Фан Клуб: Интер

Солиден е кога игра против Зукановиќ : ))) Не сакам ни да помислам што може да му прават крилата на Наполи на пример. Во секој случај, после Маикон на десна бековска позиција сме биле на ранг на Кротоне, Бари, Спал и такви екипи.
 
Очигледно е дека имаат проблем да ги отворат овие дефанзивни 3-5-2 формации, мада не се само они и Наполи често се мачат со такви тимови. Многу играчи со дефанзивни улоги напикани на мал простор, тешко се игра во такви услови. Нема тимот доволно играчи што ќе можат вишок да направат, затоа потешко иде нападот. Претпоставувам дека кога ќе се врати и Кансело и кога ќе се навикнат на системот заедно со новиот лев бек, работите ќе идат малку полесно против вакви тимови, зошто ќе даваат ширина на играта и ќе го намалат притисокот во централниот дел.
Како и да е, се претерува со критиките за играта. Проблемот не е системски, едноставно треба време. Треба да се испеглаат тие ситни детали во играта, да се навикнат играчите на системот, на улогите што ги имаат, подобро да се координираат еден со друг во движењата, а за тоа треба да помине период од минимум 3-4 месеци.
Од таа перспектива играта е прилично добра, скоро секој натпревар што јас го гледав, освен оној со Болоња, Интер го контролираше напреварот. Не може да се очекува дека ќе ја имаат стабилноста на Наполи или Јувентус со играта од почеток, ни го имаат тој квалитет ни имаат неколку сезони со ист тренер. Не знам дали некој ги пратеше Наполи кога почнуваа со Сари, ама воопшто не делуваа импресивно, ко што сега делуваат. Во вториот дел од сезоната ќе иде многу полесно против вакви тимови.
Плус, резултатите не страдаат 5 победи од 6 натпревари на почеток на сезона. Предност ќе имаат и што скоро сите конкуренти ќе им играат во Европа цела есен, тоа се минимум 6 тешки натпревари на високо ниво и дополнителен замор што сигурно ќе влијае врз перформансот, колку и да се фокусираат на Сериа А. Нема тимови во Италија со такви долги квалитетни клупи што можат да издржат такво темпо, ќе губат поени сите.

Иначе, ми се свиѓаше играта на Икарди денес, се враќаше константно назад да прими топка, учествуваше во акциите, менуваше позиции, тоа е генерално единствениот сегмент од играта што треба да го поправа. Ако ги испегла и тие работи во играта, ќе биде незадржлив.
 
Борха колку арен, толку и штета прави на играта, абе само кратки подавања и ептен споро темпо. Добар е за да се скрија топка ама ја убива целата динамика во играта

Ова го приметив и потенцирав и кога игравме со Болоња, пишав и тука на форумов за Валеро.
Борха треба да одмори една утакмица, денеска беше идеална прилика за тоа, требаше Гаљардини да стартува.
Валеро до сега ги изигра сите утакмици, вклучувајќи ги и пријателските, очигледно е дека го има фатено мал замор, нека одмори следно коло со Беневенто.

Денеска не ја гледав утакмицата, ама читајќи по коментари играта пак чкрипела. Не е лошо 5-1-0 е одлично за почеток со оглед на тоа што не играме добро а освојуваме бодови. Ќе дојде играта кад тад, не сумњам у тоа.
 
Ќе дојде играта кад тад, не сумњам у тоа.

Да не допадне гледај... :cool:
Не очекуваат Милан, Наполи и Сампдориа во наредниве утакмици, а потоа и кобната Аталанта. Прерачунај ми колку поени треба да земиме тука за да бидиме задоволни? ;)
 
Sega ovoj natprevar proriv ovie poslednite beni shakiri ekipata treba malce da gi oladi kandreva i perisic posto na poslednite 2 natprevari se malce tapa posebno kandreva epten tapa. Pa napred bi gi igral eder-brozo-karmoah (ako go pogodiv) pa neka tr4at momcite
 
Да не допадне гледај... :cool:
Не очекуваат Милан, Наполи и Сампдориа во наредниве утакмици, а потоа и кобната Аталанта. Прерачунај ми колку поени треба да земиме тука за да бидиме задоволни? ;)
Демек другите тимови немаат тешки утакмици во текот на сезоната, само ние имаме.

Наполи се јаки и често го сркаме од нив. За другите две екипи можеш и од друг агол да гледаш па да кажеш дека на Милан и Сампдорија им престои тешка утакмица против Интер. The glass is half full.

Ќе има губење поени, никој не очекува 38-0-0 скор, само нека ги пеглаат малите екипи. Најбитно сега е да се држат со Спалети неколку сезони и да го надоградуваат тимот. Флуидност во играта ќе си дојде само по себе.
 
Најбитно сега е никој да не се повреди и да се врати Кансело што побрзо за да имаме поголема длабочина по десната страна бидејќи Кандрева се замислува бог и е многу некостантен...ни оди во прилог што Рома и Милан играат во Европа и немаат широк ростер па не смеат да ги одмараат играчите посебно Рома бидејќи ќе киксаат.
 
Спал, Кротоне, Болоња, Џенова, четири очајни утакмици по ред со тоа што на секоја наредна бевме полоши и полоши. Не знам што е проблемот, дали стварно имаме големи проблеми против вакви мртви екипи што се бранат, дали нешто не штима... Не сакам да биде дека паничам, ама очекував во нагорна линија да ни биде формата.

Ајде да видиме што ќе биде кога ќе се врати Кансело, искрено со Дамброзио сме скроз осакатени на таа страна, а Кандрева под итно мора да седне на клупа затоа што ова што го прави во последно време е срамота за фудбалот. Беневенто мора да се добие пред дербито со Милан, па и дербито искрено зашо Милан се камења.
 
, па и дербито искрено зашо Милан се камења.

Остајти ти камења против Лацио и Сампдорија каде одеа по теренот..на дербито со нас ќе излезат како нинџи и ќе дадат се од себе исто како и нашите,тој е тежок натпревар и реално ако победиме ќе биди огромен буст за понатамошниот дел од сезоната само да се победи Беневенто.
 
Спал, Кротоне, Болоња, Џенова, четири очајни утакмици по ред со тоа што на секоја наредна бевме полоши и полоши. Не знам што е проблемот, дали стварно имаме големи проблеми против вакви мртви екипи што се бранат, дали нешто не штима... Не сакам да биде дека паничам, ама очекував во нагорна линија да ни биде формата.

Ајде да видиме што ќе биде кога ќе се врати Кансело, искрено со Дамброзио сме скроз осакатени на таа страна, а Кандрева под итно мора да седне на клупа затоа што ова што го прави во последно време е срамота за фудбалот. Беневенто мора да се добие пред дербито со Милан, па и дербито искрено зашо Милан се камења.

Милан се камења али против нас можат да се повампират.

Али во право е другарот Тегла, како за нас тешка така и за нив е тешка утакмица, само што како што кажа ти ме плаши формата која од утакмица во утакмица опаѓаше последниве неколу кола.
 
Милан се камења али против нас можат да се повампират.

Али во право е другарот Тегла, како за нас тешка така и за нив е тешка утакмица, само што како што кажа ти ме плаши формата која од утакмица во утакмица опаѓаше последниве неколу кола.
Знам, јас се тешам со фактот што играме добро против појаки противници, односно екипи што знаат да играат со топка и не се напикани во својата половина. Играме висок пресинг, Милан нема играчи позади што знаат добро да изнесуваат топка, глејте го денес Запата што направи, срамот го допре. Тука мора да се искористат тие слабости на Милан и да ги тепаме.
 
Реално, со тешко срце ќе признаам дека брозович беше најдобар на терен со џенова, единствен на висина на задачата, не грешеше, погоди статива и штета што ради замор излезе, имавме корист од него на терен. Нека тера со ова темпо, едноставно у таква ситуација сме, мора сите да се на висина на задача, нешто што у моментов секако не е случај со одредени фудбалери.
Марио колку сака нека е лош периодов, заедно со гаљардини мора да се стартери и да се уиграат, дали покрај нив валеро или весино ќе стартува сеедно, а и брозович, мора да ни се дефинирани барем двајца стартери за средниот ред, а не константно да се ротира.

После ова денес карамох мора да добива шанса, а следно коло комотно и да стартува колку да му се укаже на кандрева дека не е недопирлив, зашто се понаша ко да е суперстар у фудбалов, со 20 титули позади него, и 6 индивидуални награди. Дечково денес се понашаше ко 3-0 да водиме, одма сакаше да се докаже пред публика со дриблинзи и остало, на моменти и претера али мислам дека успеа у зацртаната цел, барем според реакцијата на трибини и од она што го гледам на нетов, а и голот падна по корнер кој дојде од негов удар од далеку.

Далберт од она што го гледам е киву тип на играч, у одбрана кине, не губи дуел, ама напред е лош, али се погоди и да игра у период кога и перишич е мртов, многу лошо функционираат заедно али бар не трошат топки ко диамбросио и кандрева. 4ти меч по ред икарди да не влезе у шанса за гол од активна игра, Спалети мора да реагира тука, да не се сјебеме ко со манчини кога исто имавме ваков старт али играта ни беше лоша. Факт е дека можеме подобро, мечевите со фиорентина и рома се класичен пример за тоа, едноставно пристапот мора да ни е секогаш ко да играме против јуве или милан, исто и нивото на мотивација у тимов, и ова е една од причините зашто сме тиња.

Шкринијар треба да им е пример за тоа како треба да се понашаат на терен, дечково гине за дресов без разлика кој е противник затоа и пружа константно добри партии, гори од желба да се докаже, другиве тапа, уфилмани ѕвезди, бар поголемиот дел од нив, а доволно е двајца да ебаваат работа на терен и тури му курот и на игра и на добар резултат, а кај нас минимум 4-5 играчи што пружаат партии далеку под нивниот максимум.

p.s. икарди кога го спомнав, имаше јак потег денес, кога се врати до гол и скина еден пас у наш шеснаестерец кој најверојатно ќе резултираше и со гол, брејј ебење од интервенција.
 
Последно уредено:
Се изначитав постови за Кансело.Да се врател па вака ќе сме играле, онака ќе сме играле.Ко само тој што не игра да е проблемот во играва.
Си помислив за некој world class player правиме муабет што сам ќе ги добива утакмиците.
Тоа дека е добар и е светлосни години пред Ди Амброзио никој не може да го одречи, ама дека се враќа тој и пепели ќе правиме мало морген.
Борха Валеро би им легнал на Јувентус.
Би влегувал во 70та минута на 2 разлика, за да си подава со најблиските соиграчи до крајот на мечот.
Кандрева за резерва е таман,но не и за прв тим.
Гаљардини треба да се форсира во први 11.Не знам зошто воопшто не го играат?
Играва е гној.А што е многу полошо, не дава простор за надеж дека ќе тргне на подобро.
Против Џенова играме 50-50 натпревар :place:
 
Најбитно сега е никој да не се повреди и да се врати Кансело што побрзо за да имаме поголема длабочина по десната страна бидејќи Кандрева се замислува бог и е многу некостантен...ни оди во прилог што Рома и Милан играат во Европа и немаат широк ростер па не смеат да ги одмараат играчите посебно Рома бидејќи ќе киксаат.
Па тоа е проблемот и кај нас, види како изиграа второ со рома, гледај каков беше пристапот со кротоне.
Тотално несфатливо за мене, да се екипа со титули позади нив, ќе разберев, презаситеност, губење на мотивација, ама вака ...
Нас секој меч треба да ни е дерби, и пристапот на играчите да им е буквално ист, без разлика дали играат со јувентус или кротоне. Со Фиорентина ко за прво коло, скоро полн стадион, плус со префикс дерби меч, изгазија, нарочито у прво, со Рома исто импресионираа, ја свртеа, покажаа карактер, добра игра, на крај можеа и со поубедлива предност да победат.
И после тоа дојдоа послаби противници, со тоа и играта на Интер умре, како и да ја вртиме, главен виновник за ваквиот пад у игра е тренерот, не играчите, е сеа спалети не е ко манчини, увек инсистирал на добар фудбал, така да верувам дека е свесен дека 1 тон работа го чека со екипава сеуште, зашто ова што го играат е тотално спротивно од она што неговите претходни тимови го форсирале на терен.
Убеден сум дека не се десило у неговиов систем, негов главен напаѓач 4 натпревари по ред да не влезе во шанса од игра, нема шанса ова да било случај со Рома, за Зенит и руското првенство муабет да не праам.
 
Убеден сум дека не се десило у неговиов систем, негов главен напаѓач 4 натпревари по ред да не влезе во шанса од игра, нема шанса ова да било случај со Рома, за Зенит и руското првенство муабет да не праам.
0 изгледани утакмици на Зенит.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom