Не се сомневаме дека ке е топло, проблемот е што ке ви е претопло!
Или, ке трошите повеќе од што релно ви треба доколку не инвестирате уште бајаги доста во системот....за 1саат одкако си пишал гарант ви е сега преку 25Ц дома.
За пол сааат кој ке стави пелети во горилникот кога ке се истроши резервоарот.....пелет полнач исто немате купено што автоматски би додавал пелет.
На тој систем му фали контрола, му фалат дигитални термо глави во секоја соба а не само во дневната, гледам сте инвестирале во аналогни вентили кој некој физички треба да ги заврти, со клима нема таков проблем

Репер температура е само дневната,најголемиот простор, ако со една иста температура на полаз на водата дневната е 23Ц, спалните ке бидат гарант 25/26 ако нема човек да ги намали вентилите. Или пример...насабајле е Ок во спалните да е 23 со вентилот на тројка, но на пладне кога надвор ке е потопло вентилот треба да се сврти на единица....сам да се сврти нема да може ако нема кој рачно да го сврти.
Дигитални такви коштаат многу повеќе од 1500~2000ден по вентил....
Скап систем во секој случај, комодитет можеби има но во пари и инвестиција на граница е со ТП воздух-вода ако се направи како што треба со сите ситници кои многу коштаат.
Хрватите пелет котли возат плус и со бафер...што прво ја штеди печката бидејки таа работи оптимално со минимални загуби и максимална моќ дур не го затопли баферот, а и помалце троши дневно....после тоа одмара со саати а водата се циркулира од бафер....кваката е што Хрватите имаат субвенција до 80% за бафер па тој не ги кошта ништо а кај нас е таа инвестиција над 700евра.
На овие надворешни температури Хрватот со бафер ке заложи еден саат и толку за цел ден, рестото од денот топлината ке ја црпи од баферот без да троши пелети....а дома секаде ке има нормална температура 22/23Ц во сите соби