Не те знам лично, ама му одговараш на Peja989 така догматски "така е и мора да биде така". Тој ви е систем за внатрешно заплашување и клиентелизам, да ве држат верни, пошо немаат ни харизма, ни знаење и едните и другите.
Ако е таква димензијата на предавството за кое сега толку викате - што е тоа што те спречува да излезеш на протест? Има причини. Иако овие трули работи што излегуваат сега на површина се потпишани во 2001-ва, пак. Имате медиуми, "сдс ја растура државава" - bitte на протест!
И пројдоа цели осум месеци, мене уште не ми се расчисти зошто не се организираше протест против ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА со која го плашевте народов како со баба рога - да, опасна е, гадна е, ама до 27 јануар ја имавте у игра - па дури после кога испаднавте од игра - "држте лопова!" Зошто немаше протест на 8 јануар? Зошто и сдс не застана против нејзе?
И како што пиша некоја страна понапред silmarillion, не ми се теоретизира со демагози и фејкпатриоти. Ќе треба сериозно да си раздигате на клоци тоа од управа, за повикот за одбрана на национални интереси некој да ви го есапи за чесен. Ова што ви го провалија спире со градежните парцели за бегалци е доказ за ова што го зборам - тотално лицемерие.