Хари Потер

  • Креатор на темата Креатор на темата Unicor777
  • Време на започнување Време на започнување
Зашо бе? Не сакаш да читаш за сплетките на Зајадливски, или опсесијата со шушумиги на Артур Снајдоски? :icon_mrgr:
Хермиона ЖЕЛБОГОРСКА
Рон и Џини СНАЈДОСКИ
Фред и Џорџ СНАЈДОСКИ
Бил, Чарли и Перси СНАЈДОСКИ
Артур и Моли СНАЈДОСКИ
Дадли СИТНИКОСКИ
Вернон и Петуниа СИТНИКОСКИ
Минерва ОКАЛКОСКА
Сибил ГАТАЛКОВА
Северус ЗАЈАДЛИВСКИ
Филиус ВЕЈНИВЕТРЕСКИ
Драко ЛОШОТКОСКИ
Питер МАЛЕНКОВ
Ремус ВОЛКОВ
Шејмус ЖАБЕСКИ
Невил Загубенкоски
шушумиги
Годрик ОРЛОЛАВ
Хелга УФИПУФ
Ровена ГАВРАНОКТ
Салазар ЗМИЈОЛИК

На што личи овој превод? Затоа е подобро да ги читаме првите 5 дела на српски или англиски. КРШ!!!
 
А да не заборавиме дека во иста книга Weasleys на едно место беа Снајдоски а на друго Ласичкоски. :pos:
 
А да не заборавиме дека во иста книга Weasleys на едно место беа Снајдоски а на друго Ласичкоски. :pos:

хаха ДА! Weasel од англиски на македонски значи ласица, па затоа Ласичкоски. А ласиците се снаодливи, па на крај се Снајдоски :icon_lol:[DOUBLEPOST=1504455463][/DOUBLEPOST]
Јас сум во Рајвенкло(в) (или Гавранокт, како сакаш). ;)
Јас сум во Хафлпаф (или Уфипуф, како сакаш). ;)
 
Ја продавам книгава (Хари Потер и Полукрвниот Принц на српски). ЦЕНА: 500 денари. Не е ич оштетена, ни отворена (купена пред 2 дена). Ве молам купете ја, ми требаат пари за да си ја купам на МКД :(:icon_lol:. Не е ни изгребана! ЦЕНА: 500 МКД
21291877_1938611556377117_2008043231_n.jpg
 
Еве и останатите како изгледаат.

Еве ја и 8-та на англиски.

И еве, еве и еве ви ги дополнителните книги на англиски.

И за вас ова е рано, но нека стои. Ако ја има некаде да се купи (мислам конкретно во некоја книжарница или на старо, а не од купикнига) одма кажувајте. :D

пи.ес. Еве ја и оваа, ама јас ја немам причитано и оваа, која не е нешто посебно интересна. :)[DOUBLEPOST=1504389185][/DOUBLEPOST]
Ти си новак на форумов, па еве ти го и ова. Пристапот ти е бесплатен, оди само join, потоа пријави се (име, години, меил...) и на крајот од твојот меил потврди ја верификацијата. :)
Што се раскажува во книгата од Хермиона (The tales of beedle the bard) ?
 
Што се раскажува во книгата од Хермиона (The tales of beedle the bard) ?
Тоа ти се волшебнички народни приказни (некои викаат и бајки). Книгата е составена од 5 приказни со дополнителни коментари на Дамблдор. Едната од нив- Приказната за тројцата браќа, е веќе презентирана и во самиот филм и во самата книга, и на крајот испаѓа дека таа е вистинска. :)

Мала, интересна и брзо ќе ја прочиташ. :)

Некои викаат дека ја имало на македонски во Икона, но јас ја немам сретнато. :)
 
Луѓе ве замолувам кој живее во Скопје или сака да го посети овие денови да провери во Култура дали уште ги има последните 2 дела на македонски и на плоштадот од 2 до 5 дел на српски. Проверете и пишете!
 
На плоштад 100% ги има. Ги имаше и пред 3-4 год. што значи дека нема голем интерес. А во Култура да не имаше само по 1 издание што вака прашуваш?
Башка нели го најде 6-от дел на македонски на старо за 300 ден., зошто ќе го купуваш на ново!?

Не знам какви ти се плановите, но мислам дека си малку конфузен. :)
 
Не сум конфузен! Сакам да ги купам на македонски последните два дела на ново. Иначе 6-тиот го купив на српски и сакам да го продадам. А 1, 2, 3, 4, 5 дела сакам да ги купам на српски (затоа што е лош преводот на македонски).
 
Ќе те ограбат на ново, под 990 нема да ги најдеш. Башка веќе го имаш 6-от на српски, чим сакаш да ги купиш првите 5 на српски, не знам зошто не го задржиш или пак да пробаш да го вратиш со фискална и така може да ти ги рефондираат 100% парите.

Инаку ти си знаеш, јас кога би ги купувал пред се’ би сакал да ги имам на македонски, иако преводот е чиста катастрофа. Дури и едно време сакав и да ги преведам со подобар превод, но немав никаква помош при делбата на книгите. Сега веќе немам воопшто време за такви деликатни зафати. :)
 
Морам да го продадам, затоа што го купив пред 10 дена. Сега која продавница ќе сака да ја врати книгата? На македонски ги има само првите два дела и последните два дела. Ако ги купам првите два дела, нема од каде да ги купам и 3, 4, 5 дела на македонски. Затоа е подобро првите пет на српски и последните два на македонски. Знам дека последните два на македонски се 990, ама што да се прави!
 
2017, 2017, 2017
Значи вака, денес бев во Скопје и ги видов цените на сите книги.
Хари Потер и Полукрвниот Принц: на македонски на старо кај кејот на Вардар (300-400 ден.), на српски во Топер (500 ден.) и во Култура на македонски (990 ден.) (тврда корица).
Поентата ми е зошто да даваш дополнителни 500-600 ден. (а тоа е повеќе од една книга) кога на македонски можеш да го купиш на старо (ако е во добра состојба секако). Или направи колекција на српски затоа што веќе имаш 1 книга, а и веќе планираш да ги купиш и првите 5 на српски.

Мој проблем навистина не е и не би сакал да ти се мешам дополнително, но ја имаш за 300 ден. на старо, а на ново ти е повеќе од 3 пати поскапа истата! Рачунај и дека можеш, а воедно и не можеш да ја продадеш онаа која ја поседуваш што значи отворена можност да имаш и дупликат. :)
 
дечки на која издавачка куќа се преводите на Хари Потер на македонски? И од каде можат да се купат на англиски? :) Тенкју
 
дечки на која издавачка куќа се преводите на Хари Потер на македонски? И од каде можат да се купат на англиски? :) Тенкју
На англиски во Икона. А на македонски 1-5 ги “преведе“ Култура, а последните 2 Младинска книга. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom