Глупости...

[DOUBLEPOST=1501576900][/DOUBLEPOST]
Да, затоа природен заклучок е дека Мидеа и Вивакс се подобри клими од Тошиба...

Повеќе од пола напишани работи на дискусијава се тотални глупости.
Тошиба ако имаат некоја мака, е што се скапи.
Од лично искуство кажувам, повеќе грејни сезони (меѓу кои и историски ладнава прошла сезона), 3.5ка Тошиба без никаков проблем грееше просторија од ~36м2 со анекс кујна од ~6-7м2.
Но не е само моќноста на греењето, туку и минималната потрошувачка која знае да се симне под 150вати (да, 0.15 киловат) додека во исто време во истиот објект 2 комада Гри влечат ~900вати а Виваксот кај комшијата влече 1300вати
за иста зададена собна температура од 25с. Тука е и тивкоста на внатрешната единица, и едноставната сигурност која ја оддава уредот.
Да, има и клими со поголема максимална моќност на големи минусни температури - моќност која доаѓа до израз можеби ~20тина дена во годината. Има и поевтини уреди, кои трошат прилично повеќе и после поголеми трошоци од доволно години, ќе испаднат поскапи од Тошибата.
Тошиба бриљира во заштеда, и квалитет.
Утре ако треба да купувам пак квалитетна клима, за мене единствена конкуренција на Тошиба би бил Мици (и евентуално Фуџитсу, ако некогаш некој ги донесе за нормални цени). Ако ми треба евтина клима, засега изборот е сеуште Гри, додека Мидеа (и нејзините преподавачи како Вивакс) не докажат дека се „опраени“, што од искуството на комшијава не е точно (освен за производство на вода и вадење на бавчата, „предност“ која на жалост е неупотреблива зимно време).