затоа што самовилите се среќаваат во близина на водите. Според некои верувања, потеклото на самовилите се врзувало и со култот на душите на претците.

Софија Тренчовска - ДЕМОНОЛОШКИТЕ БИТИЈА ВО МАКЕДОНСКИТЕ ВОЛШЕБНИ ПРИКАЗНИ
pdf; http://makedonija.rastko.net/cms/files/books/4a73026303d4e
(имаш за Наречници, Самовили истото од погоре, Змеј, Ламја, Сениште, Јуди, Нави, Стија, Вампири, Вештерки, Таласами)
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Во моментов што ми текнува за македонско натприродно или митско суштество е Шарец - коњот на Крали Марко. Се смета дека го добил на поклон од самовилите. Можел да зборува и да пие вино :D
Нема тука ништо натприродно. И луѓето го можат тоа.

Кога сме веќе кај натприродно и мистика, тоа се вампири, вукодлаци и вештерки кои искачаат ноќе, а дење спијат. Вештерките можат да се преобразат во црни кокошки и исти такви мачки. Сите овие појави се штетни по здравјето на човекот и затоа секој треба со себе да носи еден стап од глог кој е наострен на едниот крај како копје. При средба со вакви мрачни сили, обично ноќе, не треба да се ризикува и треба одма да се пристапи кон прободување на натрприродната појава. Пожелно е неколку пати да се забоди стапот во срцето, поготово ако ти се обрати или те погледне накриво за да те урочи. Јас секогаш кога искачам носам вакво копје со мене и нечестивите сили ме научија веќе, па се бега кога одам некаде. Исто така јадам многу лук пошто неговата миризба ги одбива овие појави и чим на некого му пречи тоа е знак дека тој е некако поврзан со вештерки, вампири, или и самиот е таков.

За пољубопитните тука е Марко Цепенков - меѓу неговите записи има и за народните верувања, па и за натприродните суштества во македонскиот фолклор.
Постои Речник на народната митологија на Македонците (Танас Вражиновски & co.), кој не е нешто посебно, ама сепак, врши работа, а не е мал бројот на наши антрополози и етнолози кои се занимаваат со ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom