Закон за забрана на пушење

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го поддржувате законот за забрана на пушење?

  • Не, треба да се укине забраната

    Гласови: 13 7,0%
  • Треба да се модифицира за да имаат угостителите поголема слобода

    Гласови: 25 13,5%
  • Да, супер е во ваква форма

    Гласови: 37 20,0%
  • Треба да биде уште поригорозен

    Гласови: 110 59,5%

  • Вкупно гласачи
    185
Не разбирам само во приказнава како се оштетени угостителите како најгласни борци за промена на законов? Као им се намали профитот во последниве 7 години од кога стапи законов на сила? :D
Профитот им е намален затоа што пушачите послабо посетуваат угостителски објекти а и кога ги посетуваат поголемиот дел од времето се надвор на пушење. И тоа не им е најголемиот проблем на угостителите. Нјголем проблем им е нелојалната конкуренција која се создаде со селективната примена на законот. Кај оние угостители кои беа блиски до власта или кои добро подмачкуваа пушењето беше дозволено и истите беа полни со народ, додека на оние угостители кои беа во немилост и кои мораа да го почитуваат законот, локалите им зјаеа празни...
 
Нема да се пуши каде што се служи храна.
Ресторани и ланџ барови испаѓаат.

Остануваат дискотеки и кафе барови(кои во последно време потешко се наоѓаат затоа што 80% се претворија во ланџ барови).

Е сеа јас кога ќе решам да одам во дискотека знам и очекувам дека ќе се пуши, затоа што нема дискотека во која не се пуши, за кафе баровите е поделено, има одделно место за пушачи.

Вие што очекувате кога одите во дискотека во 2 по полноќ?

Сокчиња и распеано рибарче ?

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Профитот им е намален затоа што пушачите послабо посетуваат угостителски објекти а и кога ги посетуваат поголемиот дел од времето се надвор на пушење. И тоа не им е најголемиот проблем на угостителите. Нјголем проблем им е нелојалната конкуренција која се создаде со селективната примена на законот. Кај оние угостители кои беа блиски до власта или кои добро подмачкуваа пушењето беше дозволено и истите беа полни со народ, додека на оние угостители кои беа во немилост и кои мораа да го почитуваат законот, локалите им зјаеа празни...

Спорно е ова зјаењето празни локали... ако малцинството оправдува пушење, а мнозинството НЕ, тогаш како испаѓа дека локалите се оштетени? Не е океј тезата дека тоа е ради што пушачите не посетувале локали каде се почитува законот и не се пуши, посетуваат ите како (имате овде во форумџиите милион такви примери).

Ако сега има локали и сопственици блиски до власта и не се почитува во 5 од нив, дали после законот повеќе ќе се почитува? Пошто ако се согласиме со една таква дисфункционална аналогија тогаш реално е да очекуваш во рестораните оваа предлог измена на законот во иднина да НЕ се почитува (баш според твојата аналогија).
Чаре?

Или и сега ќе кажите ... абе кој ви е крив одите во локали каде не се пуши.
Да, никој не ни е крив што свесно не се труеме и не ги труеме тие околу нас ради то шо не можиме да си го задржиме нагонот саат или два дури сме на кафе/излезени и ДА законот е добар и наместо владата да предложи мерки или да го спроведува на терен во целост одбира дебилна одлука да се промени истиот (а во меѓувреме цените на цигарите растат+сите угостители ќе си платат лиценца).
You see where this is going?
Чист популизам. Дојде живот!

п.с. и не ни заслужуваме ништо подобро. оди пуши да те видам во Шведска или фрлај отпадоци кај ќе ти прдни, паркирај кај ќе стигниш, итн. итн. итн. (Али што знаат тие, европјани/цивилизирани. Фуј, то какано [emoji23])

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Последно уредено:
Вие што очекувате кога одите во дискотека во 2 по полноќ?
Судејќи според резултатите од анкетата, одговорот на твоево прашање извесно не е: „магла од чад“.



Море Ванлок како вчера да беше ко го тупеше за полезноста на законот а пази сега на иста страна од фронтот си со најголемите душмани :). Баш да видам дали ке ти манат лајк и кој :cautious:
Јас не идам на нивното, тие дојдоа на моето. :coffee:
Без разлика на твојата (пушачка) гледна точка, мора да признаеш дека ова е прв пат да ги видиме отворено да одат против официјалните партиски ставови. Каму среќа новопронајденава свест да се примени во сите аспекти од животот - замисли Македонија во која гласачите ќе ги гледаат своите интереси наместо заслепено да ги бранат партиските интереси... :)
 
Многу глупости,никакво фајде од ваква или таква забрана,нека има дела за пушаци и дел за непушачи кај пишува дека треба да доминираат објекти во кој не се пуши ??
 
Ја не пушам цигари, никад не сум пушел, али немам оформено некаков цврст став околу тоа дали треба или не у угостителски објекти, да се пуши.
Има доста аргументи и за едното и за другото.
 
