FILM CLUB (КРУГ 5) (204. Palmer: 28.10-10.11.2024)

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.014
Corvus, ljubavi, zaso filmov? :D

Ne... nemav ic zelba da go gledam, ama ako batalev ke mi se nasoberea pak ko prosliot pat. Pa eve so malce kasnenje... Filmot na pocetok mi bese mnogu los, sve me nervirase, od teatranosta, do kostumite i boite ko instagram filter... peenjeto, o, peenjeto, mislam deka nitu eden film vaka uste od pocetok nemam mrazeno. A najrazocaruvacko bese sto, you dont get to be THAT annoying i da traes 2ipol casa. No... ponatamu legnuva, del radi toa sto si investiran vise, del sto sakas malku poveke da doznaes. Pa moram da napomenam deka so takov start filmot da stigne do prosek pa malku i nad e sosema solidno. Celovkupniot izgled na filmot so tek na vreme mi sozdade cuvstvo na bajka, ko sve sto gledam da mi e u glava, slicno na toa koa citam kniga. Pa toa bese podobruvanje. Prikaznata ocekuvav poveke, epten nekako obicno... mozebi bidejki nisto ne znaev, a Fantomot od Operata zvucese tolku kultno i poznato od sekogas... mozebi sum vlegol i so visoki ocekuvanja, no sepak ne bese premnogu losa, emocionalnata rasparcenost i tovar na karakterite mi go izvozija kolku tolku. Da se najdev da navivam barem troska za nekoj i nesto ke dobiese poise od prolazna. Se na se, prosek film, lesno zaboravliv od moja strana, megutoa kolku i da go hejtam sepak mora da se priznae deka e mnogu unikatno i solidno ekraniziranje, se gleda trudot i vlozenosta vo produkcijata.

2.5 / 5
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Corvus, ljubavi, zaso filmov? :D

Ne... nemav ic zelba da go gledam, ama ako batalev ke mi se nasoberea pak ko prosliot pat. Pa eve so malce kasnenje... Filmot na pocetok mi bese mnogu los, sve me nervirase, od teatranosta, do kostumite i boite ko instagram filter... peenjeto, o, peenjeto, mislam deka nitu eden film vaka uste od pocetok nemam mrazeno. A najrazocaruvacko bese sto, you dont get to be THAT annoying i da traes 2ipol casa. No... ponatamu legnuva, del radi toa sto si investiran vise, del sto sakas malku poveke da doznaes. Pa moram da napomenam deka so takov start filmot da stigne do prosek pa malku i nad e sosema solidno. Celovkupniot izgled na filmot so tek na vreme mi sozdade cuvstvo na bajka, ko sve sto gledam da mi e u glava, slicno na toa koa citam kniga. Pa toa bese podobruvanje. Prikaznata ocekuvav poveke, epten nekako obicno... mozebi bidejki nisto ne znaev, a Fantomot od Operata zvucese tolku kultno i poznato od sekogas... mozebi sum vlegol i so visoki ocekuvanja, no sepak ne bese premnogu losa, emocionalnata rasparcenost i tovar na karakterite mi go izvozija kolku tolku. Da se najdev da navivam barem troska za nekoj i nesto ke dobiese poise od prolazna. Se na se, prosek film, lesno zaboravliv od moja strana, megutoa kolku i da go hejtam sepak mora da se priznae deka e mnogu unikatno i solidno ekraniziranje, se gleda trudot i vlozenosta vo produkcijata.

2.5 / 5
Stay tuned, мора да те погодам еднаш! Да ти вратам за прекрасностите што ми ги разбуди со Only Lovers Left Alive :love:
Сакав нешто поноктурно да биде, да одговара со амбиентот.
Имам некои минималистички симпатични pictures во залиха, ама чекам сезона да им дојде, немам вотовски :(
You'll have to settle for mediocrity for now.

Also, <3[DOUBLEPOST=1509743775][/DOUBLEPOST]А сега, задоцнет #tbt The World is Big and Salvation Lurks Around The Corner, предлог на @Zlatikevichius

Филмов е лудница! Многу го сакам. За да го испоштовам Злате, го гледав дента кога му беше роденден. Не треба торта Злате, филмов беше и повеќе од доволно.
Јас сум воглавно скептична за балканска кинематографија, и ретко ја следам, уште поретко ја гледам. Ме нервираат депресијата и егзистенцијализмот, едните те исти мотиви што се вртат и секако... транзицијата, па играм безбедно и ги избегнувам altogether. Посебно бегам од бугарските зашто ме нервира јазикот. Ама ова беше a sight for sore eyes. Многу ми се свиѓаше атмосферата на филмот ( а богами и Сашко), филгуд, лесен, на моменти комичен, на моменти трагичен, И ЦЕЛО ВРЕМЕ ИГРАА ТАБЛА! Секој табла-ентузијаст, мора да го глеа филмов, мене ептен ми го improve-на филмот тој детаљ, што и не беше толку детаљ зашто цел филм околу табла се вртеше. Ликовиве животни лекции научија од таблањево, effing awesome.
Тоа што не ми се свиѓаше, и овој како и се друго што има излезено од Балканов, мораше да имплементира политика, па пола филм - ретроспектива се занимаваше исклучиво со тоа, имаше дури и една сцена што беше ептен 1984 inspired, па некако тоа не ми се свиѓаше. Толку многу беше евидентна разликата во атмосфера помеѓу минатото и сегашноста што на моменти ми делуваше ко различни филмови да гледам: едниот политичка драма; другиот филгуд комедија. Ама не е тоа толку битно зашто во глобала филмот беше многу enjoyable.
Актериве од главни до споредни беа солидни, поготово двајцата главни не потфрлија уопште, се си беше на место од тој аспект.
Толку ми текнува без да навлегувам во конкретни сцени и да разглабам плот, така што се одјавувам.

7/10
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.625
Поени од реакции
36.355
Еве и јас со задоцнета анализа (и мислење за филмовите, ама подолу), зашто минатава недела се расправавме со тонзилектомии и аденоидектомии, па едвај седнував на компјутер (освен во средата кога успеав да изгледам цела сезона на серија). Вака значи - до денес, само шестмина (вклучувајќи ме и мене) го изгледаа Фантомот од операта (какво непочитување кон нашата драга @Corvus , shame on you) и му дадоа средна оценка 6,8. Го испуштија: @devilko , @Goodfella , @Хоуп , @Zarniwoop , @Вокерка , @Толстој , @Angello , а исто така не се вратија и оние кои од претходно добија црвен картон: @Донев и @dejan_k . Од овие кои го испуштија, сите освен @Zarniwoop и @Хоуп имаат по два неизгледани, па не знам дали треба да ве потсетам што ќе се случи ако не го гледате и Land of Mine.

Одиме понатаму...
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.625
Поени од реакции
36.355
The Phantom of the Opera - не можам да речам дека не ми се допадна, ОК беше, забавен, особено втората половина, Фионче беше срценце :love:, но морам да се согласам со некои од мислењата погоре како на пример дека музиката беше премногу повторлива, и на моменти досадна; дека немаше ништо впечатливо во песните, и така по филмов во главата ми остана само тоа „The phaaaaantom in the opera is heeeere...“ и ништо друго, а по речиси секој мјузикл кој сум го гледал, некои од песните ми одѕвонуваа во глава и со недели подоцна (пак пример: City of Stars не можев да ја извадам од глава и со месеци по La La Land); дека беше смешно тоа со маската на Фантомот и дека и со лузната која некако мистериозно се прошири откако овој ја извади маската, пак изгледаше поубаво отколку овој кој и стана маж подоцна... За крајот не се согласувам дека беше лош, мене многу ми се допадна. Ружата на нејзиниот гроб ме наежи до максимум, многу ми беше романтичарски, ме потсети на наздравувачот на По и ружите на неговиот гроб, а и целата таа готска атмосфера во црно-белите сцени ми беше многу впечатлива. Друго што не ми се допадна: премногу очигледно беше дека „пејат на плејбек“. :D Фиона се познаваше дека цело време само устата ја отвора. Ваков впечаток немав по Singing in the Rain, на пример, или по La La Land, Across the Universe и некои други мјузикли кои сум ги гледал од порано. Исто, многу ме нервираше пеењето на таа оперската дива - буквално ми звучеше ко коза да блее. Толку ме иритираше што на моменти сакав да го прекинам или да скокнам некоја сцена. Сепак, сумирано, по целата атмосфера, по романтичарските елементи и мотиви, по приказната апстрахирана од пеења, блеења и отворања усти, ова ми беше солидно филмче, со солидна, цврста 7/10 од мене. И убава промена во клубов. Третиов круг е навистина разновиден, нели @wot ?
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.625
Поени од реакции
36.355
Land of Mine - ме изненади кога видов дека само четворица од моите пријатели на LB пред предложувањето го гледале, а само @Хоуп од клубов. Знаете дека филмов беше еден од петте номинирани за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје лани, за 2016, и ќе беше позаслужено да го земе Оскарот отколку иранскиот The Salesman, иако бев по малку разочаран од изборот на Данците на овој филм за нивни кандидат. Не дека не ми се допадна, туку дека премногу наликуваше на нивниот кандидат од претходната година, 2015, Krigen / A War, исто така номиниран за Оскар во истата категорија. За тоа знаете дека се мајстори - во последните 6 години само еднаш не успеле да влезат во shortlist-ата во јануари (во 2014), и имаат дури 4 номинации и еден Оскар (за Haevnen, во 2010). Некако повеќе ми се допаѓаа нивните претходни кандидати, како Jagten (The Hunt), Haevnen (In a Better World), но генерално и Under sandet (Land of Mine) беше добар филм, не можам да негирам. Моето разочарување веројатно се должеше на тоа што 2016 беше навистина силна филмска година кога се странските филмови во прашање, па во споредба со некои од нив, Land of Mine ми изгледаше бледо. Сега, кога го ѕирнав по втор пат, некако дури и подобар впечаток ми остави. Самата приказна наежува, реализацијата на моменти прави мачнини во стомакот и често ме доведуваше до ситуација да можам да повратам, а и кога ќе ти текне дека е снимен според вистински настани... те остава занемен. Филмов сепак прикажува и една друга страна, дека постојат луѓе, без разлика на која страна на фронтот се борат, кои имаат срце и кои се луѓе и спрема оние кои им наштетиле (иако малку грубо звучи ова - иако воени заробеници, сепак беа деца и не верувам дека тие којзнае колку наштетиле некому, единствено се бореле на погрешната страна). Некако ко да го направив каша-попара ова мое кратко „рецензииче“, ама не знам и што друго би кажал за филмов, да бидам искрен. Колкави квалитети и да има, приказната е она на што најмногу се потпира, и е неговата најсилна страна. Оценката останува иста како и по првото гледање - 7/10.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.014
и така по филмов во главата ми остана само тоа „The phaaaaantom in the opera is heeeere...“ и ништо друго
ISTO. :D Zaboraviv da pisam deka ne profunkcionira ko musical bas poso nemase memorable pesni.
Vakov bev uvek koa ke se cuese od nikade... „The phaaaaantom in the opera is heeeere...“



И убава промена во клубов. Третиов круг е навистина разновиден, нели @wot ?
Jeste. Problemot bese vo toa sto ovie meseci se gledase po 5-6 filma na mesec od moja strana i obicno se filmovi koi navistina sakas da gi izgledas i nemas zelba za maratoni i slicno (ne anon, ne e do nemanjeto vreme) i nemas bas zelba koa gledas 5 na mesec 3 da ti se nekoja "obvrska". Nejse, da, odlicen krugov. Zimskite dolgi denovi ke bidat za vrakanje dolg, tie od vtor krug, "dosadnite", "dosadniot krug". :D

A sto se dogovorivme, ovoj na zarniwop ke go gledame ili ke se praeme deka sme go gledale i ke komentirame random genericki recenici opisuvajki go plotot na filmot spored imdb? :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.625
Поени од реакции
36.355
A sto se dogovorivme, ovoj na zarniwop ke go gledame ili ke se praeme deka sme go gledale i ke komentirame random genericki recenici opisuvajki go plotot na filmot spored imdb? :D
Па ти и онака не си го гледал. :D Јас го ѕирнав, пак, иако лани го гледав, баш истиов период, пред Синедејс.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.478
Јас го гледав годинава не мислам пак да го гледам, да не заспијам исто како вториот пат кога не го репризирав, ако прифаќате запишете таму со жолто.

Таму некои млади германски војници ги тераа да ја чистат плажата од мини, 7.5 од мене.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.560
Land of Mine (2015)

