Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.346
Поени од реакции
24.019
Бугарскиот парламент едногласно (што и да значи ова) го поддржал договорот. Американската амбасада у Скопје го поздравила. Сега се чека уште пратениците од дпне да си го изедат се' ова што го испокакаа овие денови и тие ко магариња да кренат рака ЗА, како прави спотери и бело робје на паторот, овековечени со меници и бланко оставки. По кој пат ќе ги гледаме у таа улога, муфљузи послушни. Да имаше некој таму чесен, доблесен, маж до сега веќе ќе истапеа од пратеничката група и ќе делуваа независно од криминалците, ама и тие се ќосиња, огрешени кукавици.
Шо велиш ти вака по твое што значи тоа дека бугарскиот парламент едногласно го поддржал договорот?
Интересно бе никако да видиш кривица во СДСМ. Оти не прашаш дали тие ке гласаат против туку дали ВМРО би гласале За. Нормално дека ке гласаат За . Тие се оддамна позната бугарофилска партија и ова им беше цел цели 11 години. Арно ама затоа се тука СДСМ за да ги спречат во тоа пошто нив како многу пати во историјата како што докажале и покажале на прво место им се македонските национални интереси. Сигурно тие нема да дозволат такво нешто и да гласаат за договорот. Без нив нема 2/3 мнозинство а без тоа договорот нема да помини. Арно ама што ако гласаат ЗА.[DOUBLEPOST=1501200156][/DOUBLEPOST]
чекај уште не сме влегле во ЕУ/НАТО.
кој/што ќе ни забрани да си го вратиме сонцето на вергиан отпосле?
Знаеш кога беше потпишана привремената спогодба тоест пред колку години?
Ама не се секирај уште три соседи имаме на лагер. Еден сигурно ке падни на таа финта.[DOUBLEPOST=1501200474][/DOUBLEPOST]
Многу си прагматичен гледам, работа по преку десет сати дневно, шест дена во неделата и згора стапче режим за регулација на физиолошки потреби,јадење на машина, 15мин. и сеа прашваш за поента?
Па ако не ја гледаш, неам коментар.
Шо велиш ти, има некој законски регулативи за дали може и смее тоа да биде така? Имаш слушнато за трудов инспекторат?
И не ми терај муабет абе знајш тогаш како беше и сл, Кина и сега има полоши работни услови, треба да се стремиме кон подобро или полошо?
Интервенција во поглед на подобрување на работни услови, личен доход нема врска со тоа, напротив, наместо да ги мрцвари по 14 саати ќе вработи плус вработени, мислиш ќе ја дислоцира фабриката?
Тоа за пазарот на трудот ти е интересно, треба да се вратиме во феудализам според тебе? Така изгледа муабетот, невработеност па нека прават што сакаат газдите, полека бе, не е ова народни приказни, имаш закон кој регулира работен однос и работни услови, ти дали имаш претстава шо се има дешавано во приватните текстилни фабрики?
Пеки ако немаш, ама ако имаш и сучиш мустак тука нешто не е во ред.
И ден денес гледај шо се дешава, не можиш да го натераш газдата да зголеми личен доход, ама може да се влијае на редовно издавање опрема за работа, пропишани паузи...ПО ЗАКОН, не дека мене или тебе така ни текна.
Е сеа, има закони правила и инспекции кај нас исклучиво во форма на репресивно-рекетарски органи, ако не си подобен некому за нешто, ќе ти пишат казни за се и сешто.
Дури не ти дојди умот, шо велат.
Веќе разговорот преминува во друга тема па слободно означи ме во соодветна за овој муабет тема и таму ке продолжиме. Ете можеш во оваа , ми личи дека е посоодветна .[DOUBLEPOST=1501201270][/DOUBLEPOST]
Нема врска тоа со покажување со прст, чисто од информативна природа е прашањето, ти реков, уникатно гледиште.
Народен избраник во МКД Собрание а со тоа МКД државјанин, истовремено и имател на БГ државјанство, тоа ти е пошто прво има МКД државјанство и ако е роден тука, Македoнски Бугарин, ако е обратно, да е роден таму, Бугарски Македонец.
Ти реков, уникатен аспект на гледање на фамозниот договор за добрососедство.
Не е повеќе фамозен;).
И не постои термин Бугарски Македонец. Имаш Бугарин, имаш Македонски Бугарин и уште неколку типови и подтипови на Бугари што всушност ти е едно те исто.
Уште си заинтересиран кој како ке се изјасни околу ова?
Сега од кога повеќе не е фамозен како ти се чини договорот? Можи и се изјасни околу тоа но не забележав . Неко членови тука напишаја дека е супер така да според мене можеме мирно да спиеме. Вака лаички гледано ист или многу сличен договор имаме потпишано и со Грција па што ни фали.
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Каде завршувале парите од донации во Домот за деца без родители „11 Октомври“?


.
Пишува Кристијан Ландов

Со години во Домот се слеваа илјадници донации, дел од нив во финансиски средства, а другите како материјални добра. Аголни гарнитури, бела техника, компјутери, опрема за сали за вежбање, фенови за коса, чизми, машини за перење, опрема за игротека, облека, телевизори и велосипеди. Кога комисија на МТСП тропнала на вратите од Домот, увиделе дека сите овие донации не биле сметководствено евидентирани и за нив нема договор за донација во писмена форма, односно договори со кои се регулира на кој начин ќе бидат трошени средствата. За некои од нив нема ниту издаден реверс. Како донатори се впишуваат имиња на приватни компании, државни институции, но и функционери. Во 2016 евидентирани се 212.844 илјади денари врз база на донации, а веќе во февруари има повеќе од 350 илјади. Почетното салдо од јануари 2016 година на буџетската сметка од Домот изнесувало 597.974 денари за по единаесет месеци да останат само 180.426 денари. Пред заминувањето Атанасова на донаторската сметка оставила само 72.973 денари. И покрај трошењето на овие пари, состојбата во Домот и натаму е иста, а недостатоците не се поправени. Од расходната класификација се гледа дека 43.796 денари се исплатени како репрезентација, а 20.000 денари за објавување огласи во огласникот „Јелоу пејџис“.

Но, финансиски средства за остранување на лошата санитарно-хигиенска и техничка состојба немало. Оваа состојба во Домот „11 Октомври“, со кој 8 години раководеше Атанасова, претставувала потенцијална опасност за појава и ширење заразни болести меѓу децата и персоналот. Сомнежот за недомаќинското и ненаменско трошење на парите што Домот ги добивал од физички и правни лица придонел донациите да се намалуваат, а со тоа да ѝ се нанесе штета на установата.

Некои од донаторите за „Макфакс“ тврдат дека кога изразиле желба да донираат им било кажано тоа да го направат во кеш, со што не сакале да помогнат.
Недоследности имало и со џепарлакот што го добивале штитениците. Домот има правило, кое вели дека доколку некое од децата оштети имот на Домот, треба да му се одзема симболична сума од џепарлакот. „Макфакс“ дојде до информации кои велат дека дневниот џепарлак, кој треба штитениците да го добиваат, им бил неосновано одземан, без тој сметководствено да се оправда за што бил пренаменет. Во Домот имало случај кога за скршено огледало му бил скратен џепарлакот на еден од штитениците, но штетата била наплатена истовремено и од буџетската сметка на Домот.

Директорката Ристена Атанасова тврдела дека не можела да ја санира лошата состојба во Домот поради недостиг на финансиски средства, но од службената сметка плаќала суми од 6.000 до 7.000 илјади денари за телефонски разговори со образложение дека таа е директор, иако ѝ било дозволено само 2.000 денари. Од сметката на Домот „11 Октомври“ таа набавувала и по 5 килограми лешници, ф’стаци и бадеми, без тие да бидат евидентирани во магацинот како што е пропишано за сите набавки.

На фактурите до кои дојде „Макфакс“ може да се види дека Атанасова купувала и часовници од по 6.000 денари, односно за нив исплатила 580 евра, а не се знае каде завршиле тие, односно нема документација за нивната намена. Во сметководствените евиденции е и онаа за телефонски апарат платен од Домот во износ од 45.000 денари, со кој се служела Атанасова. Сметките за јадење и пиење пристигнуваат во Домот и по нејзиното заминување од директорската фотелја. Атанасова за време на зимувањето на штитениците во ски-центрот на Попова Шапка се гоштевала и со бело вино, а на фактурите може да се забележат и други алкохолни пијалаци, како коњак и ракија. Од дописите со туристичките агенции видливо е дека Атанасова додека била на службен пат во Германија и во САД со себе го носела и синот, но допрва се испитува со кои средства е платен билетот.

Осумгодишното раководење на Домот од страна на доскорешната директорка Ристанка Атанасова одело дотаму, па поради недостиг на кадар, чуварот го унапредила во воспитувач, а воспитувачката била задолжена да ги извршува работните задачи како психолог, што е утврдено и во записникот на Министерството за труд и социјална политика, кој е полн со нерегуларности во работата.
Директорката Ристенка Атанасова беше дел и од бомбите на опозицијата, каде што можеше да се чуе како ги врбува штитениците кои станале полнолетни да гласаат за Никола Груевски.

„Еее вака сега министре, прашав еднаш во домот јас нели блиску и живеам. Имаме значи две деца што имаат лична карта на Скопје тие ќе гласаат тука во домот, тоа се Колев Виктор и Елизабета, другите имаме уште 6 дечиња што се полнолетни меѓутоа и они сакаат ако им се плати патот би оделе да гласаат за Груевски буквално така викаат“, вели Атанасова во „бомбата“ објавена од СДСМ.

Атанасова одела дотаму што пред неколку години од работа избркала самохрана мајка со образложение дека била принудена од страна на ВМРО-ДПМНЕ за да се ослободи место за партиски кадар. Истата директорка вработила лице што подоцна завршило во љубовна врска со штитеник на Домот со кого подоцна се венчала.

Работата на Ристенска Атанасова како директор на Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ не била цел на увид во МТСП сè додека на позицијата технички министер не застана Фросина Ременски. Техничката министерка по основ на недоставување извештај за финансиско и материјално работење на Домот, што е законска обврска на директорката, ја разреши од позицијата. Атанасова еден и пол месец по разрешувањето била ангажирана со договор на дело во затворот во Шуто Оризари, но тука се случува уште еден преседан. Иако не била вработена во „11 Октомври“ одреден период, Агенцијата за вработување со цел да нема прекин во стажот, ѝ го продoлжила стажот, а со тоа ѝ биле исплатени и платите со надоместоците.

По толку години на оваа функција, останува прашањето – каде завршувале донациите и дали некој има намера да изврши ревизија на финансиското работење?

Во Домот не знаат со кои средства е изградена ботаничката градина од која останале само оштетен плексиглас и старо железо. Неколку метри подолу, расфрлани камења, фонтана и стари алишта. Искршените детски реквизити асоцираат на хорор-филм од реномиран режисер. Всушност, вака изгледа дворот на Домот за деца без родители „11 Октомври“ – Скопје. Единствено, нова е фасадата на објектот, заедно со спортската сала, која поранешниот премиер Никола Груевски ја пушти во употреба, без да има извршен технички прием. Шестотините илјади евра вложени во оваа сала сега само ги зголемуваат трошоците на Домот бидејќи товарот за режиските давачки паѓа на нивниот грб. Наместо трошоците да се намалуваат, а животот на штитениците да се подобрува, во овој дом сè оди по обратен редослед. Салата која е пуштена во употреба само пред медиумите, никогаш не проработела, па се отвора прашањето дали намерата на поранешната влада била салата да биде издадена под концесија за некој на државен трошок да стопанисува и прави профит?

По осум години директорување, Атанасова повеќе не е на раководната позиција во Домот, а зад неа оставила состојба која итно треба да се санира. Останува отворено прашањето дали Обвинителството по допрен глас ќе отвори истрага против незаконските трошења средства од Домот.
Кога ќе сфатат дека побитно е тие пари што ги фрлаат во донации, еве како завршуваат, подобро е да ги вложат во своевидно тело за активен мониторинг на работата на институциите, иаме доволно наши средства, само да помогнат да се трошат наменски, домаќински.
Не е доста злоупотреба на сопствени средства, државни, и донациите ги крадат, усул да се немало арамиска држава.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.882
Поени од реакции
36.933
Со два збора - за НАТО зелено светло, за ЕУ жалто светло ,но споделуване на искувство во преговорите.
А кога тоа НАТО членството на Македонија било оспорено од страна на Бугарија?
Единствена пречка е спорот со името со Грција.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Извини кое искуство?Дали Бг беше спремна за влез во ЕУ и НАТО или за уши ве бутнаа?И со кое искуство ќе ни помогне најсиромашната членка на ЕУ?
Знаеш, можеш да веруваш на митови и легенди. Бугариja и Романиja не изполнуваха наполно само 1 услов и тоа беше во дел от правосудството,затоа влезнаха и со мониторинг. Стандарт на живот никога не е бил услов. Не знам зашто зборуваш глупости. Сите други глави беха отворени и затворени наполно. Да, колкото и на душата ти да не се бендисва - Бугариja има сериозно изкуство во преговорите со ЕУ за зачленуване.[DOUBLEPOST=1501223949][/DOUBLEPOST]
А кога тоа НАТО членството на Македонија било оспорено од страна на Бугарија?
Единствена пречка е спорот со името со Грција.
Никога не е било спорено, наспроти по бугарско баране уште во Букурешт е запишано,дека РМ нема да чека нов самит,а влегува веднага след решаването на проблема со Грциja.
Подржуването за кое се зборува наверно се има предвид ставане на бугарската дипломациja во функциja и лобиране за РМ. Очекувам тивка дипломациja во спорот за името исто.
[DOUBLEPOST=1501224097][/DOUBLEPOST]
види го мојот втор и трет коментар после, со анализата.
ЕУ “сподели искуство“ ниту вели поддржи, ниту вели нема да блокира (треба да подразбираме?) - значи ништо.
за НАТО вели поддржи (нека ме оправи некој, не се сеќавам дека БГ блокирала во НАТО, начи ништо ново) и плус “во рамките на заклучоците“ заклучоци беа она да се реши спорот со името прво - значи и тука ништо.
Споделуване на искуство е точно подржка, заштото до този момент македонската страна сакаше да користи искуството на Словениja, но видовме до каде стаса со тоа искуство, дури ИПА фондовите не може да усвои,а што ке стане кога влезе во ЕУ и дадат 10 пати повеке фондове?! Со два збора фали както административен капацитет, така и искуство.
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Мислам дека глупаво одиграа со договоров. Димитров и Заев слабо, треба јак трговец да не го излажат...
ниту моментот беше добар, после долга криза и многу ослабени, после 27, неможеше полош момент..
Прва грешка беше дека помпезно најавија по медиуми дека се договра-прифаќа, додека УШТЕ беше во преговори....
Па Заев отиде таму ПРЕД договорот да биде утврден, не отпосле!!!
Па и прифаќање на името “добрососедски“ беше грешка, ако го одбиеш не си за добрососедски...
После гледам не се ценкале добро..
сме платиле многу, од истории, малцинства, заеднички слави, па до пари инфраструктурни проекти патишта пруги, тоа се многу им треба...
а од друга страна во замена за тоа не се исценкале за ништо, ништо, ни јазик-нација не прифатиле (за мене број еден услов за добри сосесди) а ниту пак некакви гаранции дале за неблокирање - “споделиме искуство за ЕУ“ и “поддршка во НАто кај што и не ве блокиравме“...
Глупаво или не тоа е тоа, кажи ми кој е виновен?
Многу лесно е сега да се обвинува, прашање е како дојдовме до тука?
Од независноста до сега, кој колкав придонес дал, еве конкретно за заострување на односите со Бугарија?
Бугарските ставови не се од пред извесно време.
Некој ја гледа сликата од стратешки аспект, така и веројатно делува.

Веќе разговорот преминува во друга тема па слободно означи ме во соодветна за овој муабет тема и таму ке продолжиме. Ете можеш во оваа , ми личи дека е посоодветна .
И таа не е, поентата е дека сме на различна фреквенција, тоа што за тебе е прифативо за мене не е, иако самиот тврдиш дека има цивилизиран начин за решавање на проблемите.
Закон иаме, уште да се применува.

Не е повеќе фамозен;).
И не постои термин Бугарски Македонец. Имаш Бугарин, имаш Македонски Бугарин и уште неколку типови и подтипови на Бугари што всушност ти е едно те исто.
Уште си заинтересиран кој како ке се изјасни околу ова?
Сега од кога повеќе не е фамозен како ти се чини договорот? Можи и се изјасни околу тоа но не забележав . Неко членови тука напишаја дека е супер така да според мене можеме мирно да спиеме. Вака лаички гледано ист или многу сличен договор имаме потпишано и со Грција па што ни фали.
Види вака, лицемерие е во прашање, пример знам доста ликови кои беа активни со овие т.н Македонски Патриотски Здруженија, инаку во блиско сродство со финкционери на ДПМНЕ, на фамилијарно ниво имаат Бугарски пасоши, кој од кого тие луѓе бранеа објасни ми?

Истото и сега, само на едно повисоко ниво, Република Бугарија би требало да испрати официјален допис до Македонскот о Собрание, еден прашалник до сите Народни избраници со Бугарски происход, без разлика на партиска припадност, и тоа јавно, па да го видиме тој уникатен светоглед. Пошто еве бранат национални интереси, само чии е прашање.
Тоа историска паралела ако направиш со Илинденското востание, ти доаѓаат еквивалент на оние кои предвреме го дигнаа истото.

Секој наше чекор напред е уште поголем проаз за нашите соседи, реков дека воопшто не ми се допаѓа договорот, начинот на кој е постигнат и сл, ама од прагматични причини го поддржувам.
Покрај вековна асимилација има Македонци и во Грција и во Бугарија, ќе има уште повеќе ако станеме ЕУ членка.
Под услов да бидеме унитарна земја, членка на ЕУ, во спротивно се паѓа во вода.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
(NATO)Никога не е било спорено, наспроти по бугарско баране уште во Букурешт е запишано,дека РМ нема да чека нов самит,а влегува веднага след решаването на проблема со Грциja.
Подржуването за кое се зборува наверно се има предвид ставане на бугарската дипломациja во функциja и лобиране за РМ.
Значи продолжуваат да не поддржуваат во НАТО - ништо не се менува, ништо не даваат повеќе. ова се заебанција.



Споделуване на искуство е точно подржка, заштото до този момент македонската страна сакаше да користи искуството на Словениja, но видовме до каде стаса со тоа искуство, дури ИПА фондовите не може да усвои,а што ке стане кога влезе во ЕУ и дадат 10 пати повеке фондове?! Со два збора фали както административен капацитет, така и искуство.
Остај тоа колку МК е способна а мината власт вољна да го искористи “искуството за влез“ тоа ама ич не е тема тука.
Ме интересира колку е тоа “искуство за влез“ важно за да биде единствена клаузула за која правиме договор и отстапуваме се и сешто.

Искуство не ни треба, гледаш и други (Сло) нуделе “искуство“ ниту е едниствена земја која може да нуди “искуство“. Искуство не ни е проблемот, проблемот е БГ што прави блокади, по основ на јазик и нација, а тоа не е спомнато. Да не се праивме будали.

Ни треба БГ да не прави блокади, по основ на јазик и нација, а тоа не е спомнато.

Значи и “искуство“ е заебанција. БГ ништо не се обврзува да направи.
 
B

Bafra

Гостин
Судскиот систем во Македонија:
https://www.mkd.mk/makedonija/politika/ohridskiot-sud-pushti-ubiec-od-kraljevo-da-se-brani-od-sloboda-mozhno-e-vekje-da

Умешноста на неговата одбрана, со користење на сите можни судски „кривини“, и „наивноста“ на судиите, доведоа до тоа денеска сторител на свирепо убиство да излезе од затворот во Шутка и најверојатно да си замине во својата земја, со обврска во септември да се врати на закажано судско рочиште..... :tapp:

Фамилијата сега треба на судиите кои ја донеле одлуката нивни член да стават 2 метри под земја.

И шо викаш Let 3 , власта не треба да се меша во корумпираниот судски систем, не треба да ги избрка и затвори 80% од судиите, иако сите знаеме дека имаме сваровско судство, и снимки слушнавме и секојдневно гледаме какви неправедни одлуки се носат.
Најдобро да наградат за досегашниот труд, и плата да им покачат и бенефиции за фамилиите да им дадат. Сепак под притисок работат :sick:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Пошто реално не сакаат да постоиме, па самото наше постоење како независна држава е пораз за нашите соседи, да не правиме муабет како се перцепира наш напредок на било кое поле.
Бугарска делегациja уште во 1913 година инсистира за автономна и независна Македониja,а поголем изполнен сон от обевуването на независноста от 1991 година не можевме и да имаме. Не гледам како македонската независност е во противовес на инересите на РБ?! Наполсно спротивно - немането на заедничка граница мегу Србиja и Грциja винаги е бил наш национален интерес. Затоа и Дачик во Солун изпровоцира и рече - Србиja нема териториални претензии ком Грциja ;)
Договорот мегу РБ и РМ е сериозен удар врз интересите на ГР и СР во регионот, а со тоа и на Русиja. Договорот е во интерес и на САД,Велика Британиja и Германиja, кои имат за цел намалуване на руското влиjaние врз Балканот и спречуване на планот Б4 (мала Jгославиja) на Балканот отново.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Некој ја гледа сликата од стратешки аспект, така и веројатно делува.
Од стратешки аспект ама во недоречености. Во тоа што “се подразбира“ или тоа што усно ветиле (да се надеваме и претпоставуваме) а нема никаде црно на бело.
Во документот никаде не ги гледам тие “стратешки“ добивки.[DOUBLEPOST=1501225461][/DOUBLEPOST]
Бугарска делегациja уште во 1913 година инсистира за автономна и независна Македониja,а поголем изполнен сон от обевуването на независноста от 1991 година не можевме и да имаме. Не гледам како македонската независност е во противовес на инересите на РБ?! Наполсно спротивно - немането на заедничка граница мегу Србиja и Грциja винаги е бил наш национален интерес. Затоа и Дачик во Солун изпровоцира и рече - Србиja нема териториални претензии ком Грциja ;)
Договорот мегу РБ и РМ е сериозен удар врз интересите на ГР и СР во регионот, а со тоа и на Русиja. Договорот е во интерес и на САД,Велика Британиja и Германиja, кои имат за цел намалуване на руското влиjaние врз Балканот и спречуване на планот Б4 (мала Jгославиja) на Балканот отново.
Борисов си прифати и учествуваше на собир со “душманите“ Грција и Србија, на кој дебатираа за Македонија, без Македонија.
Дадоа сите заедничка изјава во која се повторуваат блокирањата и условите за влез во ЕУ/Нато.
Не гледам да одбил состанок без присуство на Македонија.
Ниту гледам да не се согласил со ставовите на Србија и Грција.
(тоа се ПОСЛЕ нацрт-договорот!!!)

Бугарија е дел од проблемот, дел од сопките што ги прави Русија-Грција-Србија,
бг не е дел од решението.
 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Јасно.

После долга гнасна асимилација на етничките Македонци во Северна Грција, Западна Бугарија, нешто помеко во Јужна Србија и Албанскиот дел на Преспа, цела вина е наша што таму после се постојат човечки битија кои креваат два прсти и велат дека се Македонци. Како планираат да убедуваат некој дека биле освободители, кога и денес водат фашизоидна политика, која историја ќе ја менуваат, гледај ја сегашноста.
Точка четири од договорот отвора мостобран за правење токму на суберзивни дејствија врз основ на тие бугарски пасоши, мислиш е случајно тоа што бараат документи и изјави за бугарски происход?
Која друга држава издава на сличен начин државјанства?

Од друга страна, точка пет од истоимениот договор ја угушува секоја можност за било што Македонско на нивна територија, ако останало евентуално после сета таа асимилација.

Покрај сево ова, јас лично го поддржувам договорот, затоа што и ова е изнудено, факт е дека интересите на нашите соседи одат до таму да се ние дезинтегрираме како држава пред да има напредок,Евроатлантска интеграција, меѓународно етаблирање и сл, напишав, нашето постоење го чувствуваат за пораз веројатно, не постои друго објаснување за фашизоидната политика која ја водат кон нас. Политиките и провокациите кои се правеа во последната декада од наша страна, дали беа предмет на договор или не, не знам, но факт е дека беа како нарачани и им одеа во прилог на нивните агенди. И ете до кое дереџе сме.

Така да, не гледам поента во тоа што си напишал, иако си употребил „суштината“.
Романиja, Унгариja....
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Од стратешки аспект ама во недоречености. Во тоа што “се подразбира“ или тоа што усно ветиле (да се надеваме и претпоставуваме) а нема никаде црно на бело.
Во документот никаде не ги гледам тие “стратешки“ добивки.
Стратешко е тоа што се обврзуваат да не ја попречуваат нашата Евроатлантска интеграција, од друга страна ние и формално се откажуваме од Македнското малцинство во Бугарија, кое со точка 5 од истиот договор Бугарија и цела Меѓународна заедница го признава. Може да се бара автентично толкување на истата ;)
Со точка 4 си формираат мостобран да ги капитализираат на политички план бугарските државјанства кај нас, легалистички тоа е двострано, ама во случајот, фактички и не е.
Проблемот е што се свесни дека голем број од тие луѓе не се чувствуваат Бугари па не може да се стават во функција, едино ако одат на уцени за одредени активности, нивна поддршка и сл, па да се зачува државјанството.
Факт е дека ако нашиот Македонски пасош ги достигне горе долу придобивките кои ги имаат со Бугарскиот, постои голема шанса да дојде до масовно откажување од државјаснтвата.
Нашето постоење како независна држава е пораз за нив, секој наш чекор напред го подраблочува тој пораз без разлика на разно разните препки на патот кои ги прават. Неаме водство само, се им е во џеб ставено, посебно на јунанистанците.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Значи продолжуваат да не поддржуваат во НАТО - ништо не се менува, ништо не даваат повеќе. ова се заебанција.
Както кажав - станува прашане за дипломациja и преговори,кое е надвор от продолжуването на поддржуването.

Остај тоа колку МК е способна а мината власт вољна да го искористи “искуството за влез“ тоа ама ич не е тема тука.
Ме интересира колку е тоа “искуство за влез“ важно за да биде единствена клаузула за која правиме договор и отстапуваме се и сешто.
Како да не е тема? РМ сака ли да влезе или не сака? Што усвои како ИПА фондове и што усвои како искуство до този момент? Jaс ке ти кажам - усвои атниквизациjaта,усвои корупциските методи за градене,а пишане на проекти, процедури по ЕУ фондове, создаване на оправувашти органи за фондове и се што друго е надвор от интерес и придобито искуство.

Искуство не ни треба, гледаш и други (Сло) нуделе “искуство“ ниту е едниствена земја која може да нуди “искуство“. Искуство не ни е проблемот, проблемот е БГ што прави блокади, по основ на јазик и нација, а тоа не е спомнато. Да не се праивме будали.

Ни треба БГ да не прави блокади, по основ на јазик и нација, а тоа не е спомнато.

Значи и “искуство“ е заебанција. БГ ништо не се обврзува да направи.
Напротив, искуството ви е сериозен проблем. 2 пати сум бил на проекти во РМ финансирани со пари на ЕУ и знам за што станува проблем. И ако проектите што jaс сум бил и сум управувал за били за ситни пари - около 100 000 евра, но са доволен пример за фаленето на искуство и готов кадар да управува утре со 1 милиарде евра да речем.
Некои луге се уште сакат да живеjaт во минатото и да не гледат иднината. Jaзичниот спор е решен уште 1999 година не знам за какви блокади зборувате...тоа са фикции на луге што немат поим от се и сешто.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Борисов си прифати и учествуваше на собир со “душманите“ Грција и Србија, на кој дебатираа за Македонија, без Македонија.
Дадоа сите заедничка изјава во која се повторуваат блокирањата и условите за влез во ЕУ/Нато.
Не гледам да одбил состанок без присуство на Македонија.
Ниту гледам да не се согласил со ставовите на Србија и Грција.
(тоа се ПОСЛЕ нацрт-договорот!!!)

Бугарија е дел од проблемот, дел од сопките што ги прави Русија-Грција-Србија,
бг не е дел од решението.
Тоа са поредните стравови и неоправдани стравови на поединци. Бугариja e докажала, дека кога станува збор за интерес на РМ е напуштала средбисо СР и ГР. Да не зборуваме дека Бугариja при секо потресуване во РМ застава директо зад териториалната целост и унитарност на државава. Тоа за 2-3 години беше повторено поне 2 пати.
Бугариja никога не е имала интересите на Србиja и Грциja на Балканот. Да се тврди спротивното е повеке от смешно.

Еве ти пресот от Солун. Да чуеме Борисов за што зборува
Зборува за Западен Балкан и средбата во Триест на коja Германиja покани Бугариja. Зборува за тероризам, криминал, стабилност, поврзаност мегу државите.
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Фамилијата сега треба на судиите кои ја донеле одлуката нивни член да стават 2 метри под земја.
Пред тоа со мачење у подрум.

Ова е државата.
Ова се тие корумпирани г***а од судии. Затоа се чудат после како не биле одредувани притвори за мафијашине. Еве вака.
Она што вчера го збореше Цветанов, кој беше претседател на комисија за борба против перење пари, човечки судбини се упропастени непоправливо.
Каков мотив е ова....некој ако ти згазне на нога, иди изрокај го - најди после тоа соодветни луѓе за подмитување и си завршил работа.
Мора да го е**т судијава, стварно ми е жал за луѓево...не знам што да кажам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom