Не знам јас за Челзи кои се релевантни, но ти кажав дека највеќе шпекулации барем јас сретнував за Челзи, не само лани, туку и пред два месеци како и во јуни. Не реков дека сигурно сте го сакале, но се зависи и од тренерите кои се на тимовите па од тука и релевантност добиваат и некои што воопшто не биле никогаш за тој клуб како пример први за Толисо беа beiN sports дека почнале контакти со Толисо и како тоа Анчелоти имал телефонски повик со играчот што испадна и точно. Што дури ми беше смешно со објава за телефонски повик чиниш го преслушувале Анчелоти. Еве денеска Лаудиса (жабар) објави дури двегодишна позајмица со опција за откуп за Хамес кое што не ми се веруваше дека така ќе биде, но го објавив сакајќи да потенцирам дека се зголемија шпекулациите за да после саат-два го официјализираат трансферот.
Сакам да ти кажам со доаѓањето на Конте не мора да значи дека тие што биле релевантни во минатото дека пак се знаат и погодуваат тоа кој играч го сакате, преговарате и слично. Па кај нас немаше ниту еден германски медиум што објави за Толисо и Хамес. Преобјавуваа тоа што другите странци објавуваа со знаци прашалници.