Јас кршам?
Ајде тогаш, Let's begin.
Пред се, би сакала да спомнам нешто околу структурата на филмот, којашто беше стварно интересна, мене искрено многу позитивно ме изненади пристапот на тоа протагонистот да се убие на половина филм, многу свежина му даде на дејството и направи 2 ипол саати да поминат многу побрзо отколку што би поминале со линеарна хронологија на настаните. Голем плус за тоа.
Нешто повеќе за содржината. Класична Live your life to the fullest приказна, ignited од терминален стадиум на рак. Што за мене како хроничен хипохондар звучеше доста страшно за гледање, да бидам искрена. Меѓутоа на моја голема радост, ракот беше многу повеќе plot device отколку доминантна поента на филмот, па така дејството се фокусираше на embracing life и оставање legacy, елементи што го запечатуваат статусот на лектира и класика во филмскиот свет.
Ikiru почнува со човек кој претставува shеll of a man после 30 години работа во државна администрација, за да сознанието дека боледува од рак, го прероди и му го врати ентузијазмот кон функцијата што ја има, и да ја искористи за бенефитот на малите луѓе, оние кои никој не ги слуша и коишто се препраќаат од шалтер на шалтер во бесконечниот административен лавиринт.
Првиот дел од филмот којшто иако брзо помина, се занимава со бесцелно талкање низ градот со другар му Носферату и пискавата девојка, па и не ми беше многу интересен да бидам искрена, иако е важен дел од севкупното дејство многу ме потсеќаше на La Dolce Vita, меѓутоа мора да признаам дека во таа половина беа кажани можеби најважните цитати од филмот, што во голем дел го најавуваат вториот дел од филмот, односно ретроспективниот дел.
Како голем фан на one room; conversational driven драми многу ја сакав втората половина од филмот, луѓе толку ми беше интересно да ги слушам како раскажуваат за патешествието на Ватанабе последните месеци од неговиот живот, што не сакав воопшто да заврши. За неговата посветеност, решеност и одлучност да ја осигура реализацијата на детскиот парк. И, о колку реално беше прикажано лицемерието и расипаноста на повисоките функционери кои толку алчно си ги припишуваа туѓите заслуги себеси. Немам буквално една замерка за последниот саат од филмот.
Крајот беше доста антиклимактичен, меѓутоа повторно во целост отсликува human nature, она кога колегите на Ватанабе инспирирани од неговите подвизи, ветуваат дека ќе го продолжат наследството кое го остави, завршуваат позади биро со печатите и документацијата, повторно одбегнувајќи ја нивната надлежност и одговорност кон функцијата, игнорирајќи ја главната цел на филмот, да го живеат животот to the fullest, и низ него да ги води амбицијата, ентузијазмот и стремежот.
All in all, фала му на вот за филмов, којзнае кога ќе го изгледав инаку. Еве за да не вика „Ууу ќе ме хејтате досаден сум како лектира за 5то“, јас до крајот на неговиот термин ќе изгледам 3 вотовски филма.
Во врска со оценката, се мислев меѓу 8 и 9, ама зашто многу ретко ставам 9ки на прва, засега од мене има 8/10, па нека му пресуди времето.