Иако имаме одиграно едноцифрен број на мечеви до сега, некако сеуште немаме дефинирана стартна 11ка. На почетокот се форсираше Марио во прва постава, па откако изигра доста лошо против Спал или следната не ми текнува добро, на негово место влезе Броз и изигра баш добро. Сега после репките се повреди Брозо, Марио беше болен и исто беше ван строј и се играше без нив во прва постава.
Исто и за бековите, на почетокот се пробуваше со Далберт, па против Рома влезе и Кансело па се повреди, за последниве неколку утакмици Нагатомо и Дамбро да се стартери. Мислам дека најидеалната 11ка е со Шкринијар и Миранда на централните бековски позиции, сега за сега Дамбо десно и Нагатомо лево со тоа што комотно може да ротираат со Далберт, е сеа средината е секако проблем затоа што имаме 5ца квалитетни играчи, Марио, Броц, Весино, Уши и Валеро така да и тука комотно може да се ротира на одредено време, затоа што Валеро пред репрезентативната пауза беше издишан на последната утакмица, или таа пред неа беше не ми текнува сеа најдобро. Нападот е бетон со Ужас, Тото и Икарди, нема мрдање тука.
Зимоска мора да испазарат замена за Икарди, Едер е ок од клупа и може да покрие повеќе позиции, ама мора еден класичен шпиц да земат или Пинамонти да се форсира штакурац, не е лошо детето. Исто мора еден штопер да се пазари, со Ранокија сме премногу ризични ако се сјебе некој од двајцава, мада имам зборено дека и Дамбо комотно може да покрие на штопер. И секако едно крило обавезно, нека го земат оној Тешеира од Сунинг и нека дојде кој сака.