Закон за забрана на пушење

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го поддржувате законот за забрана на пушење?

  • Не, треба да се укине забраната

    Гласови: 13 7,0%
  • Треба да се модифицира за да имаат угостителите поголема слобода

    Гласови: 25 13,5%
  • Да, супер е во ваква форма

    Гласови: 37 20,0%
  • Треба да биде уште поригорозен

    Гласови: 110 59,5%

  • Вкупно гласачи
    185
Јас не идам на нивното, тие дојдоа на моето. :coffee:
Без разлика на твојата (пушачка) гледна точка, мора да признаеш дека ова е прв пат да ги видиме отворено да одат против официјалните партиски ставови. Каму среќа новопронајденава свест да се примени во сите аспекти од животот - замисли Македонија во која гласачите ќе ги гледаат своите интереси наместо заслепено да ги бранат партиските интереси... :)
Нека ги гледаат своите наместо партиските интереси, кој ги брани. Не дека многу ќе им поможи нешто тоа. Патем речено и јас имам право на глас и јас си ги гледам моите интереси а мене во интерес ми е да се укини овој закон како и на многу други кои се оштетени со моменталниот закон во случајот. Неможе републиката за едни да биди мајка за други макеа.[DOUBLEPOST=1508944345][/DOUBLEPOST]
Ова може со браќата твои или во круговите во кои што се движиш. Во нормалните средини не се пушеше.
Ами ко ви велам да се делиме вие не па не. Ние лево, вие десно и секој нека прави онака како мисли дека треба.
А дали се пушеше или не остај аман не ме убедвај.[DOUBLEPOST=1508944647][/DOUBLEPOST]
Се случува живот бе Владе, можеш да критикуваш закон кој го донела твојата партија.
Во право си дојде живот. Нема поќе да можиш да фаќаш кривини демек го шеташ детето а тупосан таму по кафичи со другарите да ми се мањачиш. Заврши таа приказна :P.
п.с Ехеее јас кога го критикував овој закон и тоа во време на режимот. Сега вас лесно ви е слобода, демократија па зедовте сила.
 
Последно уредено:
све ова се решава со вентилација и продолжено работно време од кое ќе си ги извадат парите за вентилацијата.
 
све ова се решава со вентилација и продолжено работно време од кое ќе си ги извадат парите за вентилацијата.
Не сум ни за пушење во по избор во кафулиња ни за продолжено работно време...нека си биде се по старо. Пушач сум ама не ми смета страшно ако излезам...освен може во зима...ама ако се дозволи внатре ептен ќе стане загушливо вака барем 2-3 цигари помалку пушам на излегување. А за времето ОК си е не ми се седи ептен до касно 1 е ОК...за други дискотеки итн...
Инаку за поригорозен од овој нема што да се тепаат тие што пушат...:toe:
 
Дали си саркастичен или не тоа е тоа, ако сакам чист воздух нема да се пикам во подруми во ниедно време.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
чист воздух е цивилизациска придобивка, а не избор. ама што би знаел ти за цивилизациски придобивки?[DOUBLEPOST=1508963399][/DOUBLEPOST]
Исто како што можеш да пиеш пиво на плоштад, кој е јавен простор.

Многу ти се јаки споредбиве, побратиме.[DOUBLEPOST=1508935327][/DOUBLEPOST]

Не ја терајте темата во неповрат.
Ако дискутираме дали сум за декриминализација и легализација на други работи, ќе се изјаснам и за тоа.

И стварно не се интересни ни примериве ни споредбиве.

Ај да дискутираме како ми штетат автомобилите што ги возите, ми скратуваат по 1,2 мнути дневно, пошо нели, штетни се за воздухот.
може ќе се наљутиш што ќе ти го прснам echo bubble-от
ама не смееш да пиеш алкохол на јавни простори.[DOUBLEPOST=1508963647][/DOUBLEPOST]и дали го прочитав најдобриот аргумент до сега:
некои кафичи не ја почитувале забраната,па затоа е подобро да се укине забраната.
некои кафичи не ја почитуваат законската обврска за плаќање данок, да ја укинеме обврската за плаќање данок?
 
Последно уредено:
До толку е лоша идеата со новиот закон што ме донесоа во ситуација на @Vanlok да морам лајк да му ставам. :(

Ставро :sneaky:, сакаш да се кладиме дека после 2 саати на кафе со Ванлок, ќе станеш како оној типот од Белата долина што кидна од луѓето во планина, па после ги бараше?
"Дајте ми недосадни луѓе, па ако сакаат и нека пушат, само да не се отоци", е тоа ќе бидат твоите крици изустени во претсмртната агонија предизвикана од досада.
 
^^
tumblr_mmnnt9obS31rty0rho1_500.gif
 
чист воздух е цивилизациска придобивка, а не избор. ама што би знаел ти за цивилизациски придобивки?[DOUBLEPOST=1508963399][/DOUBLEPOST]
може ќе се наљутиш што ќе ти го прснам echo bubble-от
ама не смееш да пиеш алкохол на јавни простори.[DOUBLEPOST=1508963647][/DOUBLEPOST]и дали го прочитав најдобриот аргумент до сега:
некои кафичи не ја почитувале забраната,па затоа е подобро да се укине забраната.
некои кафичи не ја почитуваат законската обврска за плаќање данок, да ја укинеме обврската за плаќање данок?
Никој нема да те затвори и да те тера да дишиш загаден воздух.
Ако не ти чини седи си дома, или шетај низ град.



Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Не треба ради нив,пушачите да дишеме загаден воздух
 
Никој нема да те затвори и да те тера да дишиш загаден воздух.
Ако не ти чини седи си дома, или шетај низ град.



Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
vice versa
ако не ти чини седи си дома или шетај низ град
 
Кога би функционирал системов ко што треба, не гледам причина зошто да не се отворат нешто налик на цигар-барс во Њујорк да речеме. Е сега објектот ќе треба да исполнува милион регулативи, од квадратура до каква вентилација има инсталирано, не сите вентилации само прават размена на воздух, постојат и такви со прочистувачи со вградени филтри, али коштаат ѓавол ипол и поскупи се за одржавање. Ако земеш целокупна инвестиција и лиценци, ќе излезе прилично скапо, али затоа и тие што сакаат да уживаат у пиво со цигара ќе си платат поскапо. Е сега вакво нешто во Македонија ми е незамисливо од проста причина што само за објекти од Скопје 2014 (го земам ко пример) знам какви дубари прави самата држава, во технички опис/спецификации на проект им стои дека треба да стават сименс сијалици, а они сакаат да стават некоја кинезарија и остатокот од парите да си ги поделат со тој што го добил тендерот за светла, на страна што тендерот го добива тој што ќе даде најголема провизија. Така да, не.
 
Е сега вакво нешто во Македонија ми е незамисливо од проста причина што само за објекти од Скопје 2014 (го земам ко пример) знам какви дубари прави самата држава, во технички опис/спецификации на проект им стои дека треба да стават сименс сијалици, а они сакаат да стават некоја кинезарија и остатокот од парите да си ги поделат со тој што го добил тендерот за светла, на страна што тендерот го добива тој што ќе даде најголема провизија. Така да, не.
Гледаш како со добра анализа се добива добар заклучок? :)

Овде малку ако се остави простор, ќе дојде до малверзации. Сегашниов закон таков каков што е, селективно се применува, само некаде и само за некој. Ете и власта се смени, па пак СЕ ИСТО ОСТАНА. Од другата страна на Вардар законот воглавно не важи, а и на оваа страна на некои места исто не важи (Балет, на пример).
 
Законот на вмороните беше со потенцијал да биде добар. И беше единствен таков, за разлика од сите други со кои ја растурија државата. Тоа значи дека само забраната за пушење внатре беше добра, а оние најлон-варијанти само го грдат градот и се злоупотребуваат за зголемување на корисен простор на кафаните.
Теориите дека "туризмот, угостителството зависеле од пушење внатре" потсеќаат на малоумен муабет на типичен џибер од скопски газда на кафана кој не се разбира од основни угостителски правила и тоа го работи од што не може друго, а стекнал некоја пара.
Сега треба да се искористи моментот и да се регулираат и димензиите на угостителските објекти и што треба тие да исполнуваат. Не може секоја рупа да биде кафана. Ете како за пример ќе ја земам кафаната на ексминистерот спире во Тафталиџе - нема паркинг, си цепа со музика додека соседите му се станбени објекти, има простор заграден со ружни најлони - ова никаде во свет го нема.
И пак, што праиме со фирмите. Никогаш во фирмата во која работев немаше дојдено инспекција, а се чуреше на сите страни, дури луѓе доаѓаа да се испушат.
На крај пак се ќе се сведе на галама околу законот, пар кафанџии ќе го изедат к***т со казни на почеток и законот каков и да е, нема да се спроведува.
 
Vikas ok bilo da se pravat stvari vnatre se dodeka e tvoj lokal i ne krsel zakoni.
Pa momentalno e zakon toa. Ti gi otvaras moznostite za nepovrat... do kaj da ideme poso lokalot e tvoj?
Sto drugo da dekriminalizirame/legalizirame?

Ili kako da napraeme anketa koja navistina bi ja reflektirala zelbata na gragjanite?

Ова прашање нема врска со легализам, затоа што пушачите не се криминализирани, како такви. Поради тоа и законот е во суштина спорен и навлегува во слободите/правата на сопствениците на угостителските објекти да дозволат или да не дозволат пушење цигари.
Ти мешаш поими.
Дали силувањето во нашиот закон е зависно од простор, местоположба, за да се квалифицира како такво? Ако те силувам кај мене дома и ако те силувам негде на клупа, различно ли ќе се квалифицира? Не. Ама замисли сценарио кај шо ако те силувам на клупа се смета за казниво дело, а кај мене дома не. Тогаш тоа силување како такво губи смисла затоа што е еклатантен пример за селективна примена на правото. А таквата е по дефиниција неправо. Во случајот со пушењето нема простор за "декриминализирање" оти пушењето не е криминализирано, пушачот не е крадец, не е убиец.

Не можеш да правиш што сакаш во твојот кафич кога тој е јавно место. Можеш кај тебе дома да правиш што сакаш, а ниту таму не можеш безусловно. Не знам зошто лупаш со главата во зид.

Смееш да пушташ отров во кафичот бидејќи е твој?

Отров е биолошко оружје, криминализирано и во светски и во наши законици. Цигарите не се. Можеме да ја растегнеме оваа логика за "јавно место" до апсурд, ама се додека не се пресече и не се запише дека цигарите, како и опиумот, хероинот, кокаинот, се санкционираат и нивната продажба и употреба се казнуваат со парична/затворска казна, банални се сите муабети за јавни и приватни места и се сведуваат на лични мислења и желби. Мене ми смета турбофолк и не одам на места кај шо го пуштаат. Ако млади деца одат со другарите на места кај шо се пуши, тоа не е мој проблем, туку на родителите. Дали некој нејќел да смрди на нешто исто не ме интересира, исто ни угостителот кој решил дека сака во неговиот кафич да се пуши не го интересира. Тој некој не мора да оди во тој кафич. Ако тој некој инсистира дека тоа треба да се смени, слободно може да собере потписи, да предложи закон, да го стави на расправа, да ги образложи аргументите зошто цигарите треба да се криминализираат и пушачите, сите, да се сметаат за криминалци, тие аргументи да му се прифатат, тоа да стане закон, сеопфатен, целосен закон и тој закон да биде фер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom