Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Па даваше примери во кои земји треба да се продадат филијалите, не значи дека сите држави ги има набројано. Мада на мене не ми смета и да остане непродадена, ако продолжи овој dividend payout.
Ниту негација ниту потврдно да. Сепак другите држави беа јасно потенцирани. Не знам каква им била ситуацијата таму ама овде се лидери на пазарот.
 
Некако гледам тешко ти одат едноставни математики.
Сегашните 227.444 приоритетни акции со номинала 400 денари ќе се конвертираат во 452.400 обични акции со номинална вредност од 201.1
После конверзијата СБ ќе има 17.912.580 обични акции со номинална вредност од 201.1

точно е Тендо тешко ми оди со бројките. Ако некој не разликува што е траен влог, а што е трајна позајмица а што е капитал тиер 1 она горе што си го исекол од нивниот веб тогаш ке вадиш вакви математики а јас ке учам нови работи. п.с Ги заборави и субординираните позајмици и тие беа во капиталот ги вратија лани на сопствениците иако имаше слича иницијатива со години нбг да ги конвертираат сите 32м.

иако ја знаеш вистината и ти и сите други сопственици на приоритетни гледате да се спасите ве разбирам и донекаде ве подржувм иако има факторови елементи во целата работа.

Еве вака ке биде на дневен ред нема да дојде ако дојде нбг јасно ке гласа против. Банката ке се продаде пред сопствениците на приоритетни акции да бидат конвертирани вака или онака. Новиот газда ке даде колку тој мисли ако каматните стапки останат вака исти може и да не се реши да конвертира ке продолжи да си го почитува статутот . А за законите за санација кога ке си дојде време ке си се јави тој што треба.
 
Последно уредено:
ПКБ е добро етаблирана како трговака фирма мн помалце како производствена ако ги исклучиме сувомеснатите што секоја гаража веке ги прави. Најголем проблем е дали да им веруваш на Куртевцки или не со 70+ не им е во прилог акцијата да расте во прилог е нивниот број на акции да растат.[

Се распрашав малку за Пекабеско во меѓувреме.
Ме загрижуваше мене договорот за дистрибуција на цигари, пошо тоа ми го наведе еден пријател како најголем ризик.
Дознав дека имаат важечки договор кој најмалку ќе трае наредните 2-3 години, но и од фирмата увозник на цигарите не гледаат зошто тој договор би се прекинал, кога соработката одлично им оди.
После одличните фундаменти, и некој insight внатре од фирмата, се решив денес да пазарувам и да си ја појачам позицијата во PKB.
 
учеството на странски инвеститори на МСЕ во Јуни бележи пад или е на 0%, како што кажав претходно ова е потврда дека неколку фонда менаџерџиња си играат игрчки дека малце солено ке платат наскаро.

http://www.mse.mk/Repository/UserFiles/File/BILTENI SEND/Bilten 2017 Juni.pdf
 
TNB на 11 куповни, продажни нема:)
 
Се распрашав малку за Пекабеско во меѓувреме.
Ме загрижуваше мене договорот за дистрибуција на цигари, пошо тоа ми го наведе еден пријател како најголем ризик....

пробував да најдам и јас некоја негативна информација.. ама освен што пред некоја година ги спомнаа еднаш само во една афера со некоја бактерија во месото ( тогаш казнија неколку месни комбинати, ама не и пекабеско(имаше муабети поради блискост со тогашната влада)) друго не можам да најдам.. инаку од неколку страни имам слушнато доста позитивни работи.. производството го шират секоја година, добро развиена доставувачка мрежа, доста пари доагаат од цигарите, плус се застапници на некои српски и хрватски брендови тука.. од тие што биле на нивните собранија има добри коментари за односот на газдата спрема малите акционери..
инаку поседувам нивни акции, и имам намера да докупам.. очекувам добар капитален раст секоја година.. дивиденда не очекувам барем усте 3-4 години..
 
Сум соработувал со нив и фирмата е навистина квалитетна. Не сум сигурен колку имаат простор за раст на пазарот за сувомеснати бидејќи кај нас сега се актуелни овие маркети од типот на стокомак/кам и слични што не работат на принципот што им одговара на Пекабеско (работат малку артикли)
 
Читав дека му се закануваат 20 год. затвор.

И покрај тоа, чисто се сомневам дека ќе каже кај се парите.

Туку, како се осеќаат оние кои продадоа на 10.200, пред пресек? :)
 
Јас продадов малце стб на 870 кога стигна 900 не ми беше баш чуството пријатно. нлб не стигнав да купам.

Него има месец дена откако напишав препорака за Окта еве ја од 2450 на 3000денари кој успеа да купи тоа време сега е 20% плус.
 
Јас продадов малце стб на 870 кога стигна 900 не ми беше баш чуството пријатно. нлб не стигнав да купам.

Него има месец дена откако напишав препорака за Окта еве ја од 2450 на 3000денари кој успеа да купи тоа време сега е 20% плус.

Pa ako si kupil Okta I Uni custvoto vo narednite meseci ke ti premine vo euforija :rolleyes:
 
Oкта имам а уни немам. добра еуфорија е 25% за толку кратко време.
 
Зошто ја фаворизирате окта кога и самите велите дека ништо од основниот бизнис не и останал.

Мое мислење е дека окта може да биде новата топлификација.
 
Ај да издвојам една позитивна работа: Од 2006 до 09 јуни 2016 на форумов се испишале вкупно 200 страни со коментари. Од 09 јуни 2016 до 09 јуни 2017 се испишале 140 страни со коментари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom