Барајќи добар сајт што би ми помогнал за околностите за фотографирање на ноќното небо и тоа најмногу на светлосно загадување, односно блесокот што го создаваат градовите и населените места и распоредот на астрономските тела и налетав на следниве:
http://www.jshine.net/astronomy/dark_sky/ - нема податоци за Европа, за жал, или многу малку.
http://darksitefinder.com/maps/world.html - изгледа релативно точен, иако и во овие тегет зониве мислам дека може да се извадат добри фотографии од Млечниот пат и воопшто ноќното небо.
На
http://www.stellarium.org/ ќе најдете алатка која ќе ви помогне да ги лоцирате астрономските тела од дадени локации и да знаете во кое време од ноќта ви е најповолно да излезете и да фотографирате (или само набљудувате).
Во деновиве на август планирам некој хајкинг со спиење на надморска над 2000, па ако послужи времето се надевам дека нешто ќе извадам. Секако, ако имате некои попрецизни или по-user friendly сајтови може да споделите. Стелариум е добар, ама и малку ми е комплициран интерфејсот.