Абе
@Донев и
@RATM , знаете колку го преценувате Канте? Исто колку што го преценувате и Челзи за денешноив меч. Затоа ви викам дека е преценето ќумбето, он е добар, но преценет играч. Како и играта на Челзи на мечов. Денеска одиграа добро со Бакајоко, иако ја да бев на место на Канте ќе го зашлакав плавофарбаниов за излетите напред. Но зошто никој не го споменува овој Данецот? Според мене тој беше најдобриот поединец кај Челзи, заедно со Куртоа и Хазард.
Ништо посебно не изигра Челзи денеска, што ви е, но во офанзивниот дел на тимот има светска класа играч, кој и кога не игра на највисокото ниво сепак прави разлика на теренот.
За разлика од нив, Јунајтед нема светска класа играч во тимот. Лукаку е супер шпиц, на буквално исто ниво е моментално со Мората, тоа го пишав повеќе пати и ќе го увидите истото на крајот на сезоната. Но овие Мктарарајан и Рашфорд се далеку од класа играчи, Мартиал е класа замена само моментално, иако денеска ни тоа не успеа да биде. Херера пропао сезонава, без Погба во средниот ред се останати само на Матиќ.
Всушност, освен Погба, многу им фали и играчот кој денеска и покрај тоа што изигра само околу 30 минути им беше најдобар (не сметајќи го Де Геа), Фелаини.
Е сеа тоа да Фелаини ти е најдобар играч, колку е позитивно...
Ништо посебно не беше утакмицата, никој никого не го издоминира, Мурџо идеше на класичното негово дерби гостување да земе бод а остана и без бод и без поздрав од Конте.
Сити гази btw, ќелавиот конечно се опаметува, имаат победнички менталитет досеа сезонава, ако продужат со ова темпо и со ваков широк состав, идат на триплете.