Многу деца, и возрасни, имаат проблеми со дишните патишта. Загадувањето во градовите е големо, посебно во Скопје и Тетово, иако ни Битола не е многу подобра (или другите градови). Но неодговорно е некој без никакви аргументи да каже дека проблемот е во климите. Некој што е доктор, не е стручњак за екологија и загадување.
Единствено што може лошо да направи клима кога грее, е што го раздвижува воздухот - и прашината. Ама тоа веќе е проблем со хигиена, и за тоа нема оправдување. Ќе си ја подбереш невестата, а можеш и ти да си ги засукаш ракавите.