Македонска берза

Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102
Problemot sto go imam so Tetex i site ostanati tekstilni firmi, e kako ke go izdrzat najavenoto zgolemuvanje na minimalnata plata? Tie veke se pogodeni od prethodnoto zgolemuvanje od prethodnata vlada, koe ne bese tolku golemo kako najaveniov minimalec od 200 jura.

Ako go gledame izvestajot na Moda na pr., pagja vo oci ogromniot porast vo troshoci za vraboteni, koj prakticno ja jade celata dobivka. So predvidenoto zgolemuvanje ke se dovede vo prashanje opravdanosta na toj biznis vo celina.

Verojatno za Tetex ke bese popametno da investiraat vo tehnologija sto ke im ja podobri produktivnosta, namesto sto se rasfrlaat so dividendi. Moze zatoa akcijata pagja?
Eve gi bubi kvartalnite izveshtai...
Troshokot za plati kaj tete e sigurno pomal za cela firma otkolku sto zema Zivko od alkaloid sam. analiziraj gi kje vidish deka troshokot za plati se namaluva, znaci koj si bega od vrabotenite ili se penzionira, ne se vrabotuva nov. Mene I se mi se cini ova osnovniot biznis na tete se cuva za.da ne se brkaat vrabotenite, cisto od humani pricini. Keshot ovde idi od kirii I dividendi, I po nekoja prodazba na bezobrazno potcenetite nedviznosti...

Operativna dobivka (kakva takva) I dobivka po akcija od 116 denari za 9 meseci, ne e losho, sega cekam pozitivni vesti za medicinska plastika...
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
636
Поени од реакции
623
Има некој инсајдерески информации или што е работата околу ТТК банка. Генерално на полугодие имаа одличен извештај и сега постепено паѓа цената пред кварталниот извештај
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Znaes Deki deka imas pravo. Vsusnost, so ogled sto investiranje vo akcii i medviznosti im stanuva osnovna dejnost, tie prihodi bi trebalo da gi knizat kako operativna dobivka. Jas bar pocnav taka da gi knizam vo moive matematiki za EV/EBITDA. I znaes sto? Iskaca matematikata!

Steta sto ne te poslushav da si kupam na diskont, ama i segashnava cena ne e visoka
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Никелот денес +5%, а добро му иде во последно време . . .
Ако продолжи вака ќе се извлечат банките од гомна . . .
Се надевам дека Бугарите брзо ќе ги откачат и ќе закачат некој сериозен инвеститор кој е во браншата. Можда и ќе видиме дивиденда напролет инаку тенка работа :) .

http://www.kitcometals.com/
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Стечај за Фени СТЕЧАЈ е стечај има лешеви само нема извлекување, отидоа 80% од банките во була, а со тоа и целата економија и никој не коментира,само Бошко храбри со цената на никелот изгледа има за излагање од кмб.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Мене од муабетот на Хари не ми личи дека компанијата ќе се затвори. Ова ми изгледа на игра покер со блефирање односно банките сакаат да ги присилат инвеститорите на некој компромис.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.890
Поени од реакции
17.114
Стечај за Фени СТЕЧАЈ е стечај има лешеви само нема извлекување, отидоа 80% од банките во була, а со тоа и целата економија и никој не коментира,само Бошко храбри со цената на никелот изгледа има за излагање од кмб.
може треба да уведат за да продадеш хартии од банка да треба да платиш, исто како кога затвараш сметка :icon_mrgr:
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.320
Поени од реакции
2.391
Ајде доста беше политика, да дискутираме малку за прашања кои се во наш интерес, и со чие решавање би се едуцирала и надоградила цела инвеститорска јавност во МК.

