Побарај, најди. Ако има такво нешто. Ама нема.
Постои фонд за кампања, кој не е голем, и мораш да го оправдаш. Не може да си ги земеш парите „за себе“.
Постои надоместок и за освоени гласови, кој и не е голем, сразмерно за тоа што колку може еден независен кандидат да освои.
Кандидатурата на лик како Горан во Охрид не е лицемерна ниту е за пари, посебно не за „големи пари“ за кои „не ти текнува и те мрзи да бараш“.
Не знам кога се случило, и дали некогаш ќе се случи повторно некој што има 20 и кусур години, признат научник во регион, што не е член на партија да се кандидира на избори во Охрид со програма каде што „ќе ја намали платата на градоначалникот“.
Јас меѓу првите се потпишав. Штета што нема да успее збирањето на потписи, иако има уште четири дена.