Струмица

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
Фабрики нема во Струмица? Да те потсетам дека Струмица е еден од најразвиенит градови во Македонија на економски план, а и самиот виде, еве нова ф-ка која ќе вработи 3 000 лица
Образовни институции? Јане Сандански сеуште е една од најдобрите гимназии во Македонија, а и ај баш ѕирни, има некој натпревар (основно или средно) без награда од некое струмичко школо!
Спортски екипи? Струмица 2005 игра во еврокупот, лани беа ШАМПИОНИ на Македонија, не е доволно?
Абе гледам колку далеко гледаш брат со средно гимназија можеш да добиеш работа како лепач на плакати :D

Вo Јане Сандански заврших и имам многу награди земано

бртче факултети не средни школи ( средното ќе е задолжително ) плус фабрики не шивални има разлика од шивална и фабрика да бидеме на јасно

Секоја чест на Струмица 2005 но не е само една година или две и Беласица беше јака но две години .... Стумикс кажа не сакал политика :D

Неможе јас една година да навивам за Струмица Табак друга за Поло Трејд трета за Струмица 2004 после за Струмица 2005

Барем за спорто и екипите од Струмица не ми кажуви

Абе бегајте оште воз немаме :pos2:во 21 век еконимија ќе развиваме во Струмица
 
Член од
8 септември 2007
Мислења
335
Поени од реакции
1
еми шо да прааме ка груевски тегле накај штип, а тии наште бајмаци у парламенто А не се кажале за СТРУМИЦА а ка ќе им заврше мандато пак ќе се врнат тука да живеет
заев не може да донесе ни железничка ни факултет(ак се отворе некој приватен факултет ќе викате ја па е негов па краде пари) туку тва се донесува одлука на ниво на влада на РМ на чие чело е горенаведеното типче глуевски
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Струмица испишува најуспешна транзициска приказна


Во изминативе две години се реализирани 292 проекта за кои се потрошени над 7,6 милиони евра

Мегатрговскиот центар „Глобал“ има корисна површина од над 40.000 квадратни метри во чиј состав се катна гаража за 350 возила и градски пазар

СУЗАНА ТАСЕВА

СТРУМИЦА - Некогаш струмичани со гордост ја пееја песната „Струмица е мало гратче, личи на Лондон, во него има триста чуда, па и Ловен дом”. Денеска оваа песна полека оди во заборав, а Струмица последните две години полека, но сигурно, добива лик на град со сите европски нишани. Многу намерници, кои не ја посетиле во изминативе неколку години, се зачудени од новиот изглед на Струмица. Нивните погледи најпрвин ги задржува петкатниот мегатрговски центар „Глобал“, во центарот на градот, кој е прва таква градба во Македонија со катна гаража за 350 возила, со корисна површина од над 40.000 квадратни метри и Градски пазар на 3.400 квадратни метри. Ова мегаздание, кое чини над 15 милиони евра и е изградено според принципот на јавно и приватно партнерство, треба да биде предадено во употреба на 11 декември годинава, на денот на заштитниците на Струмица. Новата слика на Струмица ја дополнуваат и двата скоро уредени булевари на улиците „Маршал Тито“ и „Ленинова“ со палми, водоскоци и фонтани.


„Градот ни е многу поубав од порано. Убава работа е тоа што се гради. Дај боже така да се гради и на други места. Полека се навикнуваме на новиот лик на градот“, велат повеќе граѓани на Струмица. Дел од нив потенцираат дека сега повеќе треба да се внимава за да не се случи некултурата да го уништи убавото, но и да не се заборави на обезбедувањето услови за подобрување на стандардот на граѓаните преку отворање нови работни места и нови инвестиции.

Токму затоа, покрај убавата слика за надворешниот изглед на градот, не помалку заостануваат и директните инвестиции за развој на стопанството и другата инфраструктура во градот и населените места. Во општината велат дека посветуваат големо внимание на рамномерниот развој на општината. Во двете години од владеењето на локалната власт на чело со градоначалникот Зоран Заев се реализирани вкупно 292 проекта во сите сфери на живеењето, за кои се потрошени над 7,6 милиони евра. Исчистени се стотина километри одводни канали, асфалтирани улици, тротоари, изградени системи за водоснабдување, детски град и спортски игралишта, реновирани се повеќе училишта и објекти од јавен интерес. Од 208-те милиони општински буџетски средства, 160 се за капитални инвестиции.

„Најавите дека градот во оваа и следната година ќе биде нов град и населените места ќе бидат нови според изгледот. Нашата цел до крајот на 2008 година е да немаме отворени прашања од патната инфрастуктура и тогаш можеме да кажеме дека сме достоинствено урбано уредена општина“, велат во локалната самоуправа.


Што ја прави приказната за Струмица успешна?

„Едноставноста во примената на веќе установените методи, подигнати на ниво на европски стандарди ги дава посакуваните резултати. Успехот на општината е во тимот од млади, креативни и исполнителни луѓе, кои сите до еден „се инфицирани” од љубовта кон Струмица и решеноста да остават зад себе значајна, препознатлива трага од своето работење. Најважно од се' е токму поддршката од граѓаните. Лесно е денес да се биде градоначалник на Струмица и да се бележат успеси, кога сите активности се спроведуваат во услови на заемна доверба меѓу локалната самоуправа и граѓаните. Затоа, успехот не е само мој, туку заеднички на сите“, вели градоначалникот Зоран Заев.

Местоположбата и добриот глас што ја бие Струмица се чини дека се магнет за привлекување странски инвестиции. Локалната власт прави се' преку намалување на комуналиите и нудење поволни услови да ги привлече странските инвеститори. Засега во игра се инвестиции тешки 150 милиони евра од грчки, холандски, француски, италијански и шпански инвеститори, кои треба во наредните 5 до 7 години да ги ефектуираат нивните инвестициони планови за изградба на четири фабрики, со отворање на 3.000 нови работни места. Инвестиција од близу 15 милиони евра во Струмичко најавува и австриската фирма “Заубер махер” за собирање, транспортот и складирањето на комуналниот отпад. Според најавите, ќе бидат изградени центри за рециклажа и за селекција на отпадот, а ќе се вработат нови 60 работници.

Во општината потенцираат дека развојот би бил уште поуспешен доколку Владата донесе одлука градежното неизградено земјиште да се додели на управување на општините, како што е случај во повеќе соседни држави.

Потврда за успешното работење на општината е и добиениот сертификат за систем за управување и извршување услуги од надлежност на локалната самоуправа ИСО 9001-2000. Струмица е прва таква општина во државата со ваков сертификат, а четврта на Балканот. Само две општини во Словенија и една во БиХ имаат таков сертификат.


http://utrinski.com.mk
 

Сапун

. . .
Член од
10 јули 2007
Мислења
1.642
Поени од реакции
4
Одлично е уреден градот..улиците,тротоарите, игралиштата посебно .
 

don PASCAL

Tne last Don Protected By the Mafia..
Член од
2 октомври 2007
Мислења
647
Поени од реакции
19
za 5 god STRUMICA ke stane NEW YORK
ke nama grad da ja zameni
a za noknio zivot podobro da ne vi pisuvam
podobro koj saka neka dojde da se uvere
ima so da vide:toe:
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
za 5 god STRUMICA ke stane NEW YORK
ke nama grad da ja zameni
a za noknio zivot podobro da ne vi pisuvam
podobro koj saka neka dojde da se uvere
ima so da vide:toe:
Eee deka deka... posle New York ke ne gone nas, ne nie nego. Dobrejci ke bide Manhatten, a Bosilovo New Jersey, a rakidziskiot most ke se vika [SIZE=-1][FONT=arial,sans-serif]George Washington, a parko Central Park...:pos2::tapp:[/FONT][/SIZE]
 

don PASCAL

Tne last Don Protected By the Mafia..
Член од
2 октомври 2007
Мислења
647
Поени од реакции
19
daj boze da stane taka ka so vikas samo ga zaboravi kulata kak ke se vika ona:toe:
 

KINDER

Манчестеристратор
Член од
28 јануари 2007
Мислења
2.434
Поени од реакции
45
хахаах во филмот во режија на дон паскал и кикусупеман....
СЕПАК......... РЕСПЕКТ...........:salut:
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
Abe се имаме дури и карневал...:):toe:
 

Ајверсон

Confessions*
Член од
4 август 2007
Мислења
3.116
Поени од реакции
5
шо си правате филмови и се заебавате на сметка на Струмица... нема да е Њу јорк ама важно ке заличе на град.
 

Famous Last W

I LoV3 YoU..
Член од
24 август 2007
Мислења
1.515
Поени од реакции
5
Ср залича саа на нешто мн работи се изградиа за помалку од 2 год
 

Th3 Reap3r

Soul On Fire
Член од
24 август 2007
Мислења
378
Поени од реакции
7
Струмица rulzz!! Струмица сега можеби да е најубав град во МК.:music3::)
 

KINDER

Манчестеристратор
Член од
28 јануари 2007
Мислења
2.434
Поени од реакции
45
сега останува да видиме дали ке ја сочуваме убавината...да се види дале сме луѓе или нешто друго...=)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom