Стечај за Фени СТЕЧАЈ е стечај има лешеви само нема извлекување, отидоа 80% од банките во була, а со тоа и целата економија и никој не коментира,само Бошко храбри со цената на никелот изгледа има за излагање од кмб.
Не пумпам јас како тебе. Немам потреба. Доволно ми беше некои други што напумпаа и што навреме оценив дека СТБ ќе се продава па влегував на 200 денари. Чував неколку години и распродадов скоро све на 1000 денари - 1200 денари ( со дивиденди). Влегував кога никој не ја сакаше, можеш да отвориш мојновац(за среќа вчера проработи). Ги покрив сите загуби и преминав во добар плус. Последниве две години живеам од дивиденди и немам намера да пумпам. Купував и ОХБ на 950, Бетон на 3450 ден., ТНБ на 1700 и сега сум во лер... КМБ прв пат купив на 1700 пред две години . . . .
За КМБ сум ситна риба . . . И на камени мост да се обесам неа нема да ја помрднам... Јас само се шлепам додека големите ја водат играта . . . Мое е да ги погодам долгорочните планови на фирмата, а не да порасне цената утре за 3%. 3% не ми покриваат ни провизии, а камо ли да профитирам . . .
Кога купувам пишувам дека сум купил, транспарентно . . .
Кога ќе продадам пишувам дека сум продал . . . .
Не се кријам. КМБ купив пред месец на 2939 денари, а продадов пред недела дена на 2830 денари.
Можеби и ти нема логика, но јас шанса гледам и во корекцијата на цената и дај боже КМБ да падне на 2300 ден. Иако имам солидна количина КМБ ќе се израдувам на така голема корекција.
Околу стечајот во друго време.
Верувај дека ФЕНИ ќе работи. Колку ќе заглават банките незнам?? Но бев сведок на стечајот на Жива каде банката преживеа и солидно помина, па така и КМБ. За некоја година сите ќе зборуваме за КМБ како денес што се зборува за СТБ... Тркалото се врти, тоа е банкарство. На вакваа ситуација бев сведок, но тогаш КМБ беше рибата, а СТБ дроља . . . Види тркалото денес се свртило . . . Беше тоа далечната 2011, мојновац е сведок, ПРОВЕРИ . . . Провери ги коментарите, вредноста на акциите и види што сум пишувал за СТБ, види и што сум купувал лесно се проверува . . .
Мене не ми е грижа моменталната цена туку насоката на фирмата.
http://www.mojnovac.net/forumi/showthread.php?t=4042&page=40
(еве и доказ)
Провери на мојновац дали имало некој потранспарентен од мене. Филозофијата "да му умре козата на комшијата или жена му е курва" мене не ми е позната. Наебав јас од таквии во 2007, па не би сакал на некому да му го направам истото . . .
п.с.
1. Извини ако сум те навредил дека ја пумпаш СТБ... Немам потреба јас да пумпам кога други за мене тоа го работат... Искусен сум во овие работи. Ја преживеав кризата 2007-2009, па 2010-2013, но ако не беа тие кризи немаше да застанам на нозе. Претходно имав изгубено се.
Корекциите се шанса.
2.
КМБ има земено во Фени имот, а СТБ некоја руда што магично испарила за имот немам информации, па види ти чии ракави ќе останат покуси . . .
3. И
@dekis купуваше Тетекс на 300-400 па јас му се чудев, а види го денес лапа дивиденда и го боли стапот . . .
4.
http://www.mojnovac.net/forumi/showthread.php?t=4042&page=45
Последно мое купување на СТБ 21.07.2016 . . . . Провери кој бил најголем фан на СТБ со години, а денес продавам . . . Доволно ми се пари!!!
Овој реферат го пишувам за оние кои се помалку искусни, а не да му се покажувам и докажувам на Максимус . . . Искуството на МСЕ е побитно од сите книги... Тука важат посебни правила т.е. нема правила... Изгледа се вратив рано и трезен од град, па се заборавив во пишување

. Се извинувам нема да се повтори.