Многу добро осмислен е англискиот превод на филмов со двојно значење.
Се работи за поствоена драма, во една ситуација кога страните ги менуваат улогите. Германците се заробеници, а данците и британците се лошите момци кои ја користат ситуацијата да се ситат на позицијата во која се наоѓаат младите војници, кои треба да се искупат за сето она што нивните сонародници го сториле за време на војната.
Започнува одлично, особено е добра сцената на обуката и како истата се разрешува, со оглед дека сите очекуваат да се случи нешто кога катастрофата е речиси неминовна во комбиниција на екплозицни направи и почетници кои ги деактвиират. Но потоа како да паѓа ритамот и филмот преоѓа во класична драма која што не покажува ништо ново што претходно не е видено.
Убав развој на ликовите, особено на поручникот кој сакал - не сакал мораше постепено улогата на затворски чувар да ја замени со улогата на некој вид учител или тренер. Увиде дека затворениците што му беа доделени се само деца, вовлечени во војната не по своја вина и го ставаат својот живот на коцка за да исправат туѓи грешки.
Добра фотографија, натуралистички пристап со ослабен колорит кој после „Спасувајќи го војникот Рајан“ како да стана стандард за филмови со воена тематика. Музиката исто придонесуваше за атмосферата на напнатост и исчекување на најлошото, но како само тогаш да беше присутна. Тонски мислам дека има голем простор за подобрување.
Се на се солиден филм, кој уште еднаш не потсетува на бесмисленоста и суровоста на војната.
7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.625
Поени од реакции
36.355
Многу добро осмислен е англискиот превод на филмов со двојно значење.
Да, баш. А и веројатно е различен од оригиналниот наслов. Не знам дански, но по некоја логика "Under sandet" ми личи на "Под песокот".
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.560
Да, преводот на данскиот наслов е „Под песокот“.
А како ли би се превел англискиот?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.731
Поени од реакции
27.718
Ејјј, што е со скандинавија и депресииве бе, алоу!?
Во секој случај ми се допадна филмот. Ми се допадна двојното значење на насловот (едит: ерм, сеа читам за оригиналниот наслов -.-). Ми се допадна глумата, музиката.
Депресија до депресија. Млади момчиња дисармуваат мини, гладни, жедни. Во слободно време 10 минути расправаат како да го крстат бумбарот. Тим. Берни. Тим. Берни. Тим Берни.
Мечтаат за својата земја. Во суштина, они се само жртва на една лоша идеологија. И двојна жртва на одмазда.
Го имаме полковникот. Строг, лош, немилосерден.
Но они се деца. Он поминува време со нив. Ќе се разбуди доброто во него.
Веќе се видени ваквите филмови, депресивни моменти од војна, урлање, дисциплина... убави моменти кај што си мечтаат за дома. Но квалитетно беше сето тоа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.625
Поени од реакции
36.355
Некако брзо ми помина времето. Денес е последен ден, практично имате само уште 2 часа, ама недела е, повеќето по дома, па зошто да не си го пуштите Land of Mine - @Anon , @devilko , @Goodfella , @wot , @Corvus , @Zarniwoop , @Gazpapir , @Толстој и @Angello .

Утре од сабајле нема да бидам во можност, па да не ме чекате - @Вокерка требаше следна да предложува, но поради обврски, се откажа, и нејзиното место го презеде следниот на листата - @Gazpapir кој во клубов предложува по прв пат. Го чекаме до утре вечер, најдоцна до 20:00 да ни каже кој е филмот, ако не, ќе ви кажам јас штом стигнам дома. Инаку, тоа ќе биде јубилејниот 50-ти филм во клубот.[DOUBLEPOST=1510519250][/DOUBLEPOST]
депресивни моменти од војна
Овој не е баш од војна, туку пост-војна. Инаку, приморувањето на децата-воени заробеници да ги чистат плажите од мини, е прогласено за најголемо воено злосторство од страна на Данска (ако успеав да го преведам ова добро, ако не, се надевам дека ме разбравте :P)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.014
Некако брзо ми помина времето. Денес е последен ден, практично имате само уште 2 часа, ама недела е, повеќето по дома, па зошто да не си го пуштите Land of Mine - @Anon , @devilko , @Goodfella , @wot , @Corvus , @Zarniwoop , @Gazpapir , @Толстој и @Angello .

Утре од сабајле нема да бидам во можност, па да не ме чекате - @Вокерка требаше следна да предложува, но поради обврски, се откажа, и нејзиното место го презеде следниот на листата - @Gazpapir кој во клубов предложува по прв пат. Го чекаме до утре вечер, најдоцна до 20:00 да ни каже кој е филмот, ако не, ќе ви кажам јас штом стигнам дома. Инаку, тоа ќе биде јубилејниот 50-ти филм во клубот.[DOUBLEPOST=1510519250][/DOUBLEPOST]
Овој не е баш од војна, туку пост-војна. Инаку, приморувањето на децата-воени заробеници да ги чистат плажите од мини, е прогласено за најголемо воено злосторство од страна на Данска (ако успеав да го преведам ова добро, ако не, се надевам дека ме разбравте :P)
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Го гледав јас уште одма, ама не знам што да пишам.
Not to offend anyone, ама ептен просек ми беше. Типизирани протагонисти/антагонисти, типичен главен лик во развој, другите статични. Единствено што беше различно беше перспективата од која што се гледа војната. Па така тука фашистите беа добрите, а Алијансата беше апсолутистички лоша. Во голем дел филмот ми беше досаден и не допре до мене, не ги ни разликував многу децава, само близнаците ги знаев кои се, па на нив нешто поеќе се посветив, ама и тие умреа, па...
Нема многу што да се зборува за филмов, плотот тој е, цел филм деминираат. За оние што сакаат клиширани воени филмови, е кец на десетка, многу слично како оние што сакаат клиширани ромкоми па ги пуштаат знаејќи го целиот тек на филмот. Мене ми беше таков, последните два воени филмови што ги гледав беа Hacksaw Ridge и Dunkirk, и истите се за неколку класи над овој, па може и затоа не ми беше којзнае што. Жими кадрите и музиката што ми се свиѓаа, другово се ми беше просек, па може најдобро е да завршам тука.

6/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom