Реално, со тешко срце ќе признаам дека брозович беше најдобар на терен со џенова, единствен на висина на задачата, не грешеше, погоди статива и штета што ради замор излезе, имавме корист од него на терен. Нека тера со ова темпо, едноставно у таква ситуација сме, мора сите да се на висина на задача, нешто што у моментов секако не е случај со одредени фудбалери.
Марио колку сака нека е лош периодов, заедно со гаљардини мора да се стартери и да се уиграат, дали покрај нив валеро или весино ќе стартува сеедно, а и брозович, мора да ни се дефинирани барем двајца стартери за средниот ред, а не константно да се ротира.
После ова денес карамох мора да добива шанса, а следно коло комотно и да стартува колку да му се укаже на кандрева дека не е недопирлив, зашто се понаша ко да е суперстар у фудбалов, со 20 титули позади него, и 6 индивидуални награди. Дечково денес се понашаше ко 3-0 да водиме, одма сакаше да се докаже пред публика со дриблинзи и остало, на моменти и претера али мислам дека успеа у зацртаната цел, барем според реакцијата на трибини и од она што го гледам на нетов, а и голот падна по корнер кој дојде од негов удар од далеку.
Далберт од она што го гледам е киву тип на играч, у одбрана кине, не губи дуел, ама напред е лош, али се погоди и да игра у период кога и перишич е мртов, многу лошо функционираат заедно али бар не трошат топки ко диамбросио и кандрева. 4ти меч по ред икарди да не влезе у шанса за гол од активна игра, Спалети мора да реагира тука, да не се сјебеме ко со манчини кога исто имавме ваков старт али играта ни беше лоша. Факт е дека можеме подобро, мечевите со фиорентина и рома се класичен пример за тоа, едноставно пристапот мора да ни е секогаш ко да играме против јуве или милан, исто и нивото на мотивација у тимов, и ова е една од причините зашто сме тиња.
Шкринијар треба да им е пример за тоа како треба да се понашаат на терен, дечково гине за дресов без разлика кој е противник затоа и пружа константно добри партии, гори од желба да се докаже, другиве тапа, уфилмани ѕвезди, бар поголемиот дел од нив, а доволно е двајца да ебаваат работа на терен и тури му курот и на игра и на добар резултат, а кај нас минимум 4-5 играчи што пружаат партии далеку под нивниот максимум.
p.s. икарди кога го спомнав, имаше јак потег денес, кога се врати до гол и скина еден пас у наш шеснаестерец кој најверојатно ќе резултираше и со гол, брејј ебење од интервенција.