Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 28.566
- Поени од реакции
- 38.296
Уфф друже, ако една Super Daiseikai не успева 40 метри квадратни да ги загрее при само -5с навор.темп. тогаш имаш големи топлотни загуби... Како за споредба кај мене еден послаб модел Тошиба загрева 26м2 без проблеми (Сузуми плус, исто 13000БТУ)....простор од 40м2, дневна со трпезарија и кујна, куќа, ориентација североисток, полупоткровје, висина 2.5м, изолација 5см, пвц прозорци (3 - 1,8х1,8м и лога 2,2х1.8м)
Имам моментално Toshiba ras13pkvp и истата не го задоволува просторот при температури под -5 степени.
Кажи ти со што догреваше лани? Панелка, колку КВ? Муабетот е дека сигурно ти самиот најдобро си имаш претстава колку киловати топлина со второ греење си додавал на Super Daiseikai-то.
Одговорот на тоа ќе ти каже колку киловати вкупно ти треба, и која клима да ја додадеш. Но вака од прва, мислам дека Super Daiseikai и уште една 3.5-ка би морале да бидат и повеќе од доволно за 40м2... Па макар и ако живееш во шатор (од аспект на топлотните загуби).