А што тоа се случува жити се освен што има големи шанси да се поправи една голема историска неправда и да се укини еден крајно дискриминирачки закон. Не дека досега не се пушеше , не дека од утре нема да се пуши или дека во минатото не се пушело само што тоа сега би си било легално, исто како и пред некоја година. Па самиот Премиер е снимен на камера каде го крши законот , што остана за другите.[DOUBLEPOST=1508915501][/DOUBLEPOST]
Кучето и мачето Име, кучето и мачето. И тие кога е ладно спијат заедно па така и ти со Ванлок ке си се гушните ако треба . Се изгушкавте со разноразни борци за слобода и права, убијци, терористи, сепаратисти, негатори на се што е македонско па сега уште за Ванлок ти е проблемот. Стегни ги забите и гушни го силно и искрено ;)

Се случува живот бе Владе, можеш да критикуваш закон кој го донела твојата партија.
 
секс дрога и алкохол,
Дали си саркастичен или не тоа е тоа, ако сакам чист воздух нема да се пикам во подруми во ниедно време.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Дали си саркастичен или не тоа е тоа, ако сакам чист воздух нема да се пикам во подруми во ниедно време.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk

На пример влегуваш во дискотека со цел да ќариш женска, а при тоа не сакаш да се угушиш?
 
На пример влегуваш во дискотека со цел да ќариш женска, а при тоа не сакаш да се угушиш?
Јас мојата не ја запознав во дискотека.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Спорно е ова зјаењето празни локали... ако малцинството оправдува пушење, а мнозинството НЕ, тогаш како испаѓа дека локалите се оштетени? Не е океј тезата дека тоа е ради што пушачите не посетувале локали каде се почитува законот и не се пуши, посетуваат ите како (имате овде во форумџиите милион такви примери).

Ако сега има локали и сопственици блиски до власта и не се почитува во 5 од нив, дали после законот повеќе ќе се почитува? Пошто ако се согласиме со една таква дисфункционална аналогија тогаш реално е да очекуваш во рестораните оваа предлог измена на законот во иднина да НЕ се почитува (баш според твојата аналогија).
Чаре?

Или и сега ќе кажите ... абе кој ви е крив одите во локали каде не се пуши.
Да, никој не ни е крив што свесно не се труеме и не ги труеме тие околу нас ради то шо не можиме да си го задржиме нагонот саат или два дури сме на кафе/излезени и ДА законот е добар и наместо владата да предложи мерки или да го спроведува на терен во целост одбира дебилна одлука да се промени истиот (а во меѓувреме цените на цигарите растат+сите угостители ќе си платат лиценца).
You see where this is going?
Чист популизам. Дојде живот!

п.с. и не ни заслужуваме ништо подобро. оди пуши да те видам во Шведска или фрлај отпадоци кај ќе ти прдни, паркирај кај ќе стигниш, итн. итн. итн. (Али што знаат тие, европјани/цивилизирани. Фуј, то какано [emoji23])

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
Ако намрите на владата се искрени лиценците треба да бидат бесплатни, односно истите да се добиваат врз основа на исполнување на стандарди а не врз основа на плаќање. Ајде објасни ми што тебе ти смета ако во некој локал се истакне табла дека таму е дозволено пушењето, и ние пушачите си влегуваме таму и си пушиме? Никој со сила не те тера да влезеш таму и можеш слободно да си влезеш онаму кај што ке пишува дека пушењето е забрането. Зошто тоа би било проблем на непушачите?
 
Јас мојата не ја запознав во дискотека.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk

И каква врска има ова со муабетот за пушењето?[DOUBLEPOST=1508931138][/DOUBLEPOST]
Ако намрите на владата се искрени лиценците треба да бидат бесплатни, односно истите да се добиваат врз основа на исполнување на стандарди а не врз основа на плаќање. Ајде објасни ми што тебе ти смета ако во некој локал се истакне табла дека таму е дозволено пушењето, и ние пушачите си влегуваме таму и си пушиме? Никој со сила не те тера да влезеш таму и можеш слободно да си влезеш онаму кај што ке пишува дека пушењето е забрането. Зошто тоа би било проблем на непушачите?

Значи тој аргумент не е валиден. На сите им е јасно дека ако се остави на избор на газдите на локалите, тие сите ќе изберат во нивните кафичи да смее да се пуши, и ситуацијата повторно ќе биде како пред законот за пушење на јавни места. Нема смислам како папагали да го повторувате истото, ако сакаш влези, ако сакаш не влегувај.

Страшна работа.
 
И каква врска има ова со муабетот за пушењето?[DOUBLEPOST=1508931138][/DOUBLEPOST]

Значи тој аргумент не е валиден. На сите им е јасно дека ако се остави на избор на газдите на локалите, тие сите ќе изберат во нивните кафичи да смее да се пуши, и ситуацијата повторно ќе биде како пред законот за пушење на јавни места. Нема смислам како папагали да го повторувате истото, ако сакаш влези, ако сакаш не влегувај.

Страшна работа.
Не верувам дека сите ке изберат да може кај нив да се пуши. Има многу луѓе кои сакаат да одат не места кај не се пуши, што ке повлече некои од угостителите да изберат да кај нив не се пуши. Плус, сите угостителски објекти не ке можат да ги постигнат стандардите за да добијат лиценца за дозволено пушење, некои нема да сакаат да инвестираат во тие стандарди а некој од објективни причини (како немање доволно квадратура, висина на плафони, непостоење на технички услови за изведба на соодветни вентилации) нема да можат да добијат лиценца...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom