Си бил заведен, ама и друга беше перцепцијата тогаш. Во СФРЈ национализмот се третираше како канцер и таквите барања ги гледавме со таква перцепција, а за разлика од старата држава тогаш ниту бевме моќни да решаваме, ниту да спречиме нешто.
Јас не викам дека националистички собири се за поздрав и поддршка. Ај еве да разграничиме - едно е кога „бараат наводно некое право“, а друго е кога ти брцаат прст во око и ти ставаат екс командант на учк за министер, така? И не е националистичка злоупотреба да излезеш и да покажеш гнев, револт - не мора да кршиш семкарници, чисто да испцуеш на улица.
Од тие протести што ги спомнуваш прво и основно излезе кадар кој ја потона партијата. Тоа ќе го докаже времето. Поддржаа раководство кое никогаш претходно не членувало во партијата и не само тоа, туку беа претворени во главни режимски кучиња, задоволени со коски само. Знаеш на кои ликови мислам конкретно.
Ај еве да не збориме за протест - при амнестијата на раководството на учк немаше ни препирка некаква, внатрепартиска - ништо. Кој киднал на Халкидики, кој не - у собрание и стискај дугмиња. Против талат се собраа шака луѓе, за амнестијата не се сеќавам дали воопшто имаше нешто. Па од толкава партија еден ќе искочи да е стварно патриот?