Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
@SpiderWeb Убаво, и со здравје да се користи. Единствено не си морал надворешната единица да им бараш да ја стават толку горе, барем 10тина снатиметри пониско... Нејсе, ќе работи и вака.
 
Вивакс не прави клими, Вивакс лепи налепници на туѓи клими. Нели научи нешто на оволку објаснување?
Vivax ne pravi klimi a sto ako lepi nalepnici neznaci ako lepi nalepnici deka ne e kvaliteten brend mnogu marki na klimi nemaat svoj delovi pa klimite sto gi prodavaat se mnogu kvalitetni
 
Koj model na Daikin go imas be druze pisi konkretno??
.
Daikin FTXN35LV1B9 ова е напишано на внатрешната единица .
Година на производство 2013 купена 2014 есента .[DOUBLEPOST=1507211720][/DOUBLEPOST]
dobro vazi u pravosi, nalepnicite nogu sekvalitetni, pozdraf
Има нешто вистина во постот на кој одговори ама има едно ама . Ако Вивакс има ексклузивен договор за деловите , монтажата и има своја завршна контрола , разликата во квалитетот на производите ќе биде охохо.
Прашање е колку Вивакс се потресува за постсоцијалистичкиот пазар?
 
Последно уредено:
Ако Вивакс има ексклузивен договор за деловите , монтажата и има своја завршна контрола , разликата во квалитетот на производите ќе биде охохо.
Прашање е колку Вивакс се потресува за постсоцијалистичкиот пазар?
Не разбирам што мисиш со „постсоцијалистичкиот пазар“?
Мислиш на регионов, Балканот?

Не разбирам и што сакаш да кажеш со потцртаното?
Се надевам не инсинуираш дека Мидеите кои продава Вивакс, се поквалитетни од сите други Мидеа клими?

Само да се разбереме, Мидеа не се (премногу) лоши клими. За нашиве временски и климатски услови може да завршат работа ако побарувањата на објектот, за загревање, не се големи.
Но факт е дека за истите пари има подобри клими. И факт е дека Вивакс си наплаќа своја маржа, над цените од Мидеа.

Она што го кажувам е дека е штета што никој не продава оригинални Мидеа. Тие клими тогаш би фатиле солиден дел од пазарот на евтини клими за греење. Сеуште би биле нешто послаби од сегашниот бест-бај избор во нискиот ценовен сегмент... Но затоа би биле и поевтини.
Сега имаме ситуација каде Мидеа продава само Вивакс, и по цена слична или повисока од бест-бај конкуренцијата.
 
Постсоцијалистички пазар е не само екс Ју ама и бившите држави од варшавскиот пакт!
Што би рекле русите од Мидеа до Мидеа има разлика.Јас по некоја случајност увезувам од Кина инструменти и ги гледам разликите на истиот модел за Кина за Балкан и за Шведска (пошто ги познавам дечките што работат во шведската филијала).
Разликата ја прави шведот, кој има ексклузивен договор кои компоненти ќе му се вградуваат , си плаќа свој човек или екипа кои вршат завршна контрола на производот и нема да веруваш дека финалниот производ иако изгледа исто, уствари се небо и земја со тоа што чичко кинез го прави за нас а да не збориме за тоа што оди на домашен пазар.
 
За нас, на исто излегува... Не се согласуваш?
Што ни значи нас ако таму некаде постојат поквалитетни Мидеа клими, кои инаку не доаѓаат овде? Ниту помага (за цената) продавањето преку посредници како Вивакс.
 
@SpiderWeb Убаво, и со здравје да се користи. Единствено не си морал надворешната единица да им бараш да ја стават толку горе, барем 10тина снатиметри пониско... Нејсе, ќе работи и вака.

Абе јас им реков на монтерите како што е најдобро така, тие вака ја ставија. Инаку, нешто што забележав отпосле е дека нема никакви гумици ставено на држачите, но денес ја пуштив на 30 степени на најјако, баш да видам каква ќе биде бучавата и вибрациите на надворешната единица, но се изненадив од тоа колку малку бучава има, вибрации скоро ич. Можеби со тек на време ќе се јават, но сега засега е ОК.
 
Update од лепотицата :)

wrWxs7q.jpg


YYLmEZK.jpg

Вади ја цуцката од надворешната за дренирање на вода од изменувачот, оти зимно време ќе ја замрзнеш надворешната единица.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Вади ја цуцката од надворешната за дренирање на вода од изменувачот, оти зимно време ќе ја замрзнеш надворешната единица.

Да ја оставам да си течи слободно надолу надворешната, без цревце?
 
Да ја оставам да си течи слободно надолу надворешната, без цревце?
Ако не сакаш да ти бербати долу кога ќе тече (претпоставувам на тераса ти е монтирана) најди некој лимар да ти направи кадичка под климата со одвод пластична цевка барем Ф50мм.
 
Ставив Carrier. Време ќе каже дали сум се заебал.
 

Attachments

  • WP_20171005_23_14_02_Pro.jpg
    WP_20171005_23_14_02_Pro.jpg
    1,1 MB · Прегледи: 58
  • WP_20171005_23_14_25_Pro.jpg
    WP_20171005_23_14_25_Pro.jpg
    1,1 MB · Прегледи: 60
Одводот на конденз од климава ја гледам како споредна работа, главен кикс на монтажава е делот околу горниот дел на изменувачот од лево што е премногу залепен до зидот, кога таму ке се залепи влага прво на тој дел ке му мрзне изменувачот зошто вентилаторот нема да може да го исуши тој дел . И бафери тешко да се стават превисоко е наместена. Штета кога на вака скапа клима ке видиш вакви пропусти при монтажа кои тешко се поправаат.
MUZ1.jpg
 
Последно уредено:
Среќна околност е што цевките одат окулу ѕидот, па надворешнава едница лесно ќе може да се симне, едно 15-20см, на пример горниот раб да дојде малку под работ од испакнатите делови. Целата работа ќе се сведе на прештрафување на држачите.

Сега гледам и дека цевките не излагаат од надворешната единица нагоре (освен ако не се сролани позади каде не се гледа). Тоа би била кардинална грешка на монтерите. Провери обавезно @SpiderWeb

Но секако не било лошо да ја симнеш подолу надворешнава единица, на раат да бидеш. А ако цевките одат хоризонтално надвор, кога излегуваат од над. ед., тогаш обавезно симнување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom