Што очекува од премиерот Заев?
Командант Хоџа се врати во Скопје, 10 години живеел како „Качак“
Објавено во:
Македонија 11 Август, 2017
Џезаир Шакири или познат како командат Хоџа според медиумите на албански јазик се вратил во Скопје и се сместил во својот дом со семејството. Тој посочил на социјалните мрежи дека 10 години во 21-век живеел како „Качак“, принуден да бега поради потерница од својот крај со неправди на претходниот режим на власт. Сега, смета дека може да биде исполнета правдата кон него бидејќи во Македонија има нова власт, а од премиерот Заев очекува еднаков третман за сите.
Командант Хоџа е учесник во воениот конфликт од 2001 година, ги раководеше припадниците на УЧК во Арачиново, а потоа често влегуваше во отворени политички судири со раководството на ДУИ.
Кулуминација за Шакири на македонската политичка сцена беа тврдењата дека припадник на Агенцијата за разузнавање која е под надлежност на претседателот Иванов имал контакти со вооружената група која беше дел од нападот во кумановско Диво Насеље за што сега се води судски процес за тероризам.
– Имам докази дека пред два и пол месеци, Ш.М., агент во Агенцијата за државна безбедност, што е под команда на шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, имал средба со две лица чиишто имиња се спомнуваат, не само Соколи. Два и пол часа. Таа средба е снимена од збор до збор – рече Џезаир Шаќири во изјава за косовски медиум.
Тој го посочи Ахмети како еден од главните виновници за целиот случај.
– Верувам дека и на Али не му останало друго, мора да излезе од Влада, но пред тоа ќе ти се обратам лично тебе Али Ахмети. Знаеш до сега баравме од тебе да излезеш од Влада, но немој да грешиш и да излезеш додека не го ослободиш нашиот брат командант Соколи, пошто јас лично ќе дадам наредба да те пратат како зајак додека да те фатиме! Нема да ти простиме што го намести во Куманово командант Соколи. Ти давам Беса дека нема да ти биде лесно да се извлечиш од ова зло што го направи – изјави Џезаир Шаќири пред две години за лидерот на ДУИ.
На албанската политичка сцена се очекува регрупирање на силите откако БЕСА изрично посочи дека немаат никаква намера да соработуваат со ДУИ, а токму незадоволството кај албанците од судските одлуки за случаите кои тие сметаат дека се спорни може да играат голема улога во претстојната кампања за локалните избори.
http://www.faktor.mk/komandant-hodza-se-vrati-vo-skopje-10-godini-ziveal-kako-kachak