Ај едно сигурно глупо прашање. Кој е циклусот на функционирање на климите при процес на загревање?
Првпат корисник на клима. Стварно незнам како треба да функционира
Ја пуштам да топли. 24'C
Прави константен циклус:
1. Првите 1 минута не дува ништо
2. Вертикално насочување на перките (така ми е подесено) и издув на топол воздух. Тоа трае некој 6-8мин.
3. После 6-8минути почнува да дува млако накај ладно перките се креваат во хоризонтална положба и се гаси вентилаторот.
4. Пауза од 2-3минути и потоа повторно вертикално насочување и повторно издув од некој 6-8минути.
Така е еве веќе 1 саaт кај што е пуштена во тој константен круг на функционирање.
Температурата дома на 3 метри од климата термометарот ја качи од 19'C на 21'C
Дали е тоа нормален циклус на работа?