Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.375
Поени од реакции
24.085
И јас бев работник 10 години за друг газда, па после зедов си отворив сопствена фирма. Ако беше толку убо што не отвори бизнис во времето од 2006 до 2016 нели беше супер за приватен бизнис, еден куп пари се даваа само да отвориш фирма ?
Кој те тераше да бидиш роб и понатаму?
Ами ајде сите ке отвориме бизниси и ке бидиме газди :facepalm:
За работници ке се најдат.
И сега што не ти е по кеф уствари.Што треба да го пријавиш секој вработен ? Што треба плата да му дадеш на вработениот? Што треба да му ја префрлиш преку банка? Што заедно со платата му плаќаш и придонеси? Што треба да му дадеш К_15? Што треба да му дадеш одмор од 21 работен ден во годината? Што треба да му плаќаш прекувремено или дупла дневница ако сакаш да ти работи во неработен ден? Што неможеш да го дупиш како што сакаш пошто ке си замини оти и има кај да замини и не зависи само од тебе за работа ?
Сакаш уште да ти набројувам или доста е ова.
Така да сериозно ме интересира ти како газда што не ти е по кеф конкретно?
 
B

Bafra

Гостин
@Bafra Проблемот што ти го кажува @Lurtz со цените не е во зголемувањето на акцизата туку проблемот е во логиката на приватњаците кои што секогаш само гледаат да зголемат цена на производ и да дојдат до поголем профит. Ете пред некое време кога имаше огромен пад на цената на горивата не осетивме никаква разлика во цените на производите. Поентата е, да речеме дека горивото е 70 ден/л и продажна на леб е 30 ден, горивото да дојде 50 ден/л лебот пак ќе остане 30 ден. затоа што производителот/трговецот ќе си ја тргне разликата од горивото како би си го зголемил профитот и ќе се оправда дека и тие имаат трошоци. Факт е дека никој не сака да спушта цена, а народ ко народ ќе збори некој ден дека е поскапо и после ќе си се навикне и пак ќе купува.
Јас разбирам што кажува Луци, туку тоа нема врска со Акцизата.
Тоа што го зборите е чиста економија понуда и побарувачка.
Ако падне цената на горивот а тој не намали цена, ќе се појави нов производител кој нема да е алчен и ќе понуди поефтин и така се регулира самиот пазар.

Збориме за ПРИЧИНАТА за акциза. Ако и после претходно наброеново од повеќе членови не сакате да сфатите, тогаш ќе осетите по свој џеб. ОСВЕН ако не сте вработени во Администрација. Ама и тогаш треба да знаете ако го исцицате реален сектор ќе го снема а со тоа и администрацијата.

кој кому зема, кои се тие богати од кои треба да се земе и што да се земе.
Па ако даноци акцизи не се ЗЕМАЊЕ, незнам што е. А тоа го правдаат да се изедначело општеството :tapp:
Што не смислат мерка како посиромашните слоеви да станат побогати, а не како да им одземеш.

А за ЕУ не сте ни свесни колку е блиску нивниот распад. УК веќе си замина :sneaky:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.625
Поени од реакции
16.832
Неколку пати кажувам бе Владе, сиот социјализам го плаќавме приватниците. А од друга страна односот на државата кон приватниот сектор беше како партизаните кон боржуазијата во 1945, сите ги прогласија за петоколонаши и квислинзи.
Или ќе ќутиш и ќе трпиш или ќе те нема.
еден братучед на сопругаата беше по бизнисот и пред 20 години сакаше да купи ауди А8 ... отворено му кажаа, во А8 смее само Бране да се вози, ти само А6 или помало:cool:,
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.409
Поени од реакции
35.081
народ ко народ ќе збори некој ден дека е поскапо и после ќе си се навикне и пак ќе купува.
Ова е типичен СДС потценувачки став, една од многуте причини зошто тие другите (ДПНЕ) беа на власт 11 години (и ќе беа сеуште, да не се вмешаа сТранците заради свои лични интереси).


Проблемот што ти го кажува @Lurtz со цените не е во зголемувањето на акцизата туку проблемот е во логиката на приватњаците кои што секогаш само гледаат да зголемат цена на производ и да дојдат до поголем профит.
Празно релативизрање ти е ова, потполно исто како и тоа на Љурц погоре. Не можеш ти во било која држава, која е декларирана како слободна - на претприемачи да им диктираш какви цени ќе поставуваат за своите производи/услуги. Цената ја одредува пазарот, преку понуда и побарувачка.

Зголемувањето на акцизата за дизелот е нешто сосема друго и неповрзано со тоа што го верглате заедно со другарот Лурц. Вие едноставно кажано промовирате теза дека сите ние треба со кеиф да се согласиме дека за нас е добро да се покачуваат таксите и даноците.
Пак ќе кажам, одобрување на покачување такси и даноци го прават само партиски полтрони, или многу глупи луѓе... Во која група спаѓаш ти? :coffee:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
Па ако даноци акцизи не се ЗЕМАЊЕ, незнам што е. А тоа го правдаат да се изедначело општеството :tapp:
Што не смислат мерка како посиромашните слоеви да станат побогати, а не како да им одземеш.

А за ЕУ не сте ни свесни колку е блиску нивниот распад. УК веќе си замина :sneaky:
па не знам зашто потенцираш дека земаат од богатите кога земаат од сите. И од мене како семејство и како вработен и од тебе како фирма...
Затоа те прашав кои се решенијата за причините и санирање на последиците без да се зголемат давачките, а согласно нашата економија.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.462
Поени од реакции
18.467
Ами ајде сите ке отвориме бизниси и ке бидиме газди :facepalm:
За работници ке се најдат.
И сега што не ти е по кеф уствари.Што треба да го пријавиш секој вработен ? Што треба плата да му дадеш на вработениот? Што треба да му ја префрлиш преку банка? Што заедно со платата му плаќаш и придонеси? Што треба да му дадеш К_15? Што треба да му дадеш одмор од 21 работен ден во годината? Што треба да му плаќаш прекувремено или дупла дневница ако сакаш да ти работи во неработен ден? Што неможеш да го дупиш како што сакаш пошто ке си замини оти и има кај да замини и не зависи само од тебе за работа ?
Сакаш уште да ти набројувам или доста е ова.
Така да сериозно ме интересира ти како газда што не ти е по кеф конкретно?
Ти ќе ми зборуваш за придонеси! Во целиот период кога имам приватна фирма сум бил без платено здравствено можеби 3 години. Таков е бизнисот нема секогаш пари на периоди има, на периоди нема, и сум се тресел да не се поболи некое дете оти немаш плави картони и сите лекови ќе ги плаќаш на приватно. Или пак жена ми кога требаше да излези од болница, трчај моли да ти платат тие што ти должат за да излези од болница без да плаќаш на приватно, оти парите после ќе се ги видиш ко ќе роди врбата грозје.

И нај трагично е што јас пак си ги плаќав придонесите сите до еден, ама немав привилегија да користам бесплатно здравство во твој период.

Инаку вака како вработен во приватно кај друг газда ти ги поддржуваш ДПМНЕ само оти сега имаш редовно пензиско и здравствено?[DOUBLEPOST=1509882461][/DOUBLEPOST]
еден братучед на сопругаата беше по бизнисот и пред 20 години сакаше да купи ауди А8 ... отворено му кажаа, во А8 смее само Бране да се вози, ти само А6 или помало:cool:,
Претоставувам затоа Никола сакаше да стани подобар од Бране
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Да му предложите на Рашковски да каче и дрвата на 6000 денари, така двојно помалку ќе се загадува, а и граѓаните ќе ги трошат своите масни наслаги за загревање,
со тоа ќе имаме дупло поздрава држава и по воздух и по дух и тело.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
B

Bafra

Гостин
па не знам зашто потенцираш дека земаат од богатите кога земаат од сите. И од мене како семејство и како вработен и од тебе како фирма...
Затоа те прашав кои се решенијата за причините и санирање на последиците без да се зголемат давачките, а согласно нашата економија.
Шефе ЈАС НЕ потенцирам.
Тоа Бранимир и Тевдо цело време го зборат. Од богатите, богатите возеле, богатите имале.....
И пази ова, според нив дефиниција на богати е секој што има приход поголем од 1.000 евра. :facepalm:

И ти кажав кои се решенијата баш за нашата економија, не сме ни Швајцарија ни Катар.
Ама некако ги избегнувате тие решенија или па биле болни.
Ова зголемување ќе има уште поболни последици ама јбг.
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
795
Поени од реакции
330
Aко трошиш еден резервоар нафта месечно ова ќе ти го зголеми трошокот за 200 денари. Не дека е позитивно тоа ама нема ништо да ти смени.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
Шефе ЈАС НЕ потенцирам.
Тоа Бранимир и Тевдо цело време го зборат.
сега го читам ама тоа се изјави на Јовановиќ како да се оправдаат нови давачки, што не значи дека се вистинити или дека се согласувам со него. Не знам зошто ми се обраќаш со вие, наместо да им се обратиш на нивните.
http://www.libertas.mk/branimir-jovanovik-od-finansii-dade-7-prichini-za-zgolemuvane-na-aktsizata-za-dizelot/
И ти кажав кои се решенијата баш за нашата економија, не сме ни Швајцарија ни Катар.
добро, тоа и јас го велам. Според реалниот сектор, порастот и продуктивноста, во Македонија државен апарат веројатно не треба ни да постои. Секоја трета четврта фирма од оние со кои сум зборел, те е во мирување, те стечај, те блокирана...А Ќе го пуштиш линкот од постот каде тие решенија конкретно си ги споменал? последните 5-6 страни не можев ништо конкретно за тоа да најдам.
 
Последно уредено:

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Aко трошиш еден резервоар нафта месечно ова ќе ти го зголеми трошокот за 200 денари. Не дека е позитивно тоа ама нема ништо да ти смени.
Генијалец.
 
B

Bafra

Гостин
сега го читам ама тоа се изјави на Јовановиќ како да се оправдаат нови давачки, што не значи дека се вистинити или дека се согласувам со него. Не знам зошто ми се обраќаш со вие. Треба да им се обратиш на нивните партии.
http://www.libertas.mk/branimir-jovanovik-od-finansii-dade-7-prichini-za-zgolemuvane-na-aktsizata-za-dizelot/
добро, тоа и јас го велам. Според реалниот сектор, порастот и продуктивноста, во Македонија државен апарат веројатно не треба ни да постои. Секоја трета четврта фирма од оние со кои сум зборел, те е во мирување, те стечај, те блокирана...А Ќе го пуштиш линкот од постот каде тие решенија конкретно си ги споменал? последните 5-6 страни не можев ништо конкретно за тоа да најдам.
130 страна, последниот пост.
Кои се причините, штом ги знаеш причините тогаш лесно е за средување.

Зборам Вие во смисла на луѓето кои објаснувате како воопшто акцизата не е страшна а и нејзино зголемување, а не во смисла сдс-дпне.

Тоа богатите и Тевдовски го збори и вергла цело време. И на ТВ дебати и по весници, со цел на народот полесно да му влезе. Сам кажа од сега го збори прогресивниот данок за народот да се навикне психолошки, после да нема протести како хонорарците.
Малку акциза, малку прогресивен данок, малку данок на имот малку главичката и ОП цел ни влегол.
Епа да ми извинат можда сум беспомошен ама НЕ сум глуп и наивен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom