FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.893
Поени од реакции
6.167
ИКИРУ



Со мало закаснување го изгледав мастер делово. За мене прв филм од Куросава и пријатно ме изненади и замисли. Иако трае скоро па 2 и пол часа, има таква маестрална динамика, по малку чудна за драма со која те вовлекува во филмот и сето тоа време поминува така брзо. Тоа е главната карактеристика на одличен филм според мене.
Во глобала се сложувам со скоро сите мислења што горе сте ги напишале за филмот, единствено за она дека првиот дел бил помалку интересен, напротив, мислам дека тој дел беше клучен за развојот на ликот на Ватанабе. Лик разочаран од својот живот, кој набрзо ќе умре, му се нудат скриените можности кои ги нуди овој свет како коцката, алкохолот, блудот, развратот, младо месо. Но, сите тие содоми и гомори нему не му се привлечни и не е тоа по што треба да се живее еден живот to the fullest. Напротив, правењето на добро дело за луѓето е она преку кое оставаш наследство и име за паметење, па колку и да било тоа мало, како еден мал маалски парк. Тоа е главната лекција во филмот, а одма после тоа доаѓа и шамарот кога повторно сета администрација продолжува во својата рутина не правејќи ништо и заглавувајќи ги обичните луѓе во безбројните папирологии и бирократија.
Јапонија 1947 = Македонија 2017.
Јапонците по се изгледа ја научиле својата лекција и денес се таму каде што се. Дали ние некогаш ќе ја научиме нашата и колку Ватанабе ни се потребни за истото?
Оцена: 8
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Конечно и јас да изгледам нешто и тоа црно бело :D

What Ever Happened to Baby Jane?

Црно бели филмови не сакам, но собрав сили и го симнав филмов. Глумата во старите филмови е незаменлива, ретко каде денеска ќе се најде таков негативец како ликот на Bette, одлична во целиот филм. Можеби една од најдобрите женски глуми на сите времиња ја има Дејвис во овој филм.
Инаку за филмот, напнатост во текот на целиот филм, начинот на кој што Џејн ја омаловажуваше Бленш беше страшен, можеби и само заради тие постапки филмот е ставен во хорор жанр. Како и да е 3.5/5 има филмот од мене.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.405
Поени од реакции
5.962
Ikiru

Првпат гледав филм на Куросава, ме воодушеви ептен. Ги пронајдов Толстој („Смртта на Иван Илич“) и Достоевски (прототип на Мишкин во ликот Ватанабе, како и цел мотив од мисла на Достоевски "My God, a moment of bliss. Why, isn't that enough for a whole lifetime"). Повеќето работи сте ги кажале, кога го гледав пред некој ден ме импресионираше па ова чкртнав на фб, еве нека стои и тука. Иначе, како солза чиста 10-ка.

Untitled.png


What Ever Happened to Baby Jane

Таа борба за холивудска слава што знае да ја поремети личноста ја гледавме и во All About Eve па отприлика јасно ми беше што ќе гледам. Бети Дејвис и тука маестрална, уверлив психопат што влече фрустрации од детство. Језива беше секоја сцена со неа, со самата појава, со физичкиот изглед, пренагласената шминка. Џоан Крафорд исто така во улога на жртва, прикриен завидлив психопат. Актерската игра го направи филмов. Приказната не велам дека беше лоша, но во современиов свет сигурно не би привлекла толкаво внимание како во 60-тите. Сценариото некако рамно во првата половина од филмот и на моменти повторливо, па малку се досадував на некои делови. Во принцип тешко ми е да коментирам филмови што се зацементирале како класика, па ќе застанам тука. Оценка 8/10.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
What Ever Happened to Baby Jane

Who the hell is Baby Jane Hudson?
Baby Jane, High Noon, Sunset Boulevard, 12 Angry Men и The Apartment ми се првите изгледани црно-бели филмови, поради нив се заљубив во таквите и секогаш ќе се сеќавам како седев и гледав со отворена уста, како се осеќав и секогаш кога пак ги гледам повторно така се осеќам, пријатно, убаво, како да седам среќна и безгрижна и пијам топол чај со некој стар добар пријател со кого ме врзуваат ептен убави спомени. После нив изгледав уште стотина други такви, слични, исти, подобри, ама овие 5 филмови, секогаш ќе ми останат ремек дела, чисти 10ки...

Иначе интересен факт, Бет Дејвис и Џоан Крафорд ептен се мразеле меѓу себе па може затоа глумата е толку совршена, и ваљда Бет уживала во помислата вистина тоа да и го прави на Џоан, па испаднало тоа што испаднало, совршена хемија меѓу две глумици кои вушност и не се намачиле да изглумат :D

Бет како Бејби Џејн... Додека гледаш си мислиш дека жената е стварно луда. Е тоа е навистина добра глума, кога актерот ќе ме натера да верувам дека ликот што го глуми е всушност и тој самиот. Во Топ 10 негативци на сите времиња. Со сите нишани.

Сега на мислам третото гледање после неколку години, ми сметаше преголемата театралност во филмов и да го гледав прв пат сега ќе се пожалев прво на тоа, па на должината зошто дава впечаток како се да се повторува и повторува и повторува до крајот кој и сега ми беше совршен, посебно делот каде Бејби Џејн се изгуби во гужвата и почна да игра, слично како Норма во булеварот и поради тие две жени сум слаба на вакви ликови, забегани, полудени старици што не знаат да се носат со годините и новите времиња. Егоисти, заљубени само во себеси и во својот успех и немоќни пред фактот дека дошле други и го направиле тоа подобро од нив.

Филмов, ваљда ни кажува да не гледаме само на едната страна и да судиме, сожалуваме, напаѓаме, првиме теории. Секогаш стои и друга страна на приказната која некогаш како и тука знае да изненади и шокира.

Исто како и темата во филмов, луѓето може да ги маѓепса лоша уметност, но славата на такво нешто кратко трае и се заборава, додека времето зборува за она што е добро. Исто како овој филм и сите тие таквите ко него, култни класици, помалку или повеќе познати.

10/10 од мене.

[DOUBLEPOST=1506277341][/DOUBLEPOST]Aaa да. Последно ми изгледа како клубов да ни се држи на едно влакно. Порано уште првите три дена home на letter ми беше само со филмот од клубов, па имаше толкави рецензии, па расправии, па лутења, па некои дури и клубот го напуштија :D Озбилно немојте такви да бидете. Последните неколку филмови само 3ца ги гледаме и тоа онака колку да се рече па со три збора и една оцена поминува се. Ај да си се вратиме ко што си бевме, таман си се две недели за еден филм од два саати да се изгледа. И министер може толку време да најде.
Јас сите ќе ви ги гледам и тие две недели на аватар ќе носам лик што ми бил најинтересен од филмот што е на ред. Ете и ви цртам и ви гледам и се, а вие демек време немате :X3:
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Јас ако не гледам никој не гледа. Ги имам изгледано додека одмарав од форумов Crow, Four Lions, Titanic, City Lights уште Ikiru да го гледам и ќе пишам за сите. Овој најновиов го имам гледано уште кога вие гледавте цртани. :D
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Што се случи со Бејби Џејн (1962)

Филмот претендира да биде психолошка трилер драма за две сестри чиишто однос е нарушен уште од нивното детство. За жал, заради многуте недоследности во сценариото сите напнати сцени се разводнети, а од истата причина е недоволно објаснет и сложениот однос меѓу сестрите. Еве неколку примери: како една филмска ѕвезда со пари која останува во количка, се одлучува да живее во соба на спрат до која може да стигне само по скали? Зошто откако не успеа да го достави писмото до комшиката, не го повтори обидот во некоја од следните сто прилики? Зошто едноставно не викна повторно по комшиката? Како тоа одењето до центар по костими или до редакцијата на весникот, трае пократко од еден телефонски повик или пишување на неколку реда текст? И уште многу вакви ситуации коишто целосно ги минираат карактерите и нивните дејствија.

Ликовите ги глумат две големи актерки од триесетите и четириесетите години на минатиот век, веќе пред крајот на своите надолни кариери. Крафорд и Дејвис се познати по своето ривалство и омраза и во реалниот живот. Можеби токму тоа е и причината за големата популарност на овој наслов, во кој двете сопернички за прв пат се појавуваат заедно. Глумата е сосема на ниво, двете пленат и покрај тоа што ликот на Бет Дејвис е многу позастапен, што не можам да кажам и за самите ликови. Останатите аспекти се одлични, Олдрич многу добро гради една клаустрофобична атмосфера во куќата најмногу со помош на камерата и светлото, како и музиката која одлично надополнува. Во одличен мотив прејде трескањето на капакот од клавирот. Сепак некои сцени (особено последната) а со тоа и целиот филм можеа да бидат постегнати и со самото тоа поефикасни. Можеби така немаше дупките во сценариото да изгледаат толку големи.

6/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.893
Поени од реакции
6.167
What Ever Happened to Baby Jane?

Од филмот имав високи очекувања. Поготово што се работи за класик, од она што сум го слушал за него и актерската екипа (не сум знаел дека Бет и Крафорд се мразеле и во вистинскиот живот. Ова е голем плус. (y)). И како што секогаш се испоставува кога имаш високи очекувања од нешто, баш тоа и ќе те разочара. Fuck you Murphy!
Впрочем, не можам да кажам дека филмот не е добар, добар е, многу добар, може да се каже и одличен. Но со гледањето на Икиру, како апетитите да ми се зголемија.
Нешто со што би требало да плени овој филм е самата приказна претставена преку дијаметрално спротивни личности. Едната добра, другата лоша. Белото е бело, црното е црно. Како да беше претенциозно одењето во крајности со сета таа театралност. Како да беше премногу наметливо прикажано кон публиката, за истата да го замрази ликот на Бејби Џејн. Како сите можни и неможни негативни особини кои постојат на светот, како карактерни, така и физички да и се препишани неа. Само и само да би се сожалиле на нејзината сестра и неправдите кои ги трпи од преголема "љубов" кон неа, па дури до тој степен претставувајќи ја истата и помалку наивно и глупаво. (Сите оние дупки во сценариото што ги има набројано Мунгусес). Кај мене се вроди спротивно чувство и сета вина ја "истурив" на Бланш. Можеби сето тоа се должеше и на маестралната глума на Бет Дејвис кој успеа да го доведе ликот до совршенство, каде што повеќе не можеш да разграничиш глума од реалност.
Не би ја сврстил како негативец, него како личност со психички проблеми на која и е потребна стручна помош. Помош која сестра и низ целиот филм не сакаше да и ја пружи и ја држеше "затворена" во куќата со неа. Да, да. Бет беше таа која беше "затворена" и "заробена" во куќата.
Од која причина Бланш имаше одлучено да ја држи со себе, и по еден ден не можам да сватам. (Заеби тоа што после сакаше да се реши од неа. Живееле заедно со години). Единствено со што би можел да го разберам тој потег е грижата на совест од обидот за убиство на нејзината сестра и реченицата која и ја кажа мајка и на почетокот на филмот.


Поради сите тие дупки во сценариото со кои се "заглупави" беспотребно ликот на Бланш, репетитивното сценарио, црно-белата приказна без сивост која кај мене не помина не би можел да му дадам повеќе од една солидна оцена. Кога веќе бев строг кон Икиру и му дадов само 8 (не ми беше за 9, но можеше да помине со пола оцена повеќе), Бејби Џејн од мене добива само 7.5
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
Оценка - 5/10

Зошто 5? - Поради глумата и од почит кон Хоуп , не сакам да и скршам срцето па ајде да и дадам каков-таков рејтинг :D :D

Зошто -5 ? - Може сум малце харш ама стварно нема ништо посебно у филмов. 2саата=вечност!
- Очекував реално многу повеќе заплетки,очекував многу повеќе хорор ,а не врапче и стаорец у чинија и ааааааааааа. Очекував многу поментален филм. И најверојатно и затоа и сум толку лош кон филмов. Имав големи очекувања...Дип е да, ама некако се видено, се осетено. Од што имам гледано толку многу поментални филмови воа ми беше мачкина кашлица,можда и поради тоа досаден.Пробував цел филм да се сочуствувам со Бланш за да бидам напнат малце повеќе ама па ни тоа не беше од корист...впрочем и многу нелогичности ми имаше околу односот на Бланш и Џејн.Зошто би и дозволила на ментално пореметена жена да те чува без никој друг на помош ( да не ја заборавиме сепак Елвира која знаеше дека Џејн е лоша личност и дека и мисли лошо на Бланш и беше премногу загрижена за неа , но кога и рече да си оди дома од чиста мира си отиде. ВТФ ). А да, колку само лесно си ги извади парите , само им кажа дека спие Бланш :D

На крајот некако се надевав дека Џејн ќе испадне дека има multiple personality disorder и дека цело време си ја замислувала Бланш , а Бланш да загинела во сударот. Сцената на крајот кога Џејн играше и околу нејзе беа луѓето стварно помислив и се наежив дека има шанси таа теорија да испадне вистинита , но за жал ништо. Уу и те како ќе имаше повисок рејтинг од мене ако испаднеше таков твист. :D

И да не заборавам, 5-ка му дадов и поради Едвин , абе батето беше пресмешно хаха. Какво идиотско глумење!


Victor Buono What Ever Happened to Baby Jane..PNG


From Papir with Love.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
Овој многу ме потсеќаше на Џејсон Сигел, онака, ептен.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Оценка - 5/10

Зошто 5? - Поради глумата и од почит кон Хоуп , не сакам да и скршам срцето па ајде да и дадам каков-таков рејтинг :D :D
А не не нема тука почит, љубов, пријателства, ставај двојки заеби тоа, да треба и јас да се осеќам крива после ова ако не ми се свиѓа твојот филм.. :D

Затоа што сме различни е интересното. И затоа сакам да сум тука. Ако се согласувавме сите, ќе умрев од досада.
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
ако за следен филм не ставите некој во боја, јас повеќе не играм
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.893
Поени од реакции
6.167
ако за следен филм не ставите некој во боја, јас повеќе не играм
Не знам дали си ги читал правилата на филм клубот, но едно од нив гласи вака:

"6. Имајте разбирање за предлозите, почитувајте го мислењето на другиот. Да не се расправаме со муабети од типот - леле колку глупав филм, јас не го гледам!"

Не намерно е ставено ова правило, затоа што однапред се знае дека некој ќе мрчи. До душа понекогаш и оправдано, затоа што искрено понекогаш на сите ни паѓа тешко да гледаме некој филм кој не ни е по вкус.
Но, баш тие разнолики предлози ја прават уникалноста на ова мало катче на форумот. И без разлика колку нам би ни се допаднал некој филм или не, имаме можност да му дадеме критика на истиот без никој да ни суди или замери за тоа. Нешто што е стварно ретко на форумов. Да имаш свое мислење, и за истото да не бидеш суден (ако дадеш добро поткрепен аргумент). Впрочем овој клуб има за цел да не зближи нас членовите на истиот, да ни отвори нови хоризонти, да научиме и видиме нешто ново, несекојдневно, нешто што можеби иначе не би го погледнале. А како би знаеле дали е нешто добро ако претходно не сме го "вкусиле"?
Еве јас искрено бев голем противник на црно-белите филмови претходно, при тоа ретко кога сум имал можност да гледам некој од нив, и сум ги хејтал без посебна причина. Без да им дадам можност и да ги погледнам детално, да пробам да ги разберам и да навлезам во нив.
Клубов успеа да ми сруши и други бариери што ги имав кон некои видови/жанрови на филмови, па сега ја немам таа ограниченост како порано. Што се разбира е голем плус и развивање на себе како личност. Можам да кажам дека филмски сум созреал доста за овие две години колку сум член овде. Али да баталам со филозофииве...

Филмовитe ги гледаме тука како почит кон оној што ги предложил, затоа што тој предложува нешто што му се допаѓа, му значи, и нешто што го осеќа блискo. И ете истото решил да го подели овде. Па затоа одвојуваме околу 2 часа во две недели и го удостојуваме со коментар и сопствено мислење. Е сега, колку ги цениш ти другите, толку ќе те ценат и они тебе. Simple as that!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom