Квалификации за европските натпреварувања

  • Креатор на темата Креатор на темата Invader
  • Време на започнување Време на започнување
Правиме муабет за Соседат, а не за Севиља, Виљареал или Билбао. Ги видовме пред некоја година во ЛШ кога се избрукаа во една лесна група. Во ниедна димензија неможат да се носат со Зенит посебно во Русија на -20.
 
Ете му на Самсоненко руски тим, нека се курчи сега таму во Санкт Петерсбург

Ајде отварајте тема за ЛЕ :)
 
Сосиедад се појаки и од Зенит

Реално ептен тешка група во која сите тимови се значително појаки од Вардар. Дури и овие Розенборг се покажаа доста добро чим во квалификации за ЛШ едвај беа елиминирани со 1-0 вкупен резултат од тим како Селтик а сега го победија и Ајакс на двата натпревари за да дојдат во групната фаза на Европа лига
Селтик се гзиња веќе 5-6 години бе што ги правите толку јаки?!
И Фенер беше јак со Валбуена, Солдадо, Ван Перси, Камени ова она па ете што бидна.
Ма да турците си киксаат секад ама мислам дека со желбата и дисциплината што ја покажаа вчера дека ќе може да се носат со сите.
 
Шо ви е бе, Самс ќе среди една победа дома против Зенит по руска линија. :D Розенборг исто така може дома да го плеснат.
 
Вардар, Лудогорец, Скендербау, Партизан, Домжале, Динамо Загреб, Ѕвезда, Хајдук, Осијек, Марибор и Ријека се екипи од регионов кои што годинава играа плеј-оф за влез во ЛШ/ЛЕ.

Екипите од Грција не ги рачуанам заради тоа што имаат јака екипа, а Босна немаше свој претстваник во оваа фаза. Муабетот ми е дека во ситуација во која целиот овој регион не би бил заостанат 500 години, би можело да се направи регионална лига која што по квалитет би била позади големата четворка, односно лига која што би била прва одма после англиската, шпанската, италијанската и германската. Во една таква ситуација не само што би имало утакмици за почит и полни стадиони, туку би имало и играчи кои сега се недостапни за Вардар на пример па и 10м по сезона да им понудиш од едноставна причина што никој нејќе да крши нозе во Штип и Кратово.
 
И таква лига да постои пак ќе биди зад Француската и Руската...ќе биди нешто на ниво на Турската и ќе треба да се земаат истрошени играчи од поголемите тимови за екипите и лигата да добие на популарност....и самите клубови од овој регион финансиски неможат да се носат со Турците што значи тешко дека ќе има некаков напредок..сите овие клубови што ги спомна преживуваат со продавање на главните играчи и местење на натпревари,нема теорија ниту еден тим да функционира на високо ниво со можност да ги задржи своите најдобри фудбалери,па затоа според мене Балканска лига би бил пропаднат проект и евентуално ако постои брзо ќе ја снема .
 
И на крај испадна ни ептен блокбастер противници, ни ептен лесна група.

Заебано. Зенит се убедливо најквалитетна екипа во групава. Сосиедад и Розенборг да бидеме реални се поквалитетни од нас ама мислам дека може и со двете екипи да се носиме. Особено ете ако ги тепаме Розенборг ќе докажеме дека некако ни лежат скандинавските екипи.
Не знам како ќе влезат екипиве во групава, со какви очекувања и со каква игра, али ако имаме малку среќа мислам би можеле до последни 2 кола (или до последно) да се бориме за топ2 позиции во групава.

И фала богу конечно и Македонија да биде дел од вакви настани, баш новиве системи на ЛШ и ЛЕ се направени за вакви екипи ко нас да ни помогнат, после милион екипи од регионов време беше и ние да завршиме во Европа...
И одлично е за коефициентот наш, можеби догодина и во квалификациите за ЛШ би почнале како носители...али отом потом...

Можда малце песимистички али одма ми текна мене и на македонскава лига.... со настапи во Европа, не знам колку ќе може Вардар да издржи и во лигата да вади добри резултати, ќе биде тоа заебано да се игра на два фронта и нешто комплетно ново, али ај...

Како и да е....Вамос! :vozbud: :vozbud: :vozbud:
 
Абе каков Сосиедад :pos:

Ќе ги снема во Скопје заедно со Розенберг ќе видите. :D

Овие Зенит се исти кур ко Фенербахче, тим со скапи странци, кои престојот во Русија/Турција си го сметаат чисто за печалба, евентуално некој млад за продажба. Добро е што се игра првата против нив, може да кикснат и да се извлече бод. Трето место во групава е и тоа како достижно, а со поголема среќа зашто не и второ... :свиркам:
 
Муабетот ми е дека во ситуација во која целиот овој регион не би бил заостанат 500 години, би можело да се направи регионална лига која што по квалитет би била позади големата четворка, односно лига која што би била прва одма после англиската, шпанската, италијанската и германската. Во една таква ситуација не само што би имало утакмици за почит и полни стадиони, туку би имало и играчи кои сега се недостапни за Вардар на пример па и 10м по сезона да им понудиш од едноставна причина што никој нејќе да крши нозе во Штип и Кратово.
Тоа не го решава проблемот со националните првенства, само главните градови имаат крпеници што може да се наречат солидни стадиони, другите се полиња за тутун садење. Додека федерациите заедно со клубовите не ја средат инфраструктурата фудбал нема да гледаме едноставно. Тие играчи што викаш ти би ги платил 10м треба да играат во Кратово и Штип.
 
Ју фудбалот беше негде у горна половина на европскиот фудбал . Сега земете дека тогаш имаше развиена инфраструктура , тренерска школа и т.н.
Освен Скопје мислам само уште Риека направи нов стадион , она другото е наследено од СФРЈ и старо повеке од 50 години со чесни исклучоци .
Економијата ни е за никаде , инфраструктурата уште полоша и вие се надевате на фудбал од европски квалитет во такви услови ?
Башка што пола држави од овој простор се на нож една со друга .
 
Правиме муабет за Соседат, а не за Севиља, Виљареал или Билбао. Ги видовме пред некоја година во ЛШ кога се избрукаа во една лесна група. Во ниедна димензија неможат да се носат со Зенит посебно во Русија на -20.

Сосиедад е на ниво на Виљареал и Билбао, единствено Севиља се нешто подобри. Пушти СК види колку води Сосиедад против “појакиот“ Виљареал :D

Не сериозно, доста воигран и технички поткован тим се.. најтешко од нив ќе се кинат бодови кај другиве имаме некакви шанси.

И таква лига да постои пак ќе биди зад Француската и Руската...ќе биди нешто на ниво на Турската и ќе треба да се земаат истрошени играчи од поголемите тимови за екипите и лигата да добие на популарност....и самите клубови од овој регион финансиски неможат да се носат со Турците што значи тешко дека ќе има некаков напредок..сите овие клубови што ги спомна преживуваат со продавање на главните играчи и местење на натпревари,нема теорија ниту еден тим да функционира на високо ниво со можност да ги задржи своите најдобри фудбалери,па затоа според мене Балканска лига би бил пропаднат проект и евентуално ако постои брзо ќе ја снема .

Неможе да нема напредок со таква лига оти одма ќе се добие на поголема атрактивност = повеќе спонзори, повеќе пари и можност за влез на нови инвеститори. Тимовите ќе вложуваат повеќе во младински школи, инфраструктура итн само тоа е спасот инаку без здрава конкуренција нема напредок со мизерни лиги
 
Последно уредено од модератор:
Неможе да нема напредок со таква лига оти одма ќе се добие на поголема атрактивност = повеќе спонзори, повеќе пари и можност за влез на нови инвеститори. Тимовите ќе вложуваат повеќе во младински школи, инфраструктура итн само тоа е спасот инаку без здрава конкуренција нема напредок со мизерни лиги

Како прво сите овие балкански држави економски и инфраструктурно се тешки мизерии закопани во ненормални долгој и сиромаштија до коска,ниту еден клуб неможи финансиски да се носи со една просечна Турска екипа како Кајзериспор или Бујукшешир и ти очекуваш дека ќе имало повеќе спонзори,пари и можност за влез на нови инвеститори во таква местачка лига?..доколку евентуално се случи таква лига ќе се посерат од местење,ни Ф од фудбал нема да има..тоа вака местат како ненормални сите до еден од овие балканските држави а камоли малце да добијат на популарност..плус нема да има којзнае колку публика како во Турција на пример.

Се е до самите држави,доколку се средени економски и со корупцијата ќе можат да посветат време инфраструктурата и домашниот спорт.вака додека се кажува од горе кое дете да се форсира и кои кадри во клубот да се постават дека биле од една партија или од друга партија ќе останиме тешка мизерија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom