Јас се уште те сметам за сериозен лик, затоа и ќе ти реплицирам. Сакав уште минатата недела кога повторно прогнозираше, но те заборавив.
Не ми е јасно, како може да тераш муабет од типот ,,каде е Канте, најдобриот од минатата сезона'', после 30 минути од воведниот натпревар во ПЛ, кога Челзи игра со 10 играчи, но и покрај тоа, Канте до тој момент беше пак најдобар играч на теренот и всушност само тој знаеше што прави?
Второ, Рудигер... од сите дефанзивци на мечов, Рудигер изигра најкоректно. Азпиликуета беше слаб, Луиз за два гола кумуваше, Алонсо во дефанзива слаб (иако во напад беше многу добар во второ), Куртоа да не го споменувам. Мислам, се обидуваш да пуштиш отровна стрела кон нас. И тоа е во ред. Не ти го забележувам начинот, туку суштината.
Трето, прогнозата дека Челзи дефинитивно нема да биде шампион оваа сезона. Уау, Ставро. Уау. Сосема очекувано ми е Росемберг и сличните на него кои се согласуваат со твојата констатација, да имаат такво мислење, ама ти? Не заебавај.
Навистина, колку е чудно, во најинтересната, најкомпетитивната и најконкурентна лига, еден тим да не ја одбрани титулата. Во лига, во која за вистински раритет се смета доколку еден тим, двапати едно по друго стане шампион. Прогнозава ќе беше валидна, во случај да се работеше за Хрватска или Српска лига, каде што околностите се непроменливи скоро секоја сезона. Имаш Динамо Загреб, ултимативен шампион, кој 9/10 пати го освојува првенството. Истото важи и за Партизан и Звезда. Тогаш, да речеше дека Динамо нема да биде повторно шампион, или пак Партизан/Звезда, а тронот во Србија ќе припадне на Вождовац, легитимно, неочекувано и можеби (во зависност од тоа што ќе приложиш дополнително), конструктивно. Ама вака...
И самиот знаеш дека никогаш во Премиер Лига не постоеле фаворити, секогаш за титула се одлучува во последните кола и дека активноста на трансфер пазарот несекогаш соодевствува со реалната слика на терен и пребројувањето на овците во мај.
Згора на се, аргументите за твојата прогноза се некако тенки. Зошто? Се сложувам и јас дека Челзи се уште не е подготвен за четири фронта и дека очајно му се потребни неколку засилувања, но трансфер периодот трае и ќе трае уште 20 дена, играчите кои отсуствуваа кај Челзи полека ќе се враќаат на терен итн. А ти после еден меч, оној со Арсенал, велиш дека Челзи нема да биде сигурно шампион. Да се разбереме, не го велам спротивното. И лани никој (вклучувајќи ме и мене), не го вбројуваше Челзи во топ 4 (знам Фергусон во август имаше прогноза дека Челзи ќе заврши 6/7 место на табела), ама Конте и екипата им вратија на сите по муцка. Што е поразлично, година дена подоцна? Јас велам не многу и јас велам да почекаме.