Која е логиката ако бил толкав приоритет да не пробаат сериозно да преговараат со Евертон уште пред да се вмеша Јунајтед, па и од кога го договори веќе Јунајтед, да пратат понуда која и јас или ти тука знаеме дека немаше шанси да е прифатена од Евертон, а не па луѓе кои зимаат милиони за да ја работат таа работа.
Ама пак ми го вртите муабетот и ми зборите за Лукаку, а темата е Мората и Јунајтед.
Која е логиката Јунајтед цел месец да се влечка со Реал и Мората, па тек тогаш да се откажат и да одат на Лукаку, ако не им бил приоритет?
Дали уствари вие сакате да кажете дека ако завршеа успешно преговорите и Перез прифатеше да ви го даде Мората, Јунајтед ќе се повлечеше и ќе им речеше абе не ни е приоритет, друг ќе зимаме?[DOUBLEPOST=1506343339][/DOUBLEPOST]
Јас се што реков овие два дена е дека и Мората и Лукаку се супер напаѓачи и не би издвојувал еден како подобар од другиот, и после дека Јунајтед најпрво беше заинтересиран за Мората, па откако не најдоа решение со Реал, се префрлија на Лукаку.
Тоа што другите го негираат тоа и не го признаваат во муабетов од вчера и денес, ме наведе да мислам дека ги боли тоа што не успеале да го договорат, а не дека претходно некој нешто пишувал