Од поодамна немам ништо напишано, па еве малку транспарентно да споделам нешто на форумов. Во исто време барам и конструктивни предлози од вас, како наједноставно и најбрзо би течела постапката т.е. процесот за конверзија на приоритетните во обични акции од СТБ.
Имаме континуирана комуникација со соодветните луѓе од СТБ, па во соработка со КХВ и ЦДХВ, ќе пробаме да издејствуваме решение на ова прашање:

Првата и наједноставна варијанта што се предлага е следнава:
1.1 Се изгласува зголемување на номиналот на приоритетните акции на 402,2 со пренос на 500.376,8 денари од резервите на сметката на капитал од СТБ.
1.2. Се поделувааат приоритетните акции така што секоја издадена приоритетна акција се дели на две со номинал 201,1 денари.
1.3. Се претвораат 227.444 приоритетни акции со номинал 400 денари во 454.888 обични акции со номинал 201,1 денари.
1.4. Се спроведува постапка во сите надлежни регистри и институции за заменување на износот на основен капитал и наместо 17.460.180 обични акции со номинал 201,1 денари и 227.444 приоритетни акции со номинал 400 денари, се евидентира дека капиталот на банката е поделен на 17.915.068 обични акции со номинал 201,1 денари или 3.602.720.174,80 денари.

Како алтернативна варијанта, која наоѓа примена во странство, но би била многу посложена за да се изведе кај нас е следнава:
2.1. Се изгласува скрип-дивиденда за имателите на приоритетни акции на вкупен износ од 500.376,8 со цел зголемување на номиналот од 400 на 402,2, одлука за поделба на приоритетните акции на две и одлука за претворање на приоритетните акции во обични. За секој имател на обични акции се отвора посебна сметка на која се исплатува дивиденда од 2,2 денари за секоја приоритетна акција. Скрип-дивидендата се исплатува на сметки во ЦДХВ со пресечен датум на датумот на поделба на 227.444 приоритетни акции со номинал 402,2 во 454.888 приоритетни акции со номинал 201,1 и нивна конверзија во ЦДХВ во обични акции со номинал 201.1 ...

Ако има некој предлог слободно нека пише. Целта е да се конвертираат сите приоритетни наеднаш, без одолговлекување по години, како што беше случајот кај КМБ. Исто, евидентен е проблемот со простата неделливост на двете номинални вредности кај двата рода на акции.

П.С. За имателите само на обични акции да напишам да не се вознемируваат премногу поради евентуалното намалувањето на вредноста на обичните акции со нивното разводнување, затоа што се работи за 1%, и со тоа цената би се намалила за помалку од 10 денари. Но, решавањето на ова прашање би била јасна порака дека се средува капиталот и дека тоа е активности пред продажба.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
1.Прво прашање е дали собравте кворум на акционери на партиципативни акции и имате доволонен број на гласови да побарате да се стави и гласа на дневен ред на собрание?
-се оваа што го имаш напишано е техничка постапка без 1. услов нема натака.

2. Незнам какво е замислено тоа пренесување од резервите во капитал на банката, резервите се капитал на банката, ако мислиш за други средства кои можат да послужат како дел од адекватниот капитал, тоа не е иста процедура.
 
1. Ние имаме собрано над 35% - 40% од вкупните приоритетни акции, со помош на банката нема да биде проблем да се собери кворум.
2. Целта е тие 500.376,8 денари или помалку од 10.000 евра кои фалат за полесно порамнување да се платат од сметка од резервите на банката.

Затоа пишувам тука, ако некој има некоја друга идеја, како би се спровела постапката полесно и побрзо, слободно нека напише.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
1. Со 35-40 % проценти ништо не правите ,ако добро ме држи секјавањето треба 75% да побарааат, а 51% од нив да гласаат или 75 не се секјавам. Од еден од надзор одбори рече дека имало обиди и во времето на бишев ама залудни биле да се соберат има доста луѓе умрени , заборавени дури 3% од обицните се водат на сметка непознати во цдхв, а не па овие.
2. Идејата да соберете на тој начин нема да помине сметководствено е неможно да се изведе освен преку поништување/емитување а преку емитување на нови приоритен. за капиталот кој е потребен ке има др. проблеми . Мегјутоа тоа за џабе го збориме ако предусловот број 1 е неостварлив .
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.320
Поени од реакции
2.391
Имаме веќе коментирано тука, а и го има тоа во статутот и е јасно, треба да гласаат над 50%, од кои 2/3 ќе гласаат ЗА предлогот. Со нашите собрани, и само со вработените во банката тие над 50% ќе бидат собрани.
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Стечај за Фени СТЕЧАЈ е стечај има лешеви само нема извлекување, отидоа 80% од банките во була, а со тоа и целата економија и никој не коментира,само Бошко храбри со цената на никелот изгледа има за излагање од кмб.
Не пумпам јас како тебе. Немам потреба. Доволно ми беше некои други што напумпаа и што навреме оценив дека СТБ ќе се продава па влегував на 200 денари. Чував неколку години и распродадов скоро све на 1000 денари - 1200 денари ( со дивиденди). Влегував кога никој не ја сакаше, можеш да отвориш мојновац(за среќа вчера проработи). Ги покрив сите загуби и преминав во добар плус. Последниве две години живеам од дивиденди и немам намера да пумпам. Купував и ОХБ на 950, Бетон на 3450 ден., ТНБ на 1700 и сега сум во лер... КМБ прв пат купив на 1700 пред две години . . . .
За КМБ сум ситна риба . . . И на камени мост да се обесам неа нема да ја помрднам... Јас само се шлепам додека големите ја водат играта . . . Мое е да ги погодам долгорочните планови на фирмата, а не да порасне цената утре за 3%. 3% не ми покриваат ни провизии, а камо ли да профитирам . . .
Кога купувам пишувам дека сум купил, транспарентно . . .
Кога ќе продадам пишувам дека сум продал . . . .
Не се кријам. КМБ купив пред месец на 2939 денари, а продадов пред недела дена на 2830 денари. Можеби и ти нема логика, но јас шанса гледам и во корекцијата на цената и дај боже КМБ да падне на 2300 ден. Иако имам солидна количина КМБ ќе се израдувам на така голема корекција.
Околу стечајот во друго време. Верувај дека ФЕНИ ќе работи. Колку ќе заглават банките незнам?? Но бев сведок на стечајот на Жива каде банката преживеа и солидно помина, па така и КМБ. За некоја година сите ќе зборуваме за КМБ како денес што се зборува за СТБ... Тркалото се врти, тоа е банкарство. На вакваа ситуација бев сведок, но тогаш КМБ беше рибата, а СТБ дроља . . . Види тркалото денес се свртило . . . Беше тоа далечната 2011, мојновац е сведок, ПРОВЕРИ . . . Провери ги коментарите, вредноста на акциите и види што сум пишувал за СТБ, види и што сум купувал лесно се проверува . . . Мене не ми е грижа моменталната цена туку насоката на фирмата.
http://www.mojnovac.net/forumi/showthread.php?t=4042&page=40
(еве и доказ)
Провери на мојновац дали имало некој потранспарентен од мене. Филозофијата "да му умре козата на комшијата или жена му е курва" мене не ми е позната. Наебав јас од таквии во 2007, па не би сакал на некому да му го направам истото . . .

п.с.
1. Извини ако сум те навредил дека ја пумпаш СТБ... Немам потреба јас да пумпам кога други за мене тоа го работат... Искусен сум во овие работи. Ја преживеав кризата 2007-2009, па 2010-2013, но ако не беа тие кризи немаше да застанам на нозе. Претходно имав изгубено се. Корекциите се шанса.
2. КМБ има земено во Фени имот, а СТБ некоја руда што магично испарила за имот немам информации, па види ти чии ракави ќе останат покуси . . .
3. И @dekis купуваше Тетекс на 300-400 па јас му се чудев, а види го денес лапа дивиденда и го боли стапот . . .
4. http://www.mojnovac.net/forumi/showthread.php?t=4042&page=45
Последно мое купување на СТБ 21.07.2016 . . . . Провери кој бил најголем фан на СТБ со години, а денес продавам . . . Доволно ми се пари!!!

Овој реферат го пишувам за оние кои се помалку искусни, а не да му се покажувам и докажувам на Максимус . . . Искуството на МСЕ е побитно од сите книги... Тука важат посебни правила т.е. нема правила... Изгледа се вратив рано и трезен од град, па се заборавив во пишување :). Се извинувам нема да се повтори.
 
Последно уредено:
Член од
16 мај 2014
Мислења
462
Поени од реакции
370
Ајде доста беше политика, да дискутираме малку за прашања кои се во наш интерес, и со чие решавање би се едуцирала и надоградила цела инвеститорска јавност во МК.

Од поодамна немам ништо напишано, па еве малку транспарентно да споделам нешто на форумов. Во исто време барам и конструктивни предлози од вас, како наједноставно и најбрзо би течела постапката т.е. процесот за конверзија на приоритетните во обични акции од СТБ.
Имаме континуирана комуникација со соодветните луѓе од СТБ, па во соработка со КХВ и ЦДХВ, ќе пробаме да издејствуваме решение на ова прашање:

Првата и наједноставна варијанта што се предлага е следнава:
1.1 Се изгласува зголемување на номиналот на приоритетните акции на 402,2 со пренос на 500.376,8 денари од резервите на сметката на капитал од СТБ.
1.2. Се поделувааат приоритетните акции така што секоја издадена приоритетна акција се дели на две со номинал 201,1 денари.
1.3. Се претвораат 227.444 приоритетни акции со номинал 400 денари во 454.888 обични акции со номинал 201,1 денари.
1.4. Се спроведува постапка во сите надлежни регистри и институции за заменување на износот на основен капитал и наместо 17.460.180 обични акции со номинал 201,1 денари и 227.444 приоритетни акции со номинал 400 денари, се евидентира дека капиталот на банката е поделен на 17.915.068 обични акции со номинал 201,1 денари или 3.602.720.174,80 денари.

Како алтернативна варијанта, која наоѓа примена во странство, но би била многу посложена за да се изведе кај нас е следнава:
2.1. Се изгласува скрип-дивиденда за имателите на приоритетни акции на вкупен износ од 500.376,8 со цел зголемување на номиналот од 400 на 402,2, одлука за поделба на приоритетните акции на две и одлука за претворање на приоритетните акции во обични. За секој имател на обични акции се отвора посебна сметка на која се исплатува дивиденда од 2,2 денари за секоја приоритетна акција. Скрип-дивидендата се исплатува на сметки во ЦДХВ со пресечен датум на датумот на поделба на 227.444 приоритетни акции со номинал 402,2 во 454.888 приоритетни акции со номинал 201,1 и нивна конверзија во ЦДХВ во обични акции со номинал 201.1 ...

Ако има некој предлог слободно нека пише. Целта е да се конвертираат сите приоритетни наеднаш, без одолговлекување по години, како што беше случајот кај КМБ. Исто, евидентен е проблемот со простата неделливост на двете номинални вредности кај двата рода на акции.

П.С. За имателите само на обични акции да напишам да не се вознемируваат премногу поради евентуалното намалувањето на вредноста на обичните акции со нивното разводнување, затоа што се работи за 1%, и со тоа цената би се намалила за помалку од 10 денари. Но, решавањето на ова прашање би била јасна порака дека се средува капиталот и дека тоа е активности пред продажба.
Pa najdobra e prvata varijanta dokolku se slozni vo STB i nasive institucii da se izvede.
 
Член од
27 јули 2017
Мислења
54
Поени од реакции
37
Мене од муабетот на Хари не ми личи дека компанијата ќе се затвори. Ова ми изгледа на игра покер со блефирање односно банките сакаат да ги присилат инвеститорите на некој компромис.
Спрема некои информации, банките лобираат за шведски фонд да биде купец на фени,затоа на Бугарите им поставуваат невозмозни услови. Па да видеме што ке излезе на крај???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom