Кражба на векот беше Пирло кој дојде безпари, беше клучна виолина во средината, и еден од најзаслужните за освоеното скудето после долгогодишна пауза... Таа титула едноставно го потона Милан како клуб едно 5-6 години, иако вака според играчки кадар Милан имаа боље тим од Јуве таа година.
Од друга страна евентуалното заминување на Бонучи од тимот ќе го ослабне Јуве, тоа не го негираме а ќе му даде додаден буст на Милан во одбраната...али Јувентус со или без Лео повторно ќе е прв фаворит за титулата, и е далеку од колапс како тоа што беше случајот со Милан.
Дали ова е одмазда на Милан за сите прошли години што Јуве царуваше низ Италија? Да...со овој трансфер Милан кажува дека се враќа во игра... ова е голем удар за Јувентус, али не и нокаут, има уште многу рунди да се играат, Милан само го зададе првиот удар.
Не, не беше кражба на векот пирло. Требаше тоа време стапалата да му ги лижете на конте што го врати во живот.
Пирло дојде за без пари, да, од тој аспект и те како е кражба....но, на 32/33 години тотално надвор од форма после милијарда повреди, цицаше голема плата и беше доста ризичен трансфер кој на крај претерано многу се исплати.
Не дојде пирло во најдобрите години кај вас. Бонучи (доколку пристигне) ќе дојде во најдобрите години, баш кога е во зенитот на неговата кариера.
И сакале да признаете или не, Бонучи е многу битна алка во јуве последниве 2 години, слободно по 3ти пат ќе кажам мене најмногу ми се допаѓа од сето тоа трио, бидејќи има техника, праи асистенции и шиба голој како да е везњак за разлика од другиве кои можеби се подобри дефанзивно од него, ама нема фајде од нив во останатиот дел од играта...за мене на тотално исто ниво како Барзаљи и Киелини, но, има уште една клучна работа која го прави да биде во предност пред овие другиве двајца... годините... најмлад е од сите. Во оваа фаза кога начукува 30ката , две години да биде помлад е и те како битна ствар.
Се согласувам дека Јуве ќе биде прв фаворит за титула. (иако милан може со уште некое засилување ПРЕМНОГУ ОПАСНО да се приближи).
Но разбирливо е тоа, прва сезона со милион нови играчи, на милан ќе му биде заебано и ќе бидат под притисок. Но ако вака се одвиваат работите и наредното лето, Милан (иако и оваа година) ќе биде на исто ниво како јувентус, негирајте го вие ова до утре ако сакате, фактите се факти.