Ако Вивакс има ексклузивен договор за деловите , монтажата и има своја завршна контрола , разликата во квалитетот на производите ќе биде охохо.
Прашање е колку Вивакс се потресува за постсоцијалистичкиот пазар?
Не разбирам што мисиш со „постсоцијалистичкиот пазар“?
Мислиш на регионов, Балканот?
Не разбирам и што сакаш да кажеш со потцртаното?
Се надевам не инсинуираш дека Мидеите кои продава Вивакс, се поквалитетни од сите други Мидеа клими?
Само да се разбереме, Мидеа не се (премногу) лоши клими. За нашиве временски и климатски услови може да завршат работа ако побарувањата на објектот, за загревање, не се големи.
Но факт е дека за истите пари има подобри клими. И факт е дека Вивакс си наплаќа своја маржа, над цените од Мидеа.
Она што го кажувам е дека е штета што никој не продава оригинални Мидеа. Тие клими тогаш би фатиле солиден дел од пазарот на евтини клими за греење. Сеуште би биле нешто послаби од сегашниот бест-бај избор во нискиот ценовен сегмент... Но затоа би биле и поевтини.
Сега имаме ситуација каде Мидеа продава само Вивакс, и по цена слична или повисока од бест-бај конкуренцијата.