Македонска берза

Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
http://tocka.com.mk/vesti/249492/makedonskite-gragjani-cuvaat-3-8-milijardi-evra-vo-bankite-i-stedilnicite

:vozbud::vozbud:

Јас стварно не разбирам како толку пари чуваат во банка, кога има толку убави можности на берзава, зборам за фирми кои редовно исплаќаат дивиденди поголем % него ли при штедење. Јасно ми е ризик ова она, ама до толку па :toe:
Тој додава дека најголемиот број штедни влогови се до 30 илјади евра.

Не знам што ги кошта да објават детални статистики за големината на влоговите кај населението. По големина, рочност, старосни структури, ...
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
http://tocka.com.mk/vesti/249492/makedonskite-gragjani-cuvaat-3-8-milijardi-evra-vo-bankite-i-stedilnicite

:vozbud::vozbud:

Јас стварно не разбирам како толку пари чуваат во банка, кога има толку убави можности на берзава, зборам за фирми кои редовно исплаќаат дивиденди поголем % него ли при штедење. Јасно ми е ризик ова она, ама до толку па :toe:
Јас зборував со години дека акции се подобри од депозити...они мене сум сакал да ги напумпам акциите :)[DOUBLEPOST=1508855462][/DOUBLEPOST]Инаку можело од мк да се тргува на регионални берзи ама само преку одредени брокери и тоа на загрепска љубљанска и софиска берза на белградска итн неможе...Нлб имала само на загребска а Илирика на сите 3...за подеталности незнам...
 
Последно уредено:
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
http://makfax.com.mk/daily-news/блокирани-над-100-илјади-сметки-на-фирми/

После овој не така шокантен податок, пошто пошокантно беше распродавањето на се што е вредно во ЗК Пелагонија изминатиов период, човек да не знае што да каже, освен дека време е за собирање партали и отселување од државичево. Повеќе од половина „стопанство“ е со блокирани сметки :bravobe:

И да, овие болгариве навистина „имаат“ бонитет за превземање на ФЕНИ :facepalm:
ЗК Пелагонија има кредити од банките земено како Фени 30милиона дужат незнам дали тоа што го продадоа не е веке обезбедено со хипотека, просто незнам дали банкарите ги следат овие чудни трансакции или не читаат ценовно чуствителни информации.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946

Секако дека знаат се. Кога се одобрува кредит на една компанија што има значителна сопственост во други компании се бараат биланси и од тие компаниите
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
ако знаат зошто дозволуваат да се отуѓува толкава имовина за 140 милиони денари пред нос сите работи им се случуваат.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Пак лоши пласмани...ништо ново кмб појма нема од давање кредити. Сега за сега додуше рано кв3 изгледа лош...кризата може да си го направи своето.:vrtioci: Инаку нешто слабо Мсе во последниве денови може сега уконтавме дека лош бдп ќе се одрази на билансите...Заев е далеку од магичен. Искрено ме чудеше што и до сега мсе растеше. Како што тргнало добро штобне турив уште на мсе а може да има и тура шиткање ако одат на лошо работите.
 
Последно уредено:
Член од
21 август 2017
Мислења
159
Поени од реакции
133
105 milioni dobivka za devet meseci, Hari ebacot.
Овие стварно не ми се јасни, 10 години се заебаваат, некогаш оваа банка беше поголема од Стопанска, сега имаат добивка колку да грицкаме семки, денес гледам одма цената отиде надоле што е многу нормално, дури падот пак не ја одразува реалноста, ако лани дадоа 150 денари дивиденда со ваков извештај за цела година 2017 ке дадат мизерни 20-30 денари дивиденда, Ужас невиден, таму треба голема чистка изгледа, па да ми ја дадеа банката мене(што не ми е фах екомијата, јас сум во ит технологијата) ке направев најмалку дупла добивка од оваа што ја гледам денеска. Ова е катастофа, па затоа берзева ке биде само поголема семкара... ајде доста е многу лоши работи ми доаѓаат да пишам.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.313
Поени од реакции
16.476
Пак лоши пласмани...ништо ново кмб појма нема од давање кредити. Сега за сега додуше рано кв3 изгледа лош...кризата може да си го направи своето.:vrtioci: Инаку нешто слабо Мсе во последниве денови може сега уконтавме дека лош бдп ќе се одрази на билансите...Заев е далеку од магичен. Искрено ме чудеше што и до сега мсе растеше. Како што тргнало добро штобне турив уште на мсе а може да има и тура шиткање ако одат на лошо работите.
http://www.dw.com/mk/дупката-во-буџетот-ќе-се-крпи-со-повисоки-даноци-и-придонеси/a-41100896?maca=maz-rss-maz-eco_timemk-4723-xml-mrss
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Даночни оптеретувања се најавуваат ама колку од кога и како не се знае. Како и да е лоши вести...читам во септември опаднале кредитите и депозитите на фирмите кај домаќинства се ок. Дали потрошувачка ќе ги поништи ефектите на краток рок најверојатно да ама на долг рок инвестиции страдат а ако зголемат ддв и придонеси ќе страда и потрошувачка. А со оглед дека фирмите се тенчат на кеш и послабо инвестираат може и биланси за 3кв или 4кв да настрадаат а со тоа и помали дивиденди во мај...има доста ризици единствено Еврозона може да не спаси ако продолжи растот и извозот. Овие локалци се заспаа и лоша манџа спремаат...очигледно доаѓа време на стегање на каишот. Мсе е уште ефтина ама не сум оптимист за следниве години.
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635

Она писание на Дојче Веле ми изгледа како класична платена пропаганда на оние кои имаат за цел да креираат црни сценарија. Не сакам да звучам како портпарол на министерството, ама секој нормален кој малку повеќе ги следи состојбите во државава, може да го симне документот за извршување на буџетот каде јасно се гледа дека има тренд на зголемена наплата на ДДВ. Кога се прегледува тој документ најпрво треба да се има во предвид дека во Македонија има месечни, тримесечни, и годишни ДДВ обрзници.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom