Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Letterboxd конечно пуштија Андроид апликација, па кој ја нема инсталирано може да ја проба. Малку е недовршена, т.е. фалат некои елементи од веб верзијата, ама како за почетна верзија океј е, ми се свиѓа.
 
Го нема најинтересниот дел од letterboxd за мене - листите. :(
 
Го нема најинтересниот дел од letterboxd за мене - листите. :(
Да, и филтерите за мене :(
Ама најавија дека ќе ги додадат во следните верзии, па ќе видиме.
 
Edit: да не се разбереме погрешно, листите ги има, но не пнакви какви што се на веб верзијата: нема процент на изгледани филмови, нема fade watched, нема филтри...
 
Death Note 2017

Over+a+month+ago+_40d38919c6c7345ffab6134b97a960ee.gif

Секогаш сакав да го гледам овој манга серијал и сега гледам филм ок топ, си го симнав и... Што беше ова?

Ова може беше еден и единствен уникатен ваков толку хаотичен филм што сум го гледала во живот.
Грам логика немаше во никоја постапка на ликовите, дешавките беа натрупани колку да се зачува некој тек на филмот, со ликовите шанса нема некој да се поврзи, ни па да ги разбере, ко прво никаква основа немаа да бидат она што се и тоа во што се претворија, многу брзо се случуваше се, од мирни и праведни тинејџери кои сакаа да го спасат светот од зло се претворија во себични чудовишта. Како? Сакам да гледам причини, настани, да си правам теории, а филмов ни една шанса не даде за тоа.

Немаше никаков вовед за запознавање, му падна тетратката од небо на детево и почна да си пишува имиња. Зошто тој, и кој е тој, од каде таква рамнодушност за одземање животи, кај била таа тетратка претходно, каков бил неговиот живот претходно? За понатаму не сакам ни да пишувам, ако филмов почна неразбирливо и глупо тогаш понатаму се полошо и полошо стануваше. Филмов е правен или за некои гот бебиња што ќе гледаат и ништо нема да разбираат или некои такви бебиња го правеле. Одбивам да прифатам дека разумен човек режисер направил онаква вреќа глупости. Никој да не го гледа, ептен срање е.
Не си го разбрала и не ти се допаднал бидејќи Death Note не е за филм, туку треба да се гледа како аниме и така да си остане, која ли будала снимила филм.
Тетратката за имињата се наоѓа кај тие боговите, од досада тој богот Ryuk ја фрла тетратката помеѓу живите и таа паѓа кај главниов лик, Light. За понатамошни одговори и разбирање на ова мораш да го гледаш ова Death Note (TV series 2006), 37 епизоди одма ќе се изгледаат, по 20 минути траат.
 
Мене и анимето до пола добро ми одеше, после одеднаш глупо ми стана. Неар и Мело какви само имбецили беа, мене дури кринџи и гротескно ми беше да ги гледам, деца зеле си играат детективи, па и стратегии му праат нa Лајт, седи бе.

Гледај ги Samurai Champloo и Samurai 7 ако не ти се.
 
Последно уредено:
Мене и анимето до пола добро ми одеше, после одеднаш глупо ми стана. Неар и Мело какви само имбецили беа, мене дури кринџи и гротескно ми беше да ги гледам, деца зеле си играат детективи, па и стратегии му праат нс Лајт, седи бе.

Гледај ги Samurai Champloo и Samurai 7 ако не ти се.
Па да во право си, некако како што наближуваше крајот беше тешко за гледање, и мене првите епизоди ми се одлични.
Samurai Champloo порано се спремив да го гледам ама се предомислив, Samurai 7 не сум го гледал. Сега како што поминува летово ќе ги изгледам, нема кај да се оди.
 
Не си го разбрала и не ти се допаднал бидејќи Death Note не е за филм, туку треба да се гледа како аниме и така да си остане, која ли будала снимила филм.
Тетратката за имињата се наоѓа кај тие боговите, од досада тој богот Ryuk ја фрла тетратката помеѓу живите и таа паѓа кај главниов лик, Light. За понатамошни одговори и разбирање на ова мораш да го гледаш ова Death Note (TV series 2006), 37 епизоди одма ќе се изгледаат, по 20 минути траат.
Никогаш нема да ги гледам.
 
анимето ми беше е безвеза, го изгледав до втора епизода мислам кога тој детективот според тоа што сите умирања се случуваат во ист временски период од денот, а тоа се работни часеви дека најверојатно тој што ги предизвикува е средношколец и ги врши „убиствата“ по завршување на школските часеви.
така нешто беше.
логика 101%. изгледа во јапонија немаат смени на работа и немаат невработени, никој друг слободен во тој период нема, мора да е средношколец.
мислам дека одма заклучи дека мисловно се вршат убиствата и дека средношколец е виновен, за две минути. го исклучив и ја избришав серијата од дискот.
 
Hitman's Bodyguard, срање филм, поголемо клише здравје, лошите руси што мора да ги убијат и оној ел џексон не можам да го сварам, и дури у ваков филм убациле расизам кај што белец убива некој поп и овој се одмаздува на него и го убива и станува платен убиец, као да белецот го направил овој да биде убиец па тоа е некакво оправдување. На пола го изгасив. А баш си реков ќе глеам нешто интересно.
 
мене ми беше сосема океј. Јесте да се повеќе и повеќе има вакви филмови, со руски мафии и слична акција, сепак филмов беше добро скоцкан.
 
мене ми беше сосема океј. Јесте да се повеќе и повеќе има вакви филмови, со руски мафии и слична акција, сепак филмов беше добро скоцкан.

Катастрофа сценарио, клише до клише, ефектите беа ко за филм од боливуд, исто мислев комедија е а никаде не видов нешто смешно, очаен хумор. Плус мала пропаганда како белците ги праат црнците убијци зш се расисти, холивуцки шмек да добие, можда Семјуел Џексон и за оскар ќе го номинираат за улогава. Баш глеав и ривјуа на ротен томатос после тоа да видам дали ја сум единствен што мисли дека е срање, и приметив дека повеќето луѓе го делат моето мислење.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom