- Член од
- 4 јануари 2008
- Мислења
- 2.352
- Поени од реакции
- 5.010
Полека ја одминуваме втората половина од септември и веќе почнувам да гледам како чури по некоја соба/шпорет по комшиските куќи, собрани на купче лупат пиперки, мелат, се меша ајвар, тука се и мармаладите, печи-гмечи, по некоја лутенка, недоминливите салати, царска, медицинска, се разбира фамозната туршија и бурето со зелка без која ниедна куќа нема да изостане.
За најекстремните тука се теглите со месо, да има и тоа. Конзервирано барено месо во тегли!
Но дали ни е потребно сето тоа?
Дали денес во 21 век кога на неколку стотици метри имате Веро, Тинекс, Рамстор, КАМ, Жито.... и ред други супермаркети кој нудат разноврсна храна во текот на целата година и храна која е достапна 365 дена во годината е потребно складирање на резерви се со цел да се поминат студените зимски денови?
Јас мислам дека не сме 18 век и не живееме во планина како нашите баби и дедовци на кои најблиската бакалница им била одалечена 23 километрии па се спремале за метро и 20цм снег и тотално отсечување од цивилазација. Да запалиш огон и да мешаш 40кг пиперки ништејќи им ги сите хранливи вредности во град од 1.000.000 жители е еднакво на универзумска глупост.
Ако ги знаете оние preppers во Америка што цел живот се спремаат во бункери складирајќи храна за да дојде Апокалипсата и никако да дојде... Дури и тие сме ги заебале.
Најиронично е што финансиски таквото припремање за зимата е крајно неисплатливо и големи количини од складираната храна на пролет ќе се најјде во контењери меѓутоа тоа се занемарува затоа што сме среќни оти сме преживеале уште една зима која инаку немаше да ја преживееме без сите тие сочни салицилини, винобрани, киселини, крупна морска сол и ред други оксидантни состојки кој во организмот ствараат една убава специјална средина погодна за создавање разно разни канцерчиња.
Кое е вашето мислење за феноменот "Зимница" и дали останатиот свет е толку прост и будала што не ја практикуваа оваа благородна навика.

Последно уредено од модератор: