- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.197
Не верувам дека сите ке изберат да може кај нив да се пуши. Има многу луѓе кои сакаат да одат не места кај не се пуши, што ке повлече некои од угостителите да изберат да кај нив не се пуши. Плус, сите угостителски објекти не ке можат да ги постигнат стандардите за да добијат лиценца за дозволено пушење, некои нема да сакаат да инвестираат во тие стандарди а некој од објективни причини (како немање доволно квадратура, висина на плафони, непостоење на технички услови за изведба на соодветни вентилации) нема да можат да добијат лиценца...
Апсолутни сите ќе одберат да се пуши, сито до еден. Знаат дека со текот на времето и непушачите ќе одат кај нив. За стандардите, и тие што ќе добијат лиценци нема да исполнуваат стандарди. Го гледавме веќе тој филм, имаше едно време некој преоден закон каде што во некои делови од објектот се пушеше, а кои во ништо не се разликуваа од другиот дел каде не се пуши.
Јас не знам како не сфатите дека сте болни, значи буквално сте болни, и дека немате право да ги разболувате другите. Никој не ви крив што немате доволно волја да престанете да се труете и згора на се да плаќате пари за да се труете.