Premier League - Season 2017/2018

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

#МукиАут

  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Најголемо изненадување за колово дефинитивно @Ставрогин. Поима немав дека е толку butthurt :icon_lol:

Што напишав толку страшно? Ти кажуваше дека Челзи работи плански, дека се планираат нови засилувања, дека Рудигер е одлично засилување, дека Челзи има еден куп млади таленти, бла,бла,бла...

Прво коло, по капа.
 
Стварно не ги сакам Челзи, ама ги убиа судииве
 
Како? Заради црвените? Скроз беа оправдани. И голот беше од офсајд. Единствена идиотска огдлука на судијата беше тој фаулот за Барнли во последните минути кој ништо не промени.
 
Абрамович на крај на сезона ќе си замини од Челси исто како својот сонародник?
За другар прашувам.
 
Како? Заради црвените? Скроз беа оправдани. И голот беше од офсајд. Единствена идиотска огдлука на судијата беше тој фаулот за Барнли во последните минути кој ништо не промени.
Тие одлуки беа исправни, ама имаше многу ситници, фаули кои цело време одеа во спротивна страна. Помошниот покажува аут за Челзи, овој суди фаул за Барнли :icon_mrgr:

Како и да е, ништо од тоа не е оправдување за заслужениот пораз поради криминалното прво полувреме.
 
Мене ме интересира дали доколку не ја допреше топката Мората истата ќе завршеше во голот? Таков впечаток добив, ама само една репетиција дадоа.

Инаку во последните три официјални мечеви Челзи доби 4 црвени картони. Тоа веќе значи нешто, не може да е случајно. Не го гледав првото, ама оној во второто на Фабрегас беше 100% втор жолт. Не знам што му се вртеше во главата така да стартува знаејќи дека веќе има опомена.

Се на се единствено позитивно за Челзи е тоа што имаат три недели на пазарот да купат нешто, оти две сезони по ред чуда тешко бидуваат особено со ЛШ што претстои.
 
Кое играчиште е Вилијан алал нека му е,изгази батето..го има она фудбалското во него кога од место го менува правецот на движење..зверотина
 
Што напишав толку страшно? Ти кажуваше дека Челзи работи плански, дека се планираат нови засилувања, дека Рудигер е одлично засилување, дека Челзи има еден куп млади таленти, бла,бла,бла...

Прво коло, по капа.

Јас се уште те сметам за сериозен лик, затоа и ќе ти реплицирам. Сакав уште минатата недела кога повторно прогнозираше, но те заборавив. :)

Не ми е јасно, како може да тераш муабет од типот ,,каде е Канте, најдобриот од минатата сезона'', после 30 минути од воведниот натпревар во ПЛ, кога Челзи игра со 10 играчи, но и покрај тоа, Канте до тој момент беше пак најдобар играч на теренот и всушност само тој знаеше што прави?
Второ, Рудигер... од сите дефанзивци на мечов, Рудигер изигра најкоректно. Азпиликуета беше слаб, Луиз за два гола кумуваше, Алонсо во дефанзива слаб (иако во напад беше многу добар во второ), Куртоа да не го споменувам. Мислам, се обидуваш да пуштиш отровна стрела кон нас. И тоа е во ред. Не ти го забележувам начинот, туку суштината.

Трето, прогнозата дека Челзи дефинитивно нема да биде шампион оваа сезона. Уау, Ставро. Уау. Сосема очекувано ми е Росемберг и сличните на него кои се согласуваат со твојата констатација, да имаат такво мислење, ама ти? Не заебавај. :)

Навистина, колку е чудно, во најинтересната, најкомпетитивната и најконкурентна лига, еден тим да не ја одбрани титулата. Во лига, во која за вистински раритет се смета доколку еден тим, двапати едно по друго стане шампион. Прогнозава ќе беше валидна, во случај да се работеше за Хрватска или Српска лига, каде што околностите се непроменливи скоро секоја сезона. Имаш Динамо Загреб, ултимативен шампион, кој 9/10 пати го освојува првенството. Истото важи и за Партизан и Звезда. Тогаш, да речеше дека Динамо нема да биде повторно шампион, или пак Партизан/Звезда, а тронот во Србија ќе припадне на Вождовац, легитимно, неочекувано и можеби (во зависност од тоа што ќе приложиш дополнително), конструктивно. Ама вака...
И самиот знаеш дека никогаш во Премиер Лига не постоеле фаворити, секогаш за титула се одлучува во последните кола и дека активноста на трансфер пазарот несекогаш соодевствува со реалната слика на терен и пребројувањето на овците во мај.

Згора на се, аргументите за твојата прогноза се некако тенки. Зошто? Се сложувам и јас дека Челзи се уште не е подготвен за четири фронта и дека очајно му се потребни неколку засилувања, но трансфер периодот трае и ќе трае уште 20 дена, играчите кои отсуствуваа кај Челзи полека ќе се враќаат на терен итн. А ти после еден меч, оној со Арсенал, велиш дека Челзи нема да биде сигурно шампион. Да се разбереме, не го велам спротивното. И лани никој (вклучувајќи ме и мене), не го вбројуваше Челзи во топ 4 (знам Фергусон во август имаше прогноза дека Челзи ќе заврши 6/7 место на табела), ама Конте и екипата им вратија на сите по муцка. Што е поразлично, година дена подоцна? Јас велам не многу и јас велам да почекаме. :)
 
Кејхил малку и несреќно го доби црвениот ама Фабрегас , со плачи**чкарскиот став требаше да добие директен црвен . Не дека има разлика ама "правде ради".
Засилувањата им се ок особено Мората .[DOUBLEPOST=1502555005][/DOUBLEPOST]
Сега Сити со 5-6 гола ќе тепа :D
Како им тргна на фаворитите , да почекаме !
 
Јас се уште те сметам за сериозен лик, затоа и ќе ти реплицирам. Сакав уште минатата недела кога повторно прогнозираше, но те заборавив. :)

Не ми е јасно, како може да тераш муабет од типот ,,каде е Канте, најдобриот од минатата сезона'', после 30 минути од воведниот натпревар во ПЛ, кога Челзи игра со 10 играчи, но и покрај тоа, Канте до тој момент беше пак најдобар играч на теренот и всушност само тој знаеше што прави?
Второ, Рудигер... од сите дефанзивци на мечов, Рудигер изигра најкоректно. Азпиликуета беше слаб, Луиз за два гола кумуваше, Алонсо во дефанзива слаб (иако во напад беше многу добар во второ), Куртоа да не го споменувам. Мислам, се обидуваш да пуштиш отровна стрела кон нас. И тоа е во ред. Не ти го забележувам начинот, туку суштината.

Трето, прогнозата дека Челзи дефинитивно нема да биде шампион оваа сезона. Уау, Ставро. Уау. Сосема очекувано ми е Росемберг и сличните на него кои се согласуваат со твојата констатација, да имаат такво мислење, ама ти? Не заебавај. :)

Навистина, колку е чудно, во најинтересната, најкомпетитивната и најконкурентна лига, еден тим да не ја одбрани титулата. Во лига, во која за вистински раритет се смета доколку еден тим, двапати едно по друго стане шампион. Прогнозава ќе беше валидна, во случај да се работеше за Хрватска или Српска лига, каде што околностите се непроменливи скоро секоја сезона. Имаш Динамо Загреб, ултимативен шампион, кој 9/10 пати го освојува првенството. Истото важи и за Партизан и Звезда. Тогаш, да речеше дека Динамо нема да биде повторно шампион, или пак Партизан/Звезда, а тронот во Србија ќе припадне на Вождовац, легитимно, неочекувано и можеби (во зависност од тоа што ќе приложиш дополнително), конструктивно. Ама вака...
И самиот знаеш дека никогаш во Премиер Лига не постоеле фаворити, секогаш за титула се одлучува во последните кола и дека активноста на трансфер пазарот несекогаш соодевствува со реалната слика на терен и пребројувањето на овците во мај.

Згора на се, аргументите за твојата прогноза се некако тенки. Зошто? Се сложувам и јас дека Челзи се уште не е подготвен за четири фронта и дека очајно му се потребни неколку засилувања, но трансфер периодот трае и ќе трае уште 20 дена, играчите кои отсуствуваа кај Челзи полека ќе се враќаат на терен итн. А ти после еден меч, оној со Арсенал, велиш дека Челзи нема да биде сигурно шампион. Да се разбереме, не го велам спротивното. И лани никој (вклучувајќи ме и мене), не го вбројуваше Челзи во топ 4 (знам Фергусон во август имаше прогноза дека Челзи ќе заврши 6/7 место на табела), ама Конте и екипата им вратија на сите по муцка. Што е поразлично, година дена подоцна? Јас велам не многу и јас велам да почекаме. :)

Не го разбираш контекстот на моите постови. Работата е во тоа што @Донев на сите ни се качи на глава во темава. Која и да екипа направеше некој трансфер Донев му наоѓаше маани. Што и да направеше Челзи, Донев сметаше дека е генијален потег (многу потсеќаше на генијалните потези на Гвујо). Кога се зборубаше за младинските школи, се разбира дека Челзи имаше најмногу млади квалитени фудбалери.

И така дојде прво коло и суперјакиот Челзи јаде по муцка од Барнли, дома. И сега не смеам малку да се заебавам?
 
Смееш, секако. ,,Рудигер и Канте'' ги споменав попатно, незнаејќи ви го ,,окршајот'' со Донев. Само содржината на стрелите некако ми заличи на оние од Драгонски, па затоа. Инаку поентата ми беше поинаква. За прогнозата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom