Мултикултурализмот, и неговата злоупотреба

Член од
20 јули 2014
Мислења
3.281
Поени од реакции
8.683
Неспорно е сроден. Ама ако гледаш генеалошки (и генетички) уште повеќе е сроден со romance јазиците. Инвазијата на Норманите во 1066та? Окупацијата од Римјаните? Тие луѓе исчезнале, не се мешале (лингвистички и генетски) со староседелците?
Не е сроден со романските јазици. Генеалогијата се однесува на коренот, а генеалошки англискиот е германски јазик. Референцата „германски јазик“ се однесува на генеалогијата, влијанието од странските јазици е неважно во оваа поделба.
A language family is a group of languages related through descent from a common ancestral language or parental language, called the proto-language of that family.
И во македонскиот јазик има огромно грчко и турско јазично влијание, па никаде за македонскиот нема да сретнеш дека е грчко-турско-словенски хибрид, како ти што размислуваш. Генеалошки македонскиот јазик е словенски.

Edit: Јас не го изгледав видеото што си го постирал (да бидам искрен, ме мрзи), иако го имам сретнато тој YouTube канал претходно. Претпоставувам тој ликот етикетата „хибрид“ повеќе ја користи како хипербола за да го нагласи странското јазично влијание врз англискиот, меѓутоа не верувам дека го спори германскиот корен на англискиот јазик бидејќи тоа би било целосно погрешно.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.822
Поени од реакции
34.074
Не е сроден со романските јазици.
- Речникот на Англискиот јазик е само една четвртина германски, ама Англискиот е исклучиво германски јазик.
- Речникот осетно повеќе од половина е од romance jaзиците, ама Англискиот не е сроден со романските јазици.

Мене тука нешто не ми иде во „логикава“. :)

Јас не го изгледав видеото што си го постирал (да бидам искрен, ме мрзи)...
Фино што си искрен, ама... Видео од неколку минути, со чисто лингвистичка содржина, те мрзи да го одгледаш.
Од друга страна не те мрзи неколку пати повеќе од тоа, да потрошиш на „убедување“ во лингвистички работи (кои не ги разбираш, туку ги повторуваш).

ОК. :coffee:
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.590
Поени од реакции
5.187
Нели прееска добар ти беше англиско-албанскиот превод? ;)
Сега го менуваш мислењето за преводот, дека не бил добар, и тоа веднаш штом спомнав можност дека Албанкиот е хибриден јазик, од постар афроазијатски јазик и понов индоевропски јазик.

Искрено очекував негирање и спинови, затоа прво те прашав дали англиско-албанскиот превод е добар. На што ти одговори „добро е преведено“.

:)
Еден превод не беше добро, другите беа добро.
Што правиме кога мноштвото (повеќе од половината) од зборовите се такви?
Како можам сериозно да ја сфатам студиава кога земени се латински позајмици и ти ги споредуваш со наводно берберскиот јазик?
Знаеш дека за Англискиот јазик постои општа заблуда, дека е германски (germanic) јазик?
Нема врска со темaва што зборевме.
Веројатно такви „стручњаци“ (кои тврдат дека Англискиот е германски јазик), селективно се цитираат како „докажани“ албанолози. Инаку секој лингвист кој ја заслужува титулата, знае дека Англискиот докажано е хибриден јазик, мешавина од романски (romance) и германски (germanic) јазици. Истото е многу евидентно од мноштвото romance позајмици, и помалку или повеќе јасна е и староста на јазикот според обликот тие позајмени збориви, кои се постар облик, облик во кој денес ги нема во модерните романски јазици (ама ги има во пишан облик, во Латинскиот).
Викаш селективно а, па најди само еден селектиран лингвист кој тврди дека албанскиот потекнува од берберскиот јазик. Само ЕДЕН.
Како ќе го елаборираш ова? :)

Може јас да се обидам? ;)

http://www.eupedia.com/europe/Haplogroup_I2_Y-DNA.shtml
Haplogroup I2a1b-L621
Веројатно не си неук до толку па да мешеш антропологија со генетика...
Берберите доминантно се E1b1b1b хаплогрупа, додека Албанците E1b1b1a:
https://en.wikipedia.org/wiki/Origin_of_the_Albanians#Genetic_studies
Сосема нормално е медитеранските народи да имаат значително E1b1b1 хаплогрупа, и грците имаат значителен процент.
Веројатно не си толку неук па да мешаш генетика со етнос?

Пиши линк каде ја виде таа студија со берберскиот јазик.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.281
Поени од реакции
8.683
- Речникот на Англискиот јазик е само една четвртина германски, ама Англискиот е исклучиво германски јазик.
- Речникот осетно повеќе од половина е од romance jaзиците, ама Англискиот не е сроден со романските јазици.

Мене тука нешто не ми иде во „логикава“. :)
Тоа е влијанието. Влијанието од латинскиот/романските јазици врз англискиот не ја менува генеалогијата/коренот. Ете ја имаш погоре дефиницијата, анлискиот јазик влегува во јазичната група на германски јазици заедно со современите германски јазици (шведски, дански, германски итн.) бидејќи влечат корени од прагерманскиот јазик и тоа ги прави генеалошки сродни јазици.

Англискиот јазик не влече заеднички корени со францускиот или некој друг романски јазик затоа што не влечат корени од заеднички прајазик. Да повторам, германски јазик се однесува не генеалошката сродност, влијанието на латинскиот и романските јазици врз англискиот јазик се рефлектира подоцна преку културното мешање, политиката итн.
 
Последно уредено:
Член од
25 март 2012
Мислења
8.590
Поени од реакции
5.187
- Речникот на Англискиот јазик е само една четвртина германски, ама Англискиот е исклучиво германски јазик.
- Речникот осетно повеќе од половина е од romance jaзиците, ама Англискиот не е сроден со романските јазици.

Мене тука нешто не ми иде во „логикава“. :)

ОК. :coffee:
Што не е јасно, има голем број на позајмени латински зборови, но спаѓа кај германските јазици. Не мора да си лингвист или толку паментен како во твојот случај да го разбереш ова.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.726
Поени од реакции
42.315
Англискиот највеќе има позајмени зборови од француски, а францускиот е дел од романските јазици. Латински изрази нема многу. Англискиот у глобала има позајмени зборови од многу јазици и ако појдеме од настанокот на јазикот до сега низ историјата денешниот англиски и стариот англиски немаат многу заеднички зборови кои останале до ден денешен.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Не ме интересира мене кој прв бил тука, ама ми пречи што вие не ги прифаќате албанците како дел од историјата на оваа земја. Игноранција
Па вие сами се отргнувате од тоа. Сакаш хронолошки да ти ги поставам највпечатливите настани насочени кон Македонија и македонскиот народ од 1991 наваму, па да видиме зашто толку Албанците се одбивни.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.281
Поени од реакции
8.683
Англискиот највеќе има позајмени зборови од француски, а францускиот е дел од романските јазици. Латински изрази нема многу. Англискиот у глобала има позајмени зборови од многу јазици и ако појдеме од настанокот на јазикот до сега низ историјата денешниот англиски и стариот англиски немаат многу заеднички зборови кои останале до ден денешен.
English is a Germanic language, with a grammar and a core vocabulary inherited from Proto-Germanic. However, a significant portion of the English vocabulary comes from Romance and Latinate sources. A portion of these borrowings come directly from Latin, or through one of the Romance languages, particularly Anglo-Norman and French, but some also from Italian, Portuguese, and Spanish; or from other languages (such as Gothic, Frankish or Greek) into Latin and then into English. The influence of Latin in English, therefore, is primarily lexical in nature, being confined mainly to words derived from Latin roots.
https://en.wikipedia.org/wiki/Latin_influence_in_English
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.726
Поени од реакции
42.315
Епа тоа ја го пишав, најголем дел од позајмените зборови се од романските јазици, сеа знаеме дека тие го влечат потеклото од латинскиот но тие не се латинскиот јазик. А пак директни позајмени зборови од латински се малце.
 
Не е баш така, не се работи за мал број. Еве уште еден линк - https://en.wikipedia.org/wiki/Foreign_language_influences_in_English

Како и да е, ме мрзи да се расправам, ова мојата последна реплика...
 
Scientific and technical words, medical terminology, academic and legal terminology. Во сите јазици во овие сфери латинскиот влијае.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.822
Поени од реакции
34.074
Тоа е влијанието. Влијанието од латинскиот/романските јазици врз англискиот не ја менува генеалогијата/коренот. Ете ја имаш погоре дефиницијата, анлискиот јазик влегува во јазичната група на германски јазици заедно со современите германски јазици (шведски, дански, германски итн.) бидејќи влечат корени од прагерманскиот јазик и тоа ги прави генеалошки сродни јазици.

Англискиот јазик не влече заеднички корени со францускиот или некој друг романски јазик затоа што не влечат корени од заеднички прајазик. Да повторам, германски јазик се однесува не генеалошката сродност, влијанието на латинскиот и романските јазици врз англискиот јазик се рефлектира подоцна преку културното мешање, политиката итн.
Гледај, ти и понатаму ги игнорираш фактите кои ти ги покажувам. Многу од работите кои ги пишуваш не ги разбираш сосема. Можеш да продолжиш така игнорантски, или можеш да одвоиш 9 минути и да научиш нешто ново:
https://www.youtube.com/watch?v=2OynrY8JCDM

После дузина постови, употреби доволно време да до сега можеби и дел од книга ќе пролисташе, не па неколкуминутно видео да изгледаш (отслушаш).

Jaс кажав што имав. Немам потреба понатаму да се натегам и убедувам.

Сосема нормално е медитеранските народи да имаат значително E1b1b1 хаплогрупа, и грците имаат значителен процент.
Веројатно не си толку неук па да мешаш генетика со етнос?
Генетика, етнос, и јазик... Тоа се меѓусебно поврзани поими.

Повторно, генетиката и јазикот се тесно поврзани. Јас ти зборувам за заеднички предок на Албански и Берберски јазик. Но за тоа прво треба да се покаже и генетска поврзаност. Што не е тешко. Берберите доминантно се E1b1b1b хаплогрупа, додека Албанците се E1b1b1a:

https://en.wikipedia.org/wiki/Genetic_studies_on_Moroccans
E1b1b (E-M215) is the most prevalent haplogroup in North Africa. E-M215 and its dominant subclade E-M35 is thought to have emerged in East-Africa about 22,400 years ago, and would have later dispersed into North Africa and from there into West Asia.[29][30] The E1b1b1 clade is presently found in various forms in Morocco. Total E1b1b1 (E-M35) frequencies reached at 93.8% in Moroccans.[31]
https://en.wikipedia.org/wiki/Origin_of_the_Albanians#Genetic_studies
Haplogroups in the modern Albanian population is dominated by sub-clade E1b1b1a (E-M78) and specifically by the most common European sub-clade of E-M78, E-V13.[8] Most E-V13 in Europe and elsewhere descend from a common ancestor who lived in the late Mesolithic or Neolithic, possibly in the Balkans. The current distribution of this lineage might be the result of several demographic expansions from the Balkans, such as that associated with the Neolithic revolution, the Balkan Bronze Age, and more recently, during the Roman era with the so-called "rise of Illyrican soldiery".[6][7][8][106][107][108] The peak of the haplogroup in Kosovo, however, has been attributed to genetic drift. [7]
Посебно пази го делот: „Most E-V13 in Europe and elsewhere descend from a common ancestor who lived in the late Mesolithic or Neolithic, possibly in the Balkans.“
Значи зборуваме за Неолит, но и покасно. Од друга страна имаш Shqip (Албански) како language isolate... Што не е јасно?

Викаш селективно а, па најди само еден селектиран лингвист кој тврди дека албанскиот потекнува од берберскиот јазик. Само ЕДЕН.
Не се растревожувај, само разговараме.
Никој не тврди дека „албанскиот потекнува од берберскиот јазик“. Ти велам дека сосема е можно Албанскиот и Берберскиот да имаат заеднички предок.

Албанскиот и Берберскиот е можно да имаат заеднички предок, не само заради генетските показатели: Берберите доминантно се E1b1b1b хаплогрупа, додека Албанците се E1b1b1a, туку и заради фактот дека уште во Неолитит Балканот е населуван со доселеници E1b1b (од Африка). Да, ова важи за повеќето медитерански антички народи од Балканот, иако дистрибуцијата на E1b1b1покажува каде е центарот од каде е ширењето.
https://en.wikipedia.org/wiki/Origin_of_the_Albanians#Genetic_studies

Од друга страна (во Африка), дистрибуцијата на E1b1b скоро перфектно одговара на ширењето на Афроазијатските јазици.

Мислам дека се е многу јасно, освен нечијата потреба за одрекнување. :coffee:

Веројатно не си неук до толку па да мешеш антропологија со генетика...
Oва ни коментар не заслужува.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.918
Поени од реакции
23.325
Интересен е муабетот... А за што да муабетиме, за возвишената интелегенција, дискутантските способности, и завидното познавање на Берик Бурекојадочот? :)
Види војводата ти е приказна сама за себе. Тој е парадокс во најмала рака. Но да го оставиме Берик настрана нека не му жежат ушите.
Види ете ке докажиме дека Албанците имаат заедничко потекло со Берберите и дека не се автохтон народ на овие простори или што и да мислат дека се и дека тука ги донеле Турците пред незнам колку векови. И што со тоа. Тука се веќе. Какви се такви се тие се.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Kao многу долга беше? ;)

Инаку да, повторно лицемерие и двојни аршини. Во ред е Израел да дава помош само на Евреи, не е во ред Унгарија да дава помош само на белци. Во ред е муслимански држави да помагаат муслимански заедници, но не е во ред Полска да помага христијански заедници. Тексашкиот гувернер не дава, демек само разновидност поштуеле (ама само кога се работи за белците).
Тоа е тоа, културен марксизам до балчак.
Да речеме живееш некаде на запад пр. во САД и имаш комшија или пак колега црнец и го најдеш некаде паднат и повреден, нема да му помогнеш ?!
Ако некој е црнец или пак монголоид не значи дека е лош човек б.т.в. Афро-Американците културно и религиски припаѓаат на западната цивилизација, па исто и Латино-Американците ... имаш дури и Арапи Христијани по тој западен свет кои се и религиски и културно западњаци ... не говорам за оние Талибански џихадо-забеганици со забулени жени што одат и кои се разнесуваат по плоштади ![DOUBLEPOST=1504899549][/DOUBLEPOST]
Убаво ти кажа Берик модерниот Англиски јазик е во основа во коренот Германски јазик (група на западно-Германски јазици) кој има примеси од Келтскиот јазик (Келтите се староседелци на Британскиот и Ирскиот остров) а низ вековите зел и доста примеси од некои Романски јазици (Француски, Шпански...) кои пак се буквално кажано деца на стариот и изумрен Латински јазик !
Инаку латинизми/романизми има дури и во модерниот Германски јазик и тоа доста, а и во Албанскиот и во Грчкиот јазик !
Најмалку застапени латинизми има во Словенските јазици со оглед на тоа што географски Словенските јазици се во источна Европа, а Германските и Латинските јазици се застапени во западна Европа и низ вековите доста се мешале и земале примеси едни од други !
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.822
Поени од реакции
34.074
Види војводата ти е приказна сама за себе. Тој е парадокс во најмала рака. Но да го оставиме Берик настрана нека не му жежат ушите.
Види ете ке докажиме дека Албанците имаат заедничко потекло со Берберите и дека не се автохтон народ на овие простори или што и да мислат дека се и дека тука ги донеле Турците пред незнам колку векови. И што со тоа. Тука се веќе. Какви се такви се тие се.
Не е тоа целта. Според таа варијанта за која зборувам, Албанците се овде порано од нас. Прилично порано.

Ти кажувам, интересно е. Историјата е интересна. Лингвистиката е интересна.... А за што да се прави муабет, за дневна политика на таа темата за „случувања“ (политички случувања)?[DOUBLEPOST=1504900316][/DOUBLEPOST]
...модерниот Англиски јазик е во основа во коренот Германски јазик (група на западно-Германски јазици) кој има примеси од Келтскиот јазик (Келтите се староседелци на Британскиот и Ирскиот остров) а низ вековите зел и доста примеси од некои Романски јазици (Француски, Шпански...) кои пак се буквално кажано деца на стариот и изумрен Латински јазик !
Аха... ОК. :)
Земи погледај го видеово, интресно е:
https://www.youtube.com/watch?v=2OynrY8JCDM
(не за друго, туку дека е интересно).

Да речеме живееш некаде на запад пр. во САД и имаш комшија или пак колега црнец и го најдеш некаде паднат и повреден, нема да му помогнеш ?!
Ако некој е црнец или пак монголоид не значи дека е лош човек ...
Се разбира дека би му помогнал на било кого.
Но не е тоа дилемата. Прашањето е ако имаш ситуација каде имаш сонародник на кој му треба помош, и некој од Зимбавме. Не можеш на двајцата да им помогнеш. Таква е ситуацијата, нема трета опција. Треба да одбереш еден. Не знаеш ништо за нив, ни дали едниот е „лош“, криминалец, професер, ништо... На кој од двајцата ќе му помогнеш? На сонародникот, или на Зимбабваѓанецот?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom