Најекономично греење и ладење

Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Постсоцијалистички пазар е не само екс Ју ама и бившите држави од варшавскиот пакт!
Што би рекле русите од Мидеа до Мидеа има разлика.Јас по некоја случајност увезувам од Кина инструменти и ги гледам разликите на истиот модел за Кина за Балкан и за Шведска (пошто ги познавам дечките што работат во шведската филијала).
Разликата ја прави шведот, кој има ексклузивен договор кои компоненти ќе му се вградуваат , си плаќа свој човек или екипа кои вршат завршна контрола на производот и нема да веруваш дека финалниот производ иако изгледа исто, уствари се небо и земја со тоа што чичко кинез го прави за нас а да не збориме за тоа што оди на домашен пазар.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.098
За нас, на исто излегува... Не се согласуваш?
Што ни значи нас ако таму некаде постојат поквалитетни Мидеа клими, кои инаку не доаѓаат овде? Ниту помага (за цената) продавањето преку посредници како Вивакс.
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
@SpiderWeb Убаво, и со здравје да се користи. Единствено не си морал надворешната единица да им бараш да ја стават толку горе, барем 10тина снатиметри пониско... Нејсе, ќе работи и вака.
Абе јас им реков на монтерите како што е најдобро така, тие вака ја ставија. Инаку, нешто што забележав отпосле е дека нема никакви гумици ставено на држачите, но денес ја пуштив на 30 степени на најјако, баш да видам каква ќе биде бучавата и вибрациите на надворешната единица, но се изненадив од тоа колку малку бучава има, вибрации скоро ич. Можеби со тек на време ќе се јават, но сега засега е ОК.
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Вади ја цуцката од надворешната за дренирање на вода од изменувачот, оти зимно време ќе ја замрзнеш надворешната единица.
Да ја оставам да си течи слободно надолу надворешната, без цревце?
 
Член од
27 август 2016
Мислења
161
Поени од реакции
155
Да ја оставам да си течи слободно надолу надворешната, без цревце?
Ако не сакаш да ти бербати долу кога ќе тече (претпоставувам на тераса ти е монтирана) најди некој лимар да ти направи кадичка под климата со одвод пластична цевка барем Ф50мм.
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.651
Поени од реакции
7.495
Одводот на конденз од климава ја гледам како споредна работа, главен кикс на монтажава е делот околу горниот дел на изменувачот од лево што е премногу залепен до зидот, кога таму ке се залепи влага прво на тој дел ке му мрзне изменувачот зошто вентилаторот нема да може да го исуши тој дел . И бафери тешко да се стават превисоко е наместена. Штета кога на вака скапа клима ке видиш вакви пропусти при монтажа кои тешко се поправаат.
MUZ1.jpg
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.098
Среќна околност е што цевките одат окулу ѕидот, па надворешнава едница лесно ќе може да се симне, едно 15-20см, на пример горниот раб да дојде малку под работ од испакнатите делови. Целата работа ќе се сведе на прештрафување на држачите.

Сега гледам и дека цевките не излагаат од надворешната единица нагоре (освен ако не се сролани позади каде не се гледа). Тоа би била кардинална грешка на монтерите. Провери обавезно @SpiderWeb

Но секако не било лошо да ја симнеш подолу надворешнава единица, на раат да бидеш. А ако цевките одат хоризонтално надвор, кога излегуваат од над. ед., тогаш обавезно симнување.
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.651
Поени од реакции
7.495
Бакарот колку што гледам иде под тавата и мислам прави круг одпозади изменувачот на надворешната за да се добие на должина на инсталација (вероватно блиску е внатрешната).
Едноставно спуштање за 20цм баш и не е, ке беше едноставно ако цевките беа од гума па можеш да ги вртиш како сакаш за да ставиш типла 20цм подоле...за несреќа бакарат се прекршува и вака како што се изолирани цевките и да се прекрши "докториве" нема да приметат каде е прекршен ако ја поместуваат споена....а голем проблем е ако се прекрши, ке го смали протокот на фреонот и тогаш пљукни и се на климата.
Ова треба демонтажа на надворешната, да соберат фреон, да отспојат цевки, наново да бушат и пак да вакумираат па да ја закачат. На крајот ке фали фреон бог те пита колку....боље ич да не чепкаат само бетер може да направат
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.098
Со 15см подолу симнување? Од толку мало менување на аголот ваљда не би требало да се превиткаат цевките. Аголот нема да се смени ни за неколку степени а колку би требало за да се прекршат цевките? 90 степени?
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.651
Поени од реакции
7.495
15цм треба да стои климата подоле, ама за типла како ке избуши ако не ја тргнат климата? Башка имаш тежина од 37кг.....треба двајца да ја држат трет да буши и сите да ги собере на терасава
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.098
Хммм... Зависи од местото на дупките во ветикалниот дел од држачите, евентуално да спушти нешто повеќе надворешната единица. Но сето ова веќе опасно навлегува во „не вреди ризикот и замарањето“.
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.651
Поени од реакции
7.495
Со 15см подолу симнување? Од толку мало менување на аголот ваљда не би требало да се превиткаат цевките. Аголот нема да се смени ни за неколку степени а колку би требало за да се прекршат цевките? 90 степени?
ЗА виткање под голем агол како ќошов од терасава има посебен алат/метода.
Ако си видел онаква справа за вежбање, 3 федера што се тегнат.
Таков сличен метален федер да го наречам се става околу цевката, фактички федерот е за милиметар поширок од бакарите, федерот е однадворешната страна а бакарот од внатрешната страна....и тогаш виткаш слободно и силно зашто и федерот исто се витка ама е метален и недозволува прекршување. Ова се прави без изолација нормално....после виткањето се враќа изолацијата која до тоа место е исечена заради виткањето...под 90степени секако нема да биде, мора да има одредено заоблување-радиус, под 90степени ако е значи дека е прекршен.
А селска метода е со замотани цевки со изолација и све да на ќошов маваат по бакарот со рака за да го свиткаат, само тоа после којзнае внатре што е десено и дали е прекршено негде и прави смалување на проток
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom