Купување преку интернет (генерална дискусија)

Член од
12 август 2012
Мислења
317
Поени од реакции
100
Другата работа е што зошто би купувале телефон од 2013 сега? За да се каже дека имате ијфон? Застарена технологија во секој поглед, нема апдејти и подршка за апликации, 1ГБ рам, 4 инчи екран, застарен дуал кор процесор. Освен за ало ало, некоја порака и некое видео јас друга намена не гледам.
Дечки мој совет ви е да не земате репарирани телефони од алиекспрес. Јас земав еднаш со многу повисока цена и никогаш веќе.

Може да е одлична копија и има шанси да ви тера година две но може да рикне за 2 месеца. Камерата не е таа што треба да биде и најверојатно интерполирана, процесорот му е заменет со некој друг поефтин, екранот ги нема тие бои како оргиналот и слично. За неискусно око може ќе изгледа одлично но кога ќе го ставиш рамо до рамо со оргинал ист модел разликата е оромна.

Другата работа е што зошто би купувале телефон од 2013 сега? За да се каже дека имате ијфон? Застарена технологија во секој поглед, нема апдејти и подршка за апликации, 1ГБ рам, 4 инчи екран, застарен дуал кор процесор. Освен за ало ало, некоја порака и некое видео јас друга намена не гледам.

Не мора да сте експерти ама изгледајте едно видео за овој телефон (се наоѓа и за 115-120 долари)и споредете ги лаички спецификациите. Небо и земја разлика
Kakov zema ti, i kolku ti traese?
 

jovankrstevski1

ТАТА_МАТА
Член од
2 декември 2012
Мислења
849
Поени од реакции
568
Kakov zema ti, i kolku ti traese?
Ок штом љубезно замоли.
Земав HTC One X refurbished ама пред години, неколку месеци од кога излезе. Го отварам-кефови, убаво спакуван, фантастично изгледа, лудило.

Го пуштам, прва статива- ова е тест единица бла бла бла, податоци ќе се праќаат до производителот за да се одстрануваат багови. Ај ок. Екранот го гледам, убав, солидни бои, релативно брз за тоа време.
Пуштам камерата, втора статива, врска си нема со оргиналната, драстично послаби слики.
Го погњавив 2 недели, трета статива, батеријата почна да откажува. 3 саати го полнам, 3 саати го користам.
Фино лепо отворив спор им го вратив назад и изгубив некој денар за поштарина ама ок, памет за другпат.

Затоа ''оргинали refurbished'' од типот на Самсунг, ХТЦ, ајфон итн. од алиекспрес никогаш повеќе.
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
се зависи од продавачот. има доста преваранти на алиекспрес, ама не се сите такви.
затоа проверка прво на коментари за производот, проверка на репутација на продавачот

а има refurbished и factory refurbished
првото може некој сам да ги поправа телефоните со оригинални или неоригинални делови
другото вратен во фабрика на поправка и тест
 
Последно уредено:
Член од
12 јуни 2011
Мислења
36
Поени од реакции
12
Денес само што ми стигна пратка од Асос. Системот функционира, но како што и очекував, го има проблемот за кој што зборував. Еве за што се работи:

На веб-страницата на Асос имаш број на порачка - order no. Еве исечок од мојата порачка од самата страница:




Кога ќе кликниш на TRACK ORDER, ти излегува ова:



Бројче за пратење нема. Се работи за обична пратка.


Ова е поштенската налепница од пратката што ми стигна:



Како што и најави Македонска пошта, на овие пратки им лепи налепница со нивен баркод со број за пратење (тоа што е најгоре). Под тоа се наоѓа бројот на порачката од Асос, а па најдолу се наоѓа баркодот од поштенската налепница од Асос.


Е сега тука настанува проблемот. Мак. пошта го зема тој број од баркодот најдолу и со тој број можете да ја барате пратката на страницата на поштата. Но тој број, ние како нарачател го немаме никаде во порачката на самата страница и немаме увид во него сѐ дури не стигне пратката. А пак со бројот на порачката не можете да барате.

Еве екран од системот на поштата:



Значи кога ќе го внесам бројот на баркодот од поштенската налепница, тогаш излегува резултат со бројот за пратење од мак. пошта... супер, одлично, тоа си функционира.

Но кога ќе го внесам бројот на порачката од Асос, тогаш нема никаков резултат:




Значи, хипотетичка ситуација:

1. Имаме порачано обична пратка, без број за пратење.
2. Пратката не е стигната (касни, изгубена, украдена).
3. Сакаме да провериме што се случува.
4. Нема начин како. Го немаме бројот од баркодот на поштенската налепница.


Мислам дека сега се разбираме. :)
Мислење, некој друг? :)
 
Член од
12 јуни 2011
Мислења
36
Поени од реакции
12
проверувај си на 17track.net или trackitonline.ru
македонска пошта е должна да праќа информации за примена пратка со оригиналниот број за следење
Обична пратка е. Не можиш да ја пратиш на 17track.net или trackitonline.ru.

Зборуваме за новината на мк пошти, за ставање на број за пратење на обичните пратки при пристигнување во Македонија.
 
Член од
9 септември 2017
Мислења
13
Поени од реакции
4
Сакам да прашам дали има некој нешто купено од „Sweetwater“ музичката продавница или од некоја друга музичка online продавница било што и за колку време му стигнала пратката?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom