Научна фантастика

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Има многу булшит во ова.
porazlicen bil Kronikl unikaten
Па, е уникатен. Во својот жанр Е уникатен, во време кога баш тој жанр е штанцање истиот филм.
da ne bese Akira ovoj nemase da bide napraven
Ај што не знаеш дали е ова вака или не, како тоа што Akira го инспирирал Chronicle е лошо? Треба да има само по еден филм од секоја тематика? И колку филмови ќе се снимат у историјата? 100?
klise tinejdzeri
Реков дека ликовите се fleshed-out. Тоа значи дека карактерите се комплетни, дека не се еднодимензионални. Сите карактери се клише. Земи анализирај го според тебе најуникатниот карактер и неговите особини ќе ги најдеш во некој друг. Луѓето се плитки репетитивни суштества.

inace, Krull >>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>> LotR
inace, Krull >>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>> LotR
inace, Krull >>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>> LoIR
inace, Krull >>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>> LotR
inace, Krull >>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>> LotR

После оваа изјава све друго што си кажал за филмови е погрешно.
sto mu fali na Krull, najverojatno ne ti e ni gledan...:icon_mrgr: a ako na nekogo ne mu se svigja LotR automatski e komunjar sorosoid ? :icon_mrgr: sekoj ima nekoj film od tie sto se smetaat za najdobri koj ne mu se svigja...
koa go gledam Akira ili GitS, ne me potsekja na nisto pred toa, ali toa ne e edinstvenata pricina zasto se dobri, animacijata, muzikata, itn, itn....Kronikl osven sto e lajv eksn ne mi nudi nisto novo podobro pogolemo, moze e dobar interesen za tepanje vreme ednas da go izgleas ali ne e nisto posebno za da se spomnuva megju najdobri SF....kako sto Battle Royale se odvojuva od slicnite filmovi za razlika od Hunger Games koj dovolno e trejlerot samo da go vidis deka e americki rimejk na BR sve e skroz isto samo bez brutalnosta crniot humor t.e. HG=BR za mali deca

koj crn Alien Covenant dedo Ridli se izgubi skroz prvo vikase nema da ima elieni ke pravel nesto sosema razlicno u 3 prikveli za uste u vtoriot da se vrati na Alien i imeto go smenija uste i go zaeba na Blomkamp mu zabrani da go napravi noviot Alien 3 kako sto na vremeto od Fox go zaebaa Kameron so AvP koa sakal da napravi Alien 5
Alien I Terminator samo 2 dela imaat :coffee:
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
sto mu fali na Krull, najverojatno ne ti e ni gledan...:icon_mrgr: a ako na nekogo ne mu se svigja LotR automatski e komunjar sorosoid ? :icon_mrgr: sekoj ima nekoj film od tie sto se smetaat za najdobri koj ne mu se svigja...
koa go gledam Akira ili GitS, ne me potsekja na nisto pred toa, ali toa ne e edinstvenata pricina zasto se dobri, animacijata, muzikata, itn, itn....Kronikl osven sto e lajv eksn ne mi nudi nisto novo podobro pogolemo, moze e dobar interesen za tepanje vreme ednas da go izgleas ali ne e nisto posebno za da se spomnuva megju najdobri SF....kako sto Battle Royale se odvojuva od slicnite filmovi za razlika od Hunger Games koj dovolno e trejlerot samo da go vidis deka e americki rimejk na BR sve e skroz isto samo bez brutalnosta crniot humor t.e. HG=BR za mali deca
Ајде ќе го занемариме фактот дека ја зборам едно, ти тотално друго продужуваш.
Не збориме тука за свиѓање, збориме за продукциски квалитет на LotR билиони нивоа над Krull. Никој не го спомна Кроникл ко најдобар SF, туку добар SF. Филм не мора да нуди фул комплетно новитети за да биде добар. Live-Action =/= found footage. Кроникл за тоа што е, е поуникатен од гомило суперхеројски филмови денес.
 
D

Daedalus

Гостин
Мене „Chronicle“ ми се свиѓаше али ја не би го сврстил у сај фај тој пошто освен почетокот, немаше никаков сај фај момент у филмот. Се глеа дека е инспириран од „Akira“ и „Akira" е нивоа подобар од овој.
Ама и овој е ок, не мора да се споредуваат. Исто така, има многу слични филмови ко Акира, многу пред тоа. Први слични филмови на тој на кои ми текнуе се „Village of the Damned“ и „Firestarter". Мислам слични колку што е „Chronicle“ сличен.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
„Prometheus“ беше скап филм и беше многу лош. Имаше многу глупости, се гледа дека го јебе инспирација стариов. Влагаат у непозната планета со можност за контаминација од непознат вид, вадат скафандери без гајле, пипкаат работи. Тој биологот што треба да има основни познавања за предатори, морфологија на предатор и можни опасности, фати да ја пипка таа змијата со зубите што го ебеше после. Оваа трча да се пораѓа, мести све тоа, овие ја оставаат, се пораѓа, излага од таму, го остава тоа срањето у операционата машина, никој не иде да провери што се десило, никој не ја ни прашуе ништо, идат кај стариот, ајдее да го правиме бесмртен и да се вратиме назад. Наративот беше супер лош, реалистичноста беше на минимално ниво.
Yep, тотално разочарување, како голем фан на Alien/Aliens ова беше далеку далеку.
 
D

Daedalus

Гостин
Го гледав „Arrival“, не е лош ко за драма со елементи на сај фај. Една 7 ца добива според мене. Имаше некои глупости што ме извадија од такт, али сума сумарум, ако се фокусираме на драмата и „The Day the Earth Stood Still“, поентата што ја вади (со што Американците се добрите момци) и го изоставиме интерстеларскиот „магично го разбирам вашиот јазик и комплексните кодови што ги пуштате бидејќи сите сме едно и сите се разбираме на некој подлабок универзален јазик“ крај, ок е.
 
Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
534
Поени од реакции
1.101
Се подопраил! :D
Сум ги гледал сите од Оутс, штета што немаат повеќе пари, којзнае колку јаки кратки филмови и анимации можат да направат. Блумкамп беше на иама пред некој ден, баш лафеше за оутс:
https://www.reddit.com/r/movies/comments/6n28se/i_am_neill_blomkamp_director_of_chappie_district/

Ејлиенот што се спекулираше дека ќе го режира нема да го биде. Кога сме кај ејлиени, го гледав тоа срањето од Ридли и не ми се верува колку е отепан, лош и предвидлив филмот. Ридли е режисер кој очигледно има увид во сите тија перинеални философски прашања и знае да ги склкопи во наратив на филм, ама ми се чини дека времето серизно го прегазило, и сега е само излапен старец. Првата сцена буквално ме расплака од што беше таков микс на квази софистицираност и ефтин кич. Има некоја перверзна иронија во тоа некој да има така длабоко разбирање на Прометејкиот мит, а истовремено да направи таков килав филм кадешто целата таа идеа е искривоколкчена само за да се вклопи во лошо напишано сценарио за ејлиен фарншизата.
 
Мора да земеш предвид дека тоа е правено за широка публика, со обид да биде блокбастер, исто ко Westworld и други филмови и серии наменети за Митре. Ја не очекуем Вселенска Одисеја од ваков филм. Рачунај дека сите ејлиени до Прометеј, се треш чизи срвајвал хорори и да бидеме искрени, се исто предвидливи (не зборам за комиците, тие се супер со све причата), ако не и повише, само што денес тоа не пали само по себе, ради што, флопна „Life".
Ја сум глеал пуно такви монстер срвајвал сај фај/хорор филмови и сите се базираат на премисата дека имаш куп глупи идиоти што бегаат од предатор и прават глупи одлуки уз пут. Само Саншајн што беше малце поквалитетен од новиве такви.
Ако го скипнеш тој квази филозофски дел за хукање сапиосексуалки, функцијата на Ејлиен е да ми даде огромна доза на тестостерон. Ридли сфатил дека за блокбастер, не е суштината тоа што привлекува, туку формата и визуелната стимулација. Тоа што ја го очекуев од Ејлиен е мрсни акциони сцени и добра музика, и го добив тоа. Ради тоа ги сакам и Пацифик Рим, Трансформерс и ред други.

Иначе на Бломкамп, овие му се кикстартер епизоди за да земе некој денар, само нека прекине со тој „документарка" стил на изведба пошто е напорен.
 
Не си во право за ејлиените, барем не за првите два. Третиот беше лошо направен, иако за чудо е од Финчер, а четвртиот малку забега (ама има изразита темна страна, затоа го обичам). Првиот е крајно револуционерен за свое време, таков хај тек дизајн во филм немало освен во Одисеја. Дури и денес изгледа сосема свежо и футурустички. Сетне, ејлиен е веројатно првиот сај фај филм што ја актуелизира идејата за "футуристичка лоша корпорација вс. кутри работници", концепт што досега го умреа од рециклирање. Елен Рипли е можеби најепичниот женски протагонист воопшто. Синтеички член на екипажот кој е тука да помогне, АИ (мадер/фадер), све се тоа генијални нови идеи што ги донесе ејлиен. Првите два исто се особено добро напраени да немаат дупка во физиката. Навистина најголем дел од филмот е брканица со чудовиштето, ама не е ова како тие хорорите кога ќе регрутраат 2-3 моми во оскудна гардероба да трчаат наоколу и да вриштат. Кога ќе размислам, најверојатно ќе беше подобро ридли така да го направил филмот, зошто највредното нешто во првиот Прометеј беше Шарлиз.
 
Има многу филмови со корпорации/класни општества пред Ејлиен кајшто акцентот е стаен многу повише на тој аспект, глеј ги THX 1138 (на Лукас првиот сај фај), Silent Running, Metropolis, Soylent Green... Концептот на чудовиште од кое бегаш у Ејлиен, е разработен уште у The Thing from Another World и многу други такви (ги има милион), аи ко тема се разработува уште од 50-ти па даље, а пред тоа имаш големи и алхемиски машини што се примордијалното аи, у многу книги и филмови.

Дизајнот е добар у Ејлиен пошо го праеше Моебиус кој беше уметнички гениј, иако дизајнот оригинално бил предвиден за Дината на Ходоровски.
Ридли естетски увек бил мамата со филмовите, ама плотовите не му биле оригинални и дубоки. Има добри хај тек филмови за своето време и пред Одисејата, глеј го Forbidden Planet на пример иако стварно, од тој аспект, Ејлиен е револуционерен.
Ама не ми кажувај дека карактерите у Ејлиен се дубоки. У двојката, тие мороните се ко брача без гача од Шутка, потпун треш, исто ко у Предаторите. Не збориме за Диви Јагоди карактери у такви филмови, а не ни треба. Тоа што треба, се моми што бегаат и умираат на забавни начини. Мене не ми смета тоа да не се разбереме погрешно, ја сакам б рејтед хорори, али Ејлиен не е ништо повише од тоа плот вајс. Единствено нешто што е моќно кај карактерите, е гзот на Сигурни Вивер.

Четворката Ејлиен го има тој болниот шмек на Жан Пјер Жанет, му стојат такви филмови, посебно со црната комедија што си ја убацува, ама не со милион продуценти кои му го лимитираат секој чекор, ради што кидна од Холивуд после тој и си го напраи Амели у Франција.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Каков фејл е Covenant, zzzzzzz.

Како огромен фан на 1-от и 2-та, ова е за мене тотално разочарување. Нити трошка од ужасот и она изолација/нема каде чуство не осетив.

Верувале или не 1-от и 2-та ми се гледани над 30-на пати. Само Терминатор, и Матрикс ми се повеќе репризирани.
 
Член од
14 март 2013
Мислења
2.875
Поени од реакции
8.678
Па и Прометеус беше срање. Ништо не се мери со 1 и 2.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.437
Поени од реакции
5.485
Prometheus уште е и добар, Alien Covenant е тек право ѓубре.
Прометеус барем немаше до толку зацапано во постулатите кој беа поставени од1979год. али Ковенант ја дотепа работата... Филмот комотно може да се прексрсти во David: Covenant затоа што централа фигура во новиов серијал претставува некој си андроид со прегорено струјно коло кој сака да изиграва господ.
Алиените се нус производ на таа фабула... Кој ги ебе, обично оружје во рацете на семоќниот Дејвид кој уништува цели цивилизации.
Алиен ти е флагрантен пример како срање филмови можат да се носат на огормна франшиза. Uwe Boll да го пуштиш да ти направи Alien филм и истиот публиката да го оцени 0 од 10 истиот сепак ќе направи 400мил $ и ќе осигура финансиска исплатливост за продолжение. Е тоа е Холивуд.